Кил под истрага за наместени меѓународни натпревари

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
Германскиот Кил, најтрофејниот ракометен клуб во последните години е под истрага за наместени меѓународни натпревари од 2000-та година. Информацијата ја потврди и веднаш свика вонреден состанок во Хамбург, Манфред Вернер, претседателот на германската ракометна федерација.

Според пишувањата на медиумите аферата ја покренал Звонимир Сердарушиќ, хрватскиот тренер коj во Кил мина две децении, најзаслужниот што клубот е на врвот во светскиот ракомет. Општо е познато и дека Сердарушиќ не се раздели пријателски со Кил иако на тимот му донесе 21 титула, 10 во националниот шампионат, 4 во Купот на Германија, титула европски првак, 3 пехари во купот на ЕХФ, три супер куп трофеи.

Раководството на Кил се обвинува за наместени натпревари во европските купови. Бундеслигашките не се спорни.

Еден од мечевите за кои има сомнеж е и германското финале во Лигата на шампионите од 2007-ма меѓу Кил и Флензбург. Натпреварот го судеше полскиот пар, Мирослав Баум, Марек Горалжик. Двајцата се обвинети дека примиле мито.

Интересно е дека покренатата постапка доаѓа од Дитер Матеиш, член на извршниот одбор на бундес лигата и дел од раководството на Рајнекер, клуб кој прераснува во најголем ривал на Кил.

Во центарот на скандалот е и Звонимир Сердарушиќ. Трофејниот хрватски тренер ги демантираше медиумските написи.

Сердарушиќ годинава требаше да биде промовиран во нов тренер на Рајнекар, но тој договор никогаш не беше потпишан. Службено беше објавено дека Сердарушиќ не е подготвен да води голем клуб по двете тешки операции, но претседателот на ракометната германска федерација има поинакво размислување. Вели дека кога од Рајнекар слушнале за наместените мечеви, се запрашале дали го избраа вистинскиот човек за функцијата тренер.

Од Кил се уште нема официјален став за скандалот.


Лично мислење е дека ништо не му можат на кил, ниту за играчки квалитети, ниту пак за "Аферава"...Тимската уиграност која ја створи Звонимир Сердарушич - Нока, даде резултат, и сега демек Нока тренер на Ловен...здравје ќе видиме, има најави дека ако Нока стане тернер на Ловен и Карабатич преминува таму(нему му ја должи кариерата)...А со фактот дека местачката мафија е влезена и во ракометот се сложувам потполно...тргнувајки од Македонската Репрезентација и лига:helou:
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Што уште нема да очекуваме од новинариве ??:jaj:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom