Киднапирање на деца ?

Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.526
Поени од реакции
5.708
Гледам дека нема слична тема, но со оглед на неколку појави последниот месец во Скопје, за кои и полицијата има официјални известувања, се прашувам дали има причина за загрижување?

Почна пред некое време со случај во Кисела Вода, понатаму продолжи со случај во Драчево, а гледам денес има информација за случај во Аеродром.

Има некој проверени информации ?

***
06 Септември 2016
Обид за киднапирање на деца во Кисела вода
Вчера вечерта околу 7 часот во населбата 11 Октомври во Кисела Вода додека си играле деца на возраст од околу 10 години,им пришла кола опел астра караван тегет боја без регистарски таблици во која имало маж и жена и им нуделе играчки на децата со цел да ги привлечат во колата.Во тој момент едно од децата дошло до колата и мажот ( шоферот) пробал да го внесе детето внатре употребувајќи сила.Децата почнале да се дерат и за среќа возачот го оттурнал детето од колата претпоставувајќи во паника и колата избегала во непознат правец.Има информации дека овакви случаеви со истата кола и истите особи патролира во областа на Кисела Вода и пошироко.Апел до родителите да внимаваат на своите деца каде ги пуштаат да си играат и шетаат,бидејќи изгледа некои луѓе не бираат време и место за киднапирање

11 Септември 2016

ОБИД ЗА КИДНАПИРАЊЕ ДЕЦА ВО ДРАЧЕВО
Обид за киднапирање деца и во скопско Драчево? Мајката на едно од децата кое било мета на киднаперите на социјалните мрежи го раскажа случајот и упати апел до родилите да внимаваат на своите најмили. Во петокот нејзиниот син со другарчето после училиште тргнале до пекарата да си купат за јадење, но набрзо се вратиле пребледени и исплашени. Како што кажале децата во близина на обложувалницата ги застанал човек кој имал капа на главата и им нудел пари.

– Ги викал за да ги земат, само им кажал тоа да го направат побрзо. Децата се исплашиле и почнале да трчаат. Син ми кој има девет години забележал дека автомобилот е опел, без таблички. Во колата имало и жена со маска на лицето.Ова се случуваше среде бел ден во 13 часот, пишува мајката.Таа потенцира дека сведок на настанот била и мајката на другото дете која од подалеку и го видела човекот со црно капче, но мислела дека станува збор за познаник на нивното семејство. Мајката веднаш повикала полиција. Заедно со синот случајот го раскажале и на полициска станица. Од МВР потврдија дека во петокот бил евидентиран ваков настан и превземале мерки.


20 Септември, 2016
Нов обид за киднапирање на дете сред бел ден во Скопје
Скопјани на социјалните мрежи шират информации дека низ повеќе населби оперира група од маж и жена кои се обидуваат да киднапираат деца. Во најновиот инцидент една жена е нападната додека го носела детето на лекар. Најпрво жена со црни очила и црна коса и го одвлекувала вниманието со прашања за новите згради, додека пак мажот се обидел да и го грабне детето од количка. Таа врискала и се борела со киднаперите по што тие се откажале и побегнале. Индицентот се случил во близина на облакодерите во Ново Лисиче.

30 Септември, 2016
Обид за киднапирање дете - полицијата го истражува случајот
Непозната жена на возраст околу 60 години вчера попладне се обидела да киднапира две годишно дете во населбата Аеродром. Мајката А.П. (34) пријавила дека додека таа излегувала од супермаркет лоциран во Аеродром, жената се обидела да ѝ го одземе двегодишниот син.
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Сомнителни статуси. На крај ќе заврши исто како онаа приказната за киднапирање во Рамстор. :D
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Aко има некој проблематично дете може да го однесе на некоја од гореспоменатите локации и да го остави малце само со ливче околу врат “СЛОБОДНО ЗА ЗЕМАЊЕ“
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.078
Киднаперите уште се почетници, слабо им оди работата.
Абе ова фората како со постовите што ги праат на фејсбук... замисли си желба, прати киднапер на 10 пријатели и ќе ти се оствари желбата,
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Aко има некој проблематично дете може да го однесе на некоја од гореспоменатите локации и да го остави малце само со ливче околу врат “СЛОБОДНО ЗА ЗЕМАЊЕ“
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.526
Поени од реакции
5.708
Шо знам....

Обид за киднапирање деца и во скопско Драчево? Мајката веднаш повикала полиција. Заедно со синот случајот го раскажале и на полициска станица. Од МВР потврдија дека во петокот бил евидентиран ваков настан и превземале мерки.

***
Мајка пријавила обид за грабнување . Шеесетгодишна непозната жена се обидела да украде двегодишно дете во скопски Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од страна на полициски службеници, веднаш е излезено на местото на настанот, извршен е разговор со пријавителката и преземени се сите потребни мерки и активности за расчистување на настанот.„Првичните индиции не укажуваат на кривично правен настан. Потенцираме дека детето е со својата мајка, а полицијата во најкраток можен рок ќе го расчисти случајот и ќе ја информира јавноста“, информираат од МВР
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Мене ми е ептен сумљиво од две причини:

- На толку обиди, Мистер Бин до сега ќе успееше да киднапира дете
- Мистер Бин да беше, до сега ќе му текнеше да смени друга кола
 

Mercury

ФК Победа
Член од
23 септември 2013
Мислења
1.042
Поени од реакции
485
За поручек ќе ги јадат шо ги киднапираат :)
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.606
Поени од реакции
10.846
Народот нема пари, па посегнува по се.
Во многу фина ситуација не доведоа политиките изминативе 20 и кусур години, така да заслужуваме како народ и полошо.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Некои се зезаат со ова, се додека некое дете стварно не биде киднапирано, па да се крене голема паника. Не викам дека не постојат луѓе на Фејсбук и Твитер што лажат и измислуваат приказни, но сите оние што изреагирале во врска со киднапирањево кажуваат дека ја виделе истата кола и во сите случаи биле маж или жена, па и не би било лошо да се истражува на случајов. Еве конкретно што прочитав вчера, што значи дека веќе било пријавено нешто вакво.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.021
Поени од реакции
20.766
Мене ми е чудно како тоа секогаш среде бел ден пробуваат да ги киднапираат децата во присуство на родителите, а со оглед на времето (секаде пишува ПОПЛАДНЕ, а не навечер) и местата што се спомнуваат (пред трговски центри, маркети и сл), веројатно има раздвиженост и од други луѓе во близина.
Каква е таа храброст на киднаперите да крадат деца на сред бел ден пред толку многу народ?! :toe:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Во 2010 беше црн џип, сега е плав опел.
Во билтените на МВР не наидов на вакви случаи. Плави опели караван, што значи главно тие од пред 2000 година, нешто и ги нема многу низ Скопје. Двајца не можеле да совладаат мајка па 60годишна баба... во најфреквентниот град, на најфреквентни места, случаите те се пријавени те не се пријавени, киднаперите ниеднаш не се опишани (а ситници како марка и тип возило се знаат), пријавите се шират низ социјалните мрежи, претпоставувам ФБ.
Или киднаперите се аматери за среќа, а полицијата нема сајбер и теренски служби или пријавите оставаат сомнеж за нешто друго.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.719
Поени од реакции
15.594
сега секој има мобилен со камера и се слика се 24/7, неможе да нема слика ... јасно е дека некој квази медиуми се бават со фабрикување на вести ...
... а да пријавиш конкретно некој ќе добиеш ти кривична... но ќе има и тоа, како што политичарите и жолтите партиски интернет медиуми во перманентната предизборна кампања се расфрлаат неказнето со разни измислици без основ, а одговорност нема, па ниту за лажна кривична пријава ( може само парично обештетување) , лесно ќе има и лажни кривични против конкретио лица... но мислам дека тоа ќе се санкционира од аспект дека би довело до загушување на полицијата...
 
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
Се обидуваат да пополнат паралелка по албански во Струмица.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom