Кето(гена) диета

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
11.480
Поени од реакции
7.675
Што е кето диета?

- Кето диетата е диета со голем внес на масти, среден внес на протеини и екстремно низок внес на јаглехидрати или во проценти 70 - 25 - 5
На прост начин кажано, функционира така што наместо да ги користи јаглехидратите како извор на енергија, при толку мал внес на истите, телото влегува во процес на кетоза и почнува да ги гори мастите и ги претвара у кетони при што нив ги користи како извор на енергија.




Што треба да се јаде на кето диета? (на листата подолу се намирници кои јас ги користам)

МАСТИ
  • авокадо
  • јаткасти плодови (орев, бразилски орев, лешник, кикирики, бадем, семки од сончоглед)
  • масло од коноп
  • чиа семе
  • маслинки
  • маслиново масло
  • кокосово масло
  • путер (не маргарин)
  • зденка
  • чварки
  • сланина
  • кашкавал
  • сирење
  • кајмак
  • сирен намаз
  • мајонез
  • моцарела
  • кокосово млеко
  • пармезан
  • палмино масло

ПРОТЕИНИ
  • месо (пилешко, свинско, телешко, риба итн.)
  • јајца
  • протеин од сурутка

ЈАГЛЕХИДРАТИ

Зеленчук, и тоа:
  • спањаќ
  • марула
  • краставица
  • модар патлиџан
  • зелена тиква
  • домати
  • зелка
  • брокула
  • пиперки
  • карфиол
и од овошје само :
  • малина
  • боровница
  • јагода
  • капина
  • аронија



Која храна треба да се избегнува?
- Воглавно, намирници богати со јаглехидрати. Заборавете на ориз, компир, тестенини, леб, сокови, алкохол, благо, овошја кои не се спомнати погоре и тн.




Што да се конзумира од течности?
  • вода
  • кафе
  • чај
  • зеро сокови
  • доколку не можете без алкохол, се препорачуваат суво црвено и бело вино, како и чисти алкохоли како што се текила, водка, виски и тн. (во умерени количини)



Предност е губењето на тежината и масното ткиво, меѓутоа кои се недостатоците на оваа диета?
  1. малаксаност, вртоглавица, тежина во стомакот и грлото првите денови од диетата (keto flu)
  2. зголемен холестерол
  3. промена на мирис на здив
  4. не можеш да се напиеш пивце и да си каснеш чоколадо. Ако случајно се излажеш тоа да го направиш, го еба целиот процес.

СОВЕТИ:
  1. Треба да се пие многу вода
  2. Повеќе сол во храната за полесно да ја поминете мачнината првите денови
  3. Заборавете на алкохол
  4. Внимавајте да не претерате со зеленчукот и овошјето, исто така и со јаткастите плодови кои содржат скриени јаглехидрати во себе.
  5. Не претерувајте со внесот на протеини, соодносот треба да е 70% масти - 25% протеини - 5% јх.
  6. Идеално е да ги држите јаглехидратите по 20 грама на ден, тоа е многу тешко, затоа гледајте да не надминете над 50 г на ден.
  7. Не е долгорочна диета, прекинете ја после 3 месеци.


Јас почнувам од денес, планирам да ја терам до средина на јуни или почеток на јули па ќе видиме што ќе излезе од сето тоа. Минатиот пат издржав 1,5 месец и е единствена диета на која сум бил, а на која ми се појавиле стомачните :D
 
Последно уредено:
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.293
Поени од реакции
8.135
Jas koga ke kacam kilaza se vrakjam na "dietava", najbrzi rezultati imam so nea. Vo momentov sum 2.5 meseci lazy keto - ne brojam kalorii, ne brojam jaglehidrati ama od iskustvo (znam skoro se sto koristam kolku grama jaglehidrati ima napamet) znam deka nad 30-40g dnevno ne se sekako, mozebi i pod 20g. So tek na vremeto zbira covek iskustvo i naogja alternativi. Primer:

- Alkohol: cisto viski/vodka e ok vo pogled na jaglehidrati, no tuka kaloriite mozat da bidat problem;
- Pica/Tortilla/itn - premnogu recepti na Internet, jas koristam samo 250g Quark/Skyr, 100g rendan kaskaval i 3 jajca za testo. 25 minuti vo rerna, otkako ke se ispeci ke go pokries so sto sakas (meleno meso, gabi, kaskaval, ako sakas nesto u pica fazon, spanjak i sirenje itn itn itn);
- Namesto cokoladi ima low carb protein bars, moze i cheesecake low carb sam da napravi covek;
- Namesto leb ima low carb leb ili moze sam so brasno od badem.

Ima za skoro se alternativa, problemot e sto e malku poskapo od normalnata ishrana.
 
Член од
14 јануари 2015
Мислења
7.631
Поени од реакции
12.489
Што е кето диета?

- Кето диетата е диета со голем внес на масти, среден внес на протеини и екстремно низок внес на јаглехидрати или во проценти 70 - 25 - 5
На прост начин кажано, функционира така што наместо да ги користи јаглехидратите како извор на енергија, при толку мал внес на истите, телото влегува во процес на кетоза и почнува да ги гори мастите и ги претвара у кетони при што нив ги користи како извор на енергија.




Што треба да се јаде на кето диета? (на листата подолу се намирници кои јас ги користам)

МАСТИ
  • авокадо
  • јаткасти плодови (орев, бразилски орев, лешник, кикирики, бадем, семки од сончоглед)
  • масло од коноп
  • чиа семе
  • маслинки
  • маслиново масло
  • кокосово масло
  • путер (не маргарин)
  • зденка
  • чварки
  • сланина
  • кашкавал
  • сирење
  • кајмак
  • сирен намаз
  • мајонез
  • моцарела
  • кокосово млеко
  • пармезан
  • палмино масло

ПРОТЕИНИ
  • месо (пилешко, свинско, телешко, риба итн.)
  • јајца
  • протеин од сурутка

ЈАГЛЕХИДРАТИ

Зеленчук, и тоа:
  • спањаќ
  • марула
  • краставица
  • модар патлиџан
  • зелена тиква
  • домати
  • зелка
  • брокула
  • пиперки
  • карфиол
и од овошје само :
  • малина
  • боровница
  • јагода
  • капина
  • аронија



Која храна треба да се избегнува?
- Воглавно, намирници богати со јаглехидрати. Заборавете на ориз, компир, тестенини, леб, сокови, алкохол, благо, овошја кои не се спомнати погоре и тн.




Што да се конзумира од течности?
  • вода
  • кафе
  • чај
  • зеро сокови
  • доколку не можете без алкохол, се препорачуваат суво црвено и бело вино, како и чисти алкохоли како што се текила, водка, виски и тн. (во умерени количини)



Предност е губењето на тежината и масното ткиво, меѓутоа кои се недостатоците на оваа диета?
  1. малаксаност, вртоглавица, тежина во стомакот и грлото првите денови од диетата (keto flu)
  2. зголемен холестерол
  3. промена на мирис на здив
  4. не можеш да се напиеш пивце и да си каснеш чоколадо. Ако случајно се излажеш тоа да го направиш, го еба целиот процес.

СОВЕТИ:
  1. Треба да се пие многу вода
  2. Повеќе сол во храната за полесно да ја поминете мачнината првите денови
  3. Заборавете на алкохол
  4. Внимавајте да не претерате со зеленчукот и овошјето, исто така и со јаткастите плодови кои содржат скриени јаглехидрати во себе.
  5. Не претерувајте со внесот на протеини, соодносот треба да е 70% масти - 25% протеини - 5% јх.
  6. Идеално е да ги држите јаглехидратите по 20 грама на ден, тоа е многу тешко, затоа гледајте да не надминете над 50 г на ден.
  7. Не е долгорочна диета, прекинете ја после 3 месеци.


Јас почнувам од денес, планирам да ја терам до средина на јуни или почеток на јули па ќе видиме што ќе излезе од сето тоа. Минатиот пат издржав 1,5 месец и е единствена диета на која сум бил, а на која ми се појавиле стомачните :D
Две работи како дополнување:
  • Внимавајте на протеинот, ако внесеш премногу протеин телото може преку глуконеогенеза да си создаде јх и да те извади од кетоза
  • Внимавајте на млечните производи, содржат лактоза што повторно е јх, така да не треба да ви бидат примарен извор на масти и протеини.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
922
Поени од реакции
1.724
Јас сум била на кето диета пред некоја година, и си функционира :)
Ама за првите денови од алкохол ништо не се препорачува, така јас знам, а после по малку црвено вино. Во другите алкохоли имало шеќер, и во ракија и виски.
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
11.480
Поени од реакции
7.675
Еве уште првиот ден почнаа маките, гадење и главоболка имам моментално, ќе ја прескокнам вечерата денеска.
А имам јадено само шејк сабајле, ручек и малку кикирики попладнето.. на нормална диета сега ќе бев мнооогу, многу гладен :icon_lol:

Заебано, утре мислам дека ќе биде уште потешко.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.166
Поени од реакции
8.848
Алкохол во било која диета кога сакаш да се исчистиш не треба да се конзумира, не знам што токму тоа се нагласува толку.

Инаку не ми се допаѓа, не осеќам некоја потреба да ја пробувам сега, можеби некогаш чисто експериментално ќе ја пробам, којзнае може ќе ме предомисли. Иако сметам дека толку внесување на маснотии не може да е добро и здраво. Но, од неколку луѓе сум видел дека е функционална ама од истите тие гледам дека кога ќе прекинат со диетава многу брзо ги враќаат килограмите што ги изгубиле, па и формата. Дали е до нив или до диетава не знам, ќе кажат поискусните.

Заборавив да додадам, како најголема позитивност мислам дека е највкусна и најмалку досадна во споредба со некои други диети.
 
Последно уредено:

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
9.611
Поени од реакции
11.432
Од прва рака ќе ви кажам информации. Имам пишувано на форумов по темите за исхрана дека терам кето од крајот на октомври 2019.

Почнав со 101 кило, пред 2 недели бев 91. 5 дена во неделата теретана + кардио. Ограничени калории 1700 дневно, поделени претежно на два оброка. Истовремено правев и intermittent fasting. Јадев првпат околу 12 на пладне и гледав последен оброк да ми е до 20:00 вечерта.
Крвна слика правев пред 1 месец. Одлична, со кето тела во урината, но мастите беа некаде на горна граница (очекувано). Шеќерот ми беше на средина.

Сега со глупостиве и со нарушениот ритам на живот (затворени теретани, работа од дома) претпоставувам качив до кај 93. Ова нема везе со диетата и дали сум ја прекинал нагло, туку со зголемениот внес на калории и намалената физичка активност.
Ќе гледам до крајот на неделава да се ставам во ред за да не претерам и да ми пропадне се.

Пишете за какви било прашања, радо би одговорил.
 
Член од
14 јануари 2015
Мислења
7.631
Поени од реакции
12.489
Кај било која лоу карб диета главен проблем е транзицијата на повторна конзумација на јх, контролирањето на инсулинот за да не дојдеш до момент да полудуваш за храна. Првиот пат кога имам држено кето, мислам дека лудував по храна после првиот оброк со јаглехидрати, арно ама изедов хамбургер со помфрит и после тоа уште цела чоколада и дизната ми се отвори како да немам видено храна во живот, па морав да испијам литар и пол вода во пола саат за да се смирам.
Ако транзицијата се прави паметно и постепено (јаглехидрати со низок гликемичен индекс од непроцесирана храна и овошје), нема да имате проблем, плус мој совет зеленчукот да го држите секогаш на високо ниво, нема јаглехидрати, добар е за цревната флора, богат е со минерали и витамини, нема калории, ве држи сити, не дозволува да имате нагли промени во нивото на шеќер во крвта.
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
11.480
Поени од реакции
7.675
Алкохол во било која диета кога сакаш да се исчистиш не треба да се конзумира, не знам што токму тоа се нагласува толку.
Пошто македончето сака да си пивне у секоја прилика ;)
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.572
Поени од реакции
5.034
Дали препорачувате примена на протеин од сурутка во рамки на кето диетата?
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
11.480
Поени од реакции
7.675
Се извинувам, убаво си пишувало во воведниот пост.
На сабајле си правам шејк со кравјо млеко, бадемово млеко, лешници, протеин од сурутка чоколаден, чиа семе, кокосово масло и замрзнати малина и аронија. Се јаде некако, иако се осеќа мрсното од кокосовото масло, ама мислам дека ако не е протеинот, ќе биде една тешка бљувотина :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom