- Член од
- 6 март 2007
- Мислења
- 2.301
- Поени од реакции
- 1.580
А ти као си исфрустриран што не си завршил факултет, па сега ти смета некој што си го цени знаењето?Ах тие нереални младешки соништа.И што кур ако дипломираш на електро?! Знаеш ли колку пред тебе имаат дипломирано,а колку после тебе ќе дипломираат? Ти ако сакаш до 29 години да го имаш тоа,напушти електро и почни да правиш пари! Курац дека дипломата ти гарантира нешто.Диплома ти е да си мериш кур со некој како тебе безнадежен сонувач на колку и бродови.
Детево ќе заврши на електро и ајде да се договориме некако да му купиме брод ама пред да напуни 29 години.
Правите пари не ги носи образованието... И добредојде во суривиов свет.
Точно дека секакви има што завршуваат факултет, некои дипломата ја плаќаат, некои завршуваат колку да имаат диплома а немаат визија за својата иднина, ама некои го запотиле газот за да ја земат, односно научиле и повеќе од доволното, што значи дека имаат знаење.
Бидејки со дипломата која ја добиле од високо образовна институција призната во многу земји од светот се докажале дека имаат знаење и умствен потенцијал да учат тешки односно високо образовни, сложени, креативни, исцрпувачки работи тоа значи дека работодавецот од старт треба таа личност да ја смета за попаметна од онаа која не ги изучувала тие предмети, не дека таа личност не може да ги изучи,односно дека е глупа, него затоа што едноставно не ги изучила и нема доказ дека има потенцијал, попаметен ум и повисоко знаење од овој кој дипломирал.
Не треба да се претерува од страна на високообразованата личност, значи да не се преценува, со некои високи стартни цифри на примања но сепак, треба од старт да се мотивира најмногу со платата,барем нијанса над просекот на платите во државата да биде, бидејки ке работи работа за која е потребно високо образование, пропорционално на тоа висината на платата треба да биде соодветна на работата која ја врши работникот и со тоа работодавецот ке може да извади максимум од интелигентното размислување и работење на нововработениот високообразован кадар, бидејки тој како мотивиран ке сака да придонесе со своето знаење, за да го подобри или зголеми обемот на работење, а тоа е целта на секој газда.
Задоволниот работник е најпродуктивен работник.
Ако на пример кај нас е просек 300 евра плата, тогаш стартната плата на високообразованиот кадар би требала да биде минимум 400 евра, со можност за напредување.
А за еден работодавец кој вработува 200 луѓе и кој прави голем обрт, не е проблем да даде 100 евра повисока плата од нормалната. Со тие 100 евра добива максимално продуктивен и задоволен кадар кој треба да ја води компанијата и да извршува сложена работа и да биде заслужен за постигнатиот напредок во целокупното работење на компанијата, што значи поголеми приходи за газдата. Како викаат старите фрли крапче фати сомче.
Неможе некој што поместува кутии на лента да зима иста плата со некој кој проектира, истражува, анализира ,менаџира, некој кој е главен заслужник за прогресот во работењето на компанијата , или пак некој кој во иднина ке биде заслужен за такво нешто. Умствената работа секогаш е повредна од физичката и затоа треба повеќе да се плати.
Оној кој има ум односно знаење, може да работи и физичка работа, ама оној кој нема како ке работи умствена работа?
Еве сега јас на пример пред неколку месеци дипломирав на Машински. Знаете во колку фирми аплицирав за да почнам да работам? Ја тргам на страна вистината што ја пишав погоре, бидејки вистината во реалноста ја нема, за тоа дека треба мене повеќе да ме цени работодавецот, и прифаќам да почнам да работам како практикант за да тој работодавец види дека јас знам нешто што вреди тој да го плати, и пак не успева. Преку 30 CVија пратив во рок од 4 месеци и знаеш само кои ми одговорија? - Оние од велнес што презентираат хербалајф производи бидејки на нив млм системот им е таков, што повеќе членови има повеќе приходи за раководителите.Пирамидална организација е тоа.
Никој не сака да вработи висок кадар, а воедно да лично да не се познава со работодавецот, или пак да нема некакви врски. И сега јас сум приморан да се глупирам, да паднам на ниско ниво,фаќањето врски јас ги сметам за лична навреда, не сум сакат ниту глуп за да молам некој да ме вработи. Имам знаење, имам одлични идеи, за кои главен причинител е факултетот кој го завршив, сакам да ги остварам, сакам да придонесам во некоја фирма, ама ете не можам, бидејки едноставно зошто некој кој не ме познава не сака да ми даде на мене инженерска плата затоа што таа плата може на некој свој близок да му ја даде.
Сега ке работам во Младинска книга,фирма која нема никаква допирна точка со мојата струка и она што јас сакам да го работам но барем таму реално ми кажуваат кои ми се можностите,можам да напредувам, ми одговара процентот, не молам никого да ми исплати, колку ке заработам толку ке си добијам плата која се исплаќа во еден ден од месецот и редовно ја исплаќаат. Крај на приказната.
Ако понатаму дојдам до некој капитал ке гледам да си отворам своја фирма според својата струка за да не се заебавам со работодавци кои не ми го вреднуваат знаењето, а и сигурно ке зимам поголема плата од онаа која работодавците би ми ја понудиле.
Државата може уште 100 реклами да си прави за младите да студираат технички факултети, дека тие се барани, дека така ке го подобриме стандардот на државата бла бла и пак нема да бидат тие реклами продуктивни. Најреално рекламите треба да не учат како да си фаќаме врски и да се снаоѓаме на незаконски начин да стекнуваме пари бидејки мора од нешто да се живее, а кога од ферштина не може, тогаш ке мора да пробаме со неферштина. Едно мора да се избере. Па после ке излагаат криминалци,затајувачи на даноци, шверцери и сл. па како да не излегуваат, што друго да прават тие освен да шверцаат нешто, мора и тие да живеат некако, да имаат од некаде пари за удобен живот.
--- надополнето: 14 јуни 2012 во 01:57 ---
Поднесов пред некој ден, па ке видиме што ке испадне од тоа.Za site koi ste zainteresirani Kemet ima objaveno konkurs na najdirabota,ke primaat elektrotehničari i inžineri,konkursot trae do 20 juni. Pa so sreka.