Кежуал движењето во Македонија

Дискусија во форумот 'Навивачки групи' започната од Комита Ултрас, 20 септември 2011.

  1. Комита Ултрас

    Комита Ултрас Ултрас Модератор

    Член од:
    4 јуни 2009
    Мислења:
    8.310
    Допаѓања:
    12.535
    Во очите на новините , типичниот тинејџерски навивач е сеуште „простак“ во излижани фармерки, прљава јакна и тело полно со белеци. Или е психопатски скинхед со големи чизми и без памет. Меѓутоа овие сега се тотално променети. Мораш да се однесуваш примерно за да одиш на утакмици, затоа што сите останати се такви. Ако си отиден да изиграваш проститутка тогаш би те исмејувале сите - кажува Лука Милингтон ватрен навивач на Тотенхем. Тој е исто така кежуалец кој не оди само на фудбалски утакмици туку оди до тоа ниво да се увери дека изгледа удобно за таа прилика. Да изгледаш удобно тоа значи се на се - ознаки кои покажуваат колку си потрошил на тоа да изгледаш како кежуал - со познати марки на спортски облеки кои знаат да чинат и до 200 фунти, или ако тоа го пресметаме во година 1983 отприлика би било околку 2 месечни плати.

    Трендот мораше да се прати назад неколку години од кога Адидас спортските патики и дождливите маици со капа, почнаа да преминуваат на атлетските патеки до фудбалските игралишта т.е локацијата на трибината. Беа елегантни предмети за „момците“ кои мораа да стојат на отворено и кога можеби некогаш морале да трчат од или до противничките навивачи. Но од тогаш тоа се ескалирало дека Адидас, строго ексклузивната спортска марка настанала заштитен знак на фудбалските навивачи кои знаат да одберат моден тренд.
    Повеќето фудбалски насилства во тоа време биле помеѓу малолетниците, нивните групи, ги одвојувале често проблематичните „дечињата“ како West Ham Inter City Firm, Leeds "Service Crew" i Portsmouth 6,57 Crew, во возовите за време на патувањето кога се идело на гостувања , најчесто за да ја избегнат полицијата која стално ги прати навивачите. Овие екипи ќе се степаат и против екипа со кој нивниот клуб воопшто и не игра, а често ги знаат и членовите на другите екипи по име и репутација. Но за повеќето навивачи фудбалското насилство е само нешто во кое се чита по весниците, а нивната облека станува уште поважна во навивачка смисла.

    Тешко е да се каже кој клубски навивачи први ја почнале оваа култура. На страниците на "The Face", младински магазин, кој прв почнал да го прати овој изглед на навивачите, може да се пронајде статии околу тоа која „екипа“ е најдобра и каде е тој начин на облекување за фудбал во стварност започнал. Судејки по тоа , Ливерпул или Лондон се местата на кои би требало да се бараат најјаките и најстарите трендови во облекувањето за фудбалските натпревари.
    Во 1981 Ливерпул играше против Реал Мадрид во финалето на Европскиот куп, во Паркот на Принцовите во Париз. „Pariz Soir“ пишуваше со потсмев за навивачите на Ливерпул. Тие беа пијани , но не се степаа со никој. Тие пазаруваа по продавниците, најчесто бараа спортска опрема , t-shirt маици и тренерки, поточно бараа Најк спортска облека, Ла Косте маици со видност на „крокодилот“ напред, Sergio Tacchini, и тренерки со амблемот со кој John МcEnro ги преплави телевизиските екрани после освојувањето на Вимболдон. Кај нас кежуалци и речиси да нема, најбројни се во навивачката група Комити Скопје каде што беше едно време истакнаато и знамето Skopje City Casuals. Оваа екипа имаше доста интересни случки дури и со англичани каде што најечесто победувале...
    [​IMG]

    Прв пат со појавата на мод-момците , во текот на шеесетите момци кои претежно припаѓале на работнички фамилии обожавале да носат нешто маркирано. За нив ноќните клубови и стадионите беа единствените места каде што можеа да прошетаат со таа облека.
    Во текот на осумдессетите во Англија се роди поимот фудбалски кежуалци (Football Casuals)кој е настанат од модата на скинхедсите. Покрај редовната обека што ја носеа скнхедсите: Харингтон-(Harпington), Фред Пери-(Fred Perry), Џон Вуд –(Jon Wood), Бен Шерман-(Ben Sherman), Лонсдејл-(Lonsdale), Др.Мартинс-(Dr.Martens), на англиските улици, пабови, стадиони масовно почнаа да се појавуваат момци во Питер сторм-(Peter Storm) јакни, Прингл- (Pringle) ролки, Ла кост-(La Coste) маици, Бурбери-(Burberry) шалови...

    Било престиж да се има на себе скапа маркирана маица, јакна или шал. Во тоа време немало, бидејќи во тоа време не постоеле многу продавници кои продавале таква роба. Тинејџерите можеле да си дозволат Левис фармерки кои ги купувале во Теско продавниците и се наоѓало некоја пара за тениски маици: Фила-(Fila), Ла кост-(LA coste), Серхио Тачини-(Sergio Tacchini), Хед-(Head) кои беа обележје на првите кежуалци. Во тоа време облеката на островот стигнуваше од странство. Британските клубови владееја со Европа, а навивачите ја користеа секоја можност да да отидат надвор и да купат облека. Скоусерс, фановите на Ливерпул-Четворострукиот првак на Европа поминувале и по една недела во Италија и Франција кога играл таму нивниот тим. И купувале по продавниците за спортска облека,бутици. Дома се враќале со полни торби: Шлазангер-(Slazxanger), Елесе-(Ellese)), Kaпа-( Kappa), Најк-(Nike), Лојс-(Loise), Aноракс-(Anoraks), и други марки.

    Доста битна работа беа и патиките адидас модел самба и диадора борг елит модел.
    Во крајот на осумдесетите Кежуал еуфоријата се стишува па седум до осум години подоцна да биде преокупација на навивачите.
    Ла кост-(La coste) и Бурбери-(Burberry) се единствените марки кои и по дваесет години ја задржаа својата популарност. Времињата се менувале така и модата . Голф јакните и поло маиците Ралф Лорен станаа неизбежни предмети.
    Прв пат се случувале копиљаци од 16-17 години да издвојуваат и по 150 фунти за еден џемпер или патики. Моментално број еден е Стоун Ајленд-(Stone Island). Доста впечатлива марка поради знакот( како компас-сличен со знакот на нато)кој е со копчиња прикачен на левиот ракав на јакната, дуксер или џемпер. Кон крајот на осумдесетите прв пат се појавија во Британија на стадионите во англија ја донесоа препродавачи, краци.Кога стигна во Лондон Стоун Ајленд чинеше 200 фунти!!!

    Кон крајот на деведесетите полицијата ја воочи врската помеѓу маркирана обелека и хулганите. Воочија дека не мораат да внимаваат на некој кој урла на стадионот сите 90 минути облечен во дрес и клупски шал, него и на фино облечени момци по пабовите и околу стадионите кои во поголем број имаат забрана за одење на натпревари. Дека повеќето екипи се имаат соживеано со популарните марки говори и фактот дека секоја екипа има свој беџ “Stone Island” на турнеја со испишано име на клубот или визит карти со Бурбери шара на која пишува - Tукушто добивте ќотек од подмладокот на Астон Вила.

    Cardif city Soul Crew моменаталнно е една од водечките екипи на островот. На денот на натпреварот во одредени пабови во главниот град на Велс забрането е влегување облечени во Стоун Ајленд јакни, додека во Портсмут доволно е да ја тргнете етикетата од ракавот.
    Исто како и Хакет(Hackett) така и Стоун Ајленд-(Stone Island) поради навивачите беше принуден да го промени своето долгогодишно лого. Најновите модели наместо препознатливиот беџ сега има незабележлив знак на градите.

    Најсвеж пример се по кој се дигна фама на хулиганите облечени по најновата мода се почна неколку саати пред квалификациониот натпревар помеѓу Англија и Турција одиграна во Сандерленд кога се испотепаа елипите на Сандерленд и Њу касл. Два паба се тотално уништени, а еден навивач е во критична состојба пренесен во болница. Кога полицијата дојде да ги раздвои конфронтираните странни настана општ хаос. Преку двестотини кежуалци се здружија против нив. Војната траеше речиси цел саат. Летеа шишиња,столици, цигли... Никаде ги немаше Турците се се случуваше помеу полицијата и хулиганите.

    Неколку саати пред ова група Турци се нападнати во центарот на градот и кога полицијата уапси еден од напаѓачите тој беше бесен: Jас сум навивач на Арсенал , овие гомна ми го прободеа пријателот со нож пред двe години! Исто така и еден новинар доби ќотек пред Мекдоналдс. Во текот на целиот меч Турските навивачи беа гаѓани со се и сешто, општа лудница настана кога Aнглија поведе со 1-0. Преку педесет навивачи влетаа во теренот да ја споделат радоста со играчите. Повеќето имаа Стоун Ајленд-(Stone Island) јакни и Бурбери-(Burberry) или Акваскутум-(Aquascutum) капи. Полицијата тој ден уапси стопет хулигани.
    Полицијата на Англиските стадиони денеска посебно внимава на маркиараните нaвивачи, затоа што испаѓа дека тие се предизвикувачи на нереди. Нормално не се сите облечени во Прада-(Prada), Акваскутум-(Aquascutum), Паул и Шарк-(Paul &Shark), Долче и Габана-(Dolce and Gabanа), затоа што факт е дека не може секој да издвои 500 фунти за комплетира гардероба, има и такви кои се носат во Фред Пери-(Fred Perry), Бен Шерман-(Ben Sherman), Лонсдејл-(Lonsdale), во суштина тоа е тоа , но неспоредливо поефтино!

    Фудбалските фаниви ширум европа со децении се огледуваа на англиските навивачи,така да и модната еуфорија брзо се ширела. Кај нас не се знае многу за тоа модно лудило но мора да се признае се е поголем бројот на оние кои ги пратат случувањата на островот. Навивачите на Војводина направја неколку знамиња и дуксери со Бурбери шара и Стоун Ајленд знакот: Некој од нив носат Ла кост маици и Томи Хилфигер кошули и јакни , а се појавија ии првите карирани качкети . На натпреварите на Партизан исто така приметени се некои карирани капи и шалови.

    Навивачите на Sвезда ги користат врските со странство и се снабдуваат со облека а нивната прва кежуал екипа ја сочнуваат гастрбајтери кои ги пратат случувањата во Британнија.


    Еве сега и една вистинска приказна па подобро ќе сфатите се надевам :)

    Април 2002,Чарлтон-Саутемптон. Седев со моите Англиски пријатели во еден паб недалеку од Гринвич.Тој дел во главно навива за Чарлтон Атлетик. Два часа пред натпреварот му заsвони телефонот на Наил.”Тишина момци” извика Наил. Сите заќутеа и внимателно слушаа што воџата зборува. Океј,колку ве има? Каде сте? Станицата Мејз Хил? Таму сме за десет минути...”Наил го заврши разговорот и потоа им се обрати на останатите момци:”Не повикаа Светците тие се деветнаесет не се наоружани и не чекаат! Нека се издвојат исто толку луѓе кои ќе дoјдат, ќе има тепачка! Мене цело време не ми се веруваше.

    Тој ладно зборуваше на својот телефон со навивачите на Саутемптон и договори тепачка недалеку од пабот во кој што се наоѓавме. Јас бев дваесеттиот,како што ми рече тој ако не сакам да учествувам никој не ме тера ,а ако нешто тргне наопаку мене никој нема да ме пипа затоа што на себе немам (кежуал облека). Тие беа деветнаесет и јас дваесет како набљудувач,тргнавме накај станицата Мејз Хил две улици подоле од пабот. На никој не му падна на памет да земе шише или палка затоа што договорот беше “ на раце”. Помислив - тие тоа го почитуваат..кај нас едната старна сигурно би мамела.

    Стигнавме на договореното место. Дваесет метри пред нас стоеше групата на навивачите на Саутемптон спремна за тепачка помеѓу Чарлтон. Без зборови се залетаа едни кон други...бам,бам, се делат тупаници, нозе. И тоа трае неполни две минути кога некој улетува на местото и извикува:”Бегај те! Полиција!”, и сите се разбегаа едните на едната страна другите на другата страна. Неверојатно! На станицата освен двете групи кои се тепаа имаше и обични луѓе кои чекаа воз како ништо да не се случило. А мене ми беа уште по нејасни четворицата навивачи на Саутемптон во црвено-бели дресови кои цело време посматраа од страна. На нив никој не им обрна внимание затоа што беа обични навивачи облечени во клубските бои,кои по правло никој не ги закача!

    А како тогаш беа облечени хулиганите или како пак да ги наречам да би ги разликувал од другите навивачи? Никој немаше никаква ознака од едниот или другиот клуб:Евентуално на крагњата на кошулата или на капите стоеше мал беџ и тоа е се.Во еден момент кога се измешаа не знаев кој е кој. Тие носеа поло маици,карирани качкети, кошули, фармерки и претежно патики. Кога малку подобро се загледав видов дека секој има облека во вредност од неколку стотина фунти.

    На мене носам Стоун Ајленд-(Stone Island) џемпер кој чини 200 фунти, под џемперот имам маица Хенри лојд-(Henri Lloyd) неа ја платив 40 фунти, фармерките ми се Армани, патиките Ла кост-(La Coste), а капата ми е Акваскутум-(Аquascutum). Тој ме чинеше 30 фунти ми објасни Наил.
    Јас до тогаш за ова сум читал по фанзини и слушав од муабети со моите англиски пријатели. На европското првенство во Белгија 2000 видов голем број на Англиски навивачи во облека која не ми беше позната колку што е на островот.

    После нередите што ги направија со Германците во Шарлоа и со муслиманското население во Брисел, англиската марка Хакет(Hackett) беше принудена да го смени своето лого на маиците и дуксерите, односно да го симне големиот натпис од нив затоа што повекето од луѓето што беа вклучени во нередите ја имаа таа облека.

    Сето тоа го знаев, само ми беше малку збунувачки. Да се дава толку пари на облека кога може многу лесно да биде упропастена, скината во тепачка со противничките навивачи. Кога се врткав по пабот забележав педесетина навивачи на Чарлтон кои пиеја и имаа на себе маркирана облека . Сето тоа беа марки кои не беа познати или пак толку популарни: Бурбери-(burberry), ХенриЛојд-(Henri Lloyd), -Акваскутум-(aquascuum), Стоун Ајленд-(Stone Island), Евису-(Evisu), Пол и Шарк-(Paul&Shark), Пол Смит-(Paul Smith)….
     
    На DejV', dobramuzika, Rossonero95 и уште 18 други им се допаѓа ова.
  2. GreenRoot

    GreenRoot ^Зелен^

    Член од:
    20 јули 2011
    Мислења:
    2.258
    Допаѓања:
    1.626
    Нешо подолго да оптегнеше.Стварно многу е долго инаку во квалитетот на текстот не се сомневам
     
  3. Комита Ултрас

    Комита Ултрас Ултрас Модератор

    Член од:
    4 јуни 2009
    Мислења:
    8.310
    Допаѓања:
    12.535
    Јебига кога се објаснува се објаснува не сакам никој да остане збунет и пола сватил пола не :D Ако некој го мрзи да чита нека прочита од болдот надоле, само приказната ќе свати ваљда....
     
  4. RedStarFan

    RedStarFan

    Член од:
    12 декември 2010
    Мислења:
    4.342
    Допаѓања:
    3.748
    Цел текст го прочитав, и заклучив дека си шетан човек :D
     
  5. C-13

    C-13 Лудо маало

    Член од:
    7 декември 2010
    Мислења:
    260
    Допаѓања:
    60
    Да не мислиш шекнат човек??? :D :D :D шала на страна,алал да ти е како не те мрзело :)
     
  6. Torchyrus

    Torchyrus

    Член од:
    15 јануари 2011
    Мислења:
    2.738
    Допаѓања:
    2.762
    Кога ја отворив темава ми изгледаше малце преголема за да ја читам цела па затоа го прочитав тоа после болдот , а вечер кога ќе си дојдам од школо ќе ја прочитам цела приказна .
    Сепак браво за тебе , а интересно доживување ти е ова :) .
     
  7. TheTrooper

    TheTrooper Психијатриски случај

    Член од:
    27 април 2009
    Мислења:
    5.754
    Допаѓања:
    4.483
    Ова е од форумот на Комити ако добро памтам ;):D
    Иначе стварно добар текст,но баш за кежуал движењето во Македонија и нема нешто и да се каже,а нема ни многу во текстот...................
     
  8. RedStarFan

    RedStarFan

    Член од:
    12 декември 2010
    Мислења:
    4.342
    Допаѓања:
    3.748
    Изглеа немав попаметна работа :D
     
  9. сашенко

    сашенко Гостин

    Боље кратко а опасно воведче во темата и после едно по едно да ги споделуваш тие сите податоци отколку вака.Ке прочитам све и ке знам шо е работата.Вака на по малце во мали дози низ дискусија многу е подобро.Ама ај ке го дочитам..
     
  10. Мартин`

    Мартин` Гостин

    Го прочитав целиот текст во еден здив и браво за темава (y)

    Инаку носат оти може да си го дозволат тоа, за нив тие 200-300 фунти и не се толку голем проблем да ги дадат за да го запазат својот имиџ (стил на облекување). Нашиве и да сакаат ретко кој ќе може да го дозволи тоа, инаку првпат слушнав за некои марки но во глобала сите се добри ..
     
  11. Комита Ултрас

    Комита Ултрас Ултрас Модератор

    Член од:
    4 јуни 2009
    Мислења:
    8.310
    Допаѓања:
    12.535
    Точно така текстот беше преведен од моја страна пред долго време, а приказната е од еден дечко не е моја, сум заборавил да напишам. :) Иначе 200-300 фунти во ова време кај нас ретко кој може да си ги дозволи, затоа не се облакаат како кежуалци и при тепачка изгледаат како ултраси и затоа уствари нас не нарекуваа хулигани :D. А, и ова повеќе ми е претеризам 300 фунти за облека која се кине, башка ја идам за клубот а не за да изгледам убаво не сум манекен па мода да терам...
     
  12. Дамјан_Amstaff

    Дамјан_Amstaff Гостин

    Во Пол и Шарк фармерки 250 евра , џемпер 400 евра , јакна 1000 евра , маиците над 150 евра...сето ова да изгледам убаво во тепачка ? Ма не вреди...

    Иначе интересен текст.
     
    На Комита Ултрас му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Djiger

    Djiger

    Член од:
    2 март 2005
    Мислења:
    291
    Допаѓања:
    149
    Не вреди за тебе зашто не си ја сватил целата приказна. Туку знамево на сликава да не им фали случајно на момците. :):):)
     
    На Комита Ултрас му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ВардарскиМКД

    ВардарскиМКД

    Член од:
    3 ноември 2009
    Мислења:
    1.376
    Допаѓања:
    2.557
    Не е тоа кој поубаво ќе изгледа во тепачка. Англиските кежуалци почнале да се облакаат така од проста причина да не бидат замарани од полицијата. Во тоа време кога почнувале, џандариве сигурно дека ќе претресуваат навивачи кои имаат на себе обележја од клубот, одколку момци кои на себе носат ЛаКоста, Фред Пери, и останати марки кои вредат многу. Тоа им било еден вид маска за пред џандарите. Така се облакале, и се облакаат оние хулигани од различни фирми, затоа и во текстот беше спомнато, обични навивачи на Саутемптон, со клубски обележја не биле чепнати, затоа што се обични навивачи/фанови.
     
  15. Рудници и

    Рудници и ООЗТ Рудници и железарница - Скопје

    Член од:
    9 декември 2009
    Мислења:
    11.179
    Допаѓања:
    16.135
    Е ова најмногу го сфатив како некоја поента од целиов текст.Ваљда во Серџо Такини тераш на модна недела ,а не на стадион :confused: Ама ок ,англиска традиција нивна работа.
     

Сподели преку: