Квиз за Бугарите, прашања и одговори!

Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
3. Нема творба на Вазов (и тој напишал многу) во кој Македонците не се Бугари. Самиот е по род од Егејска Македонија. За него Македонците се Бугари.
4. Не е важно што е поблиску и подалеку, што е позитивно и што е негативно. Секој народ има позитивни и негативни особини, вклучувајќи го и бугарскиот.
5. Зборува за народи, верски и регионални групи, и за раси.
6. За тоа дали Македонците, според него, се посебен народ, можеш да видиш во сите негови дела кои се на оваа тема. Ова е песна, не може да с објаснува кое е народ, кое религиозна и регионална група и кое раса. Ова може да се разбере ако се познава неговото творештво.
7. Тука зборував за другиот стих, со Симеон, Самоил и Асен. Нема врска.
8. Веќе објаснив зошто не се споменати - "Вазов не пишува за сите народи, религии, регионални групи, раси итн. ". Ако не си разбрал, мисли. Каде се Ромите? Каде се Курдите? Зошто има само "Френци", а нема Германци, Австици, Срби, Ромуни, Италиани? Ова не е попис туку песна.
3. Има таква творба, имено истава за кој коментираме. Тоа што тебе не ти се сака да има Македонци си е твој проблем.
4. Напротив важно е. Се разбира дека секој народ има позитивни и негативни карактеристики, но тука не се опишуваат карактеристиките на еден народ, туку карактеристиките на различни народи со цел да се покаже шареноликоста на Цариград.
5. Да и меѓу нив паралелно со другите народи кои ги опишува е споменат и Македонскиот народ, со специфичните му карактеристики и различни од другите споменати народи.
6. Сите останати дела во кои пишува на оваа тема му се од подоцна, тука јасно Македонците се определени како различни од другите народи. Така ова е песна и нема таква цел, но целта да опише различни народи и вери со различни карактеристики одлично ја доловува. Проблем е твојата предрасуда, и националниот ти товар- „такова животно жирафа њама.“
7.Апсолутно нема врска, тоа е друга песна од друго време.
8. Нема и многу други народи и нема потреба да ги избројува сите народи на светов, но работата е во тоа што во престолнината на Турција да не се споменати Турците е индикативна. Не е попис но целта како што споменав илјада пати е да се долови шареноликоста.
 
Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.525
Поени од реакции
1.963
Извадок прашања од статијата на д-р Митко Панов (експерт по средновековна историја), која е критички осврт на работата на комисијата за заедничка историја со Бугарија.

1. Зошто бугарските преродбеници, почнувајќи од Пајсиј, па до 70-тите години на 19 век, при реоткривањето на „заборавената историја“, го исклучиле Самуил од пантеонот на бугарските средновековни владетели, претставувајќи го како божји грешник што бил сурово казнет лично од бога со испраќањето на византиските војски?

2. Зошто во популарните театарски претстави Самуил ја добил улогата на грд и омразен Ерменец?

3. Зошто во експресиите на бугарските уметници од 19 век Самуил не го зазел местото меѓу средновековни бугарски национални владетели, како Аспарух, Крум, Борис, Симеон, Асен?

4. Зошто Марин Дринов дури во 1875/1876 г. се зафатил со разјаснување на „темните прашања“ поврзани со Самуиловата држава?

...

5. Зошто византиските автори современици на Самуил не ја идентификувале Самуиловата држава како бугарска, туку ги користеле термините Скити, Мизи или варвари и притоа воопшто не го евидентирале Самуиловото име?

6. Зошто на епитафот на Василиј Втори, кој требало да ги овековечи императорските триумфи на Балканот, непријателите од Самуиловата држава биле означени како Скити?

7. Дали се запрашале дали воопшто постои изворен податок што ќе посведочи како Самуил се идентификувал себеси или неговата држава, што важи и за поданиците како историски субјекти?

8. Зошто не ја зеле предвид можноста дека термините „Бугарија“ и „Бугари“ како проектирано означување за Самуиловата држава биле византиски терминолошки конструкт од Василиј Втори по ликвидирањето на државата во 1018/1019 г., а во функција на креирање фиктивна претстава за континуитетот на идеолошката супремација на Византија, која во реалноста не постоела?

9. Дали, пред да го „определат“ етничкиот идентитет на Самуил, се запрашале зошто единствениот изворен податок за неговото ерменско потекло, критички се третира во современата историографија како субјективна националистичка перспектива на Степан Таронски?

10. Дали може да се третира Битолскиот натпис, како што тоа го прават бугарските колеги, како своевиден Curriculum Vitae на Јован Владислав, со далекосежни претензии за докажувањето на етничкиот идентитет на Самуил, на Самуиловата држава, како и на луѓето што ја населувале Македонија?
 
Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.378
Поени од реакции
544

1. Паисиј Хилендарски го вклучил под името Селевкија. Кои се другите?
2. Кои претстави?
3. Кои експресии?
4. Очигледно затоа што мислел дека има потреба од појаснување.
5. Кажете му на овој експерт да прочита уште малку.

од 6. до 10. - утре
 
Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.378
Поени од реакции
544
Еве за 1. од Паисиј (издание од 1914 г., страница 31):

6. Најверојатно идентификувал Бугарите географски. Скити има до 4 век , а регионот Мала Скитија е на територијата на она што сега го знаеме како Добруџа. Во некои извори Бугарите се напишани како Скити.
7. Очигледно, бидејќи тој немал проблем со самоидентификувањето, и е јасно на чие царство бил цар. Нема многу текстове од Самуил.
8. Каде д-р Панов знае дека не го зеле тоа предвид? Можеби тие го зеле предвид, проучувале и докажале дека не одговара на вистината.
9. Никој не го дефинирал точно етничкото потекло на Самуил. Се предполага дека неговиот татко бил Ерменец, а неговата мајка е ќерка на ерменскиот цар Ашот II. Што значи етничкото потекло на кралот?
10. Тоа може да се третира на каков било начин, вклучително и тоа што вонземјаните го направиле. Меѓутоа, факт е дека овој текст ги потврдуват и другите текстови и тие информации се достапни на друго место. Ова не е изолиран и единствен извор за оваа информација. Зошто д-р Панов зборува само за Македонија, кога Македонија зазема само 15% од бугарската држава на цар Иван Владислав?
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Навистина ли мислите дека Ерменец (Влав) се доселил од Ерменија на туѓа територија, ги придобил симпатиите на локалното население до толку многу што тие здушно биле подготвени да гинат за идеата тој Ерменец да биде нивни цар?!? Па бољарите ако не народот немало да го прифатат Ерменецот (Влавот) за цар - секој од нив би се гледал на неговото место. Па и денес во Македонија ако еден обичен директор на некоја институција го постават, а да биде од друг град нема да биде прифатен, а не пак за цар.
Тоа го бидува само во приказните и кај вас - вие сте имале Германци за цареви, а државотворци Руси. И тоа не оти народот многу го сакал Германецот за цар, туку затоа што тоа тогаш било единствената опција за спас од Турците.
Покрај тоа има податоци дека Самоил и Василие II биле роднини, значи, или двајцата биле Ерменци, или и двајцата биле Македонци. Бидејќи Василие се декларирал како Македонец, а за Самоил се избришани и уништени сите докази за неговото потекло и декларирањето, а покрај тоа тој живеел и делувал во срцето на Македонија - следува дека Самоил бил Македонец.
 
Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.525
Поени од реакции
1.963
Штипјанец, дај сликата од вториот пост... не го чита линкот! Сакам уште неа да ја видам и ти спремам одговор од контра-одговор на твоите одговори! ;)
 
Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.378
Поени од реакции
544
Штипјанец, дај сликата од вториот пост... не го чита линкот! Сакам уште неа да ја видам и ти спремам одговор од контра-одговор на твоите одговори! ;)
 
Attachments

Член од
19 февруари 2011
Мислења
482
Поени од реакции
501
Ајде едно прашање за бугарите да ми кажат зошто третата бугарска држава е наречена царство со свој цар Фердинанд а подоцна и неговиот син цар Борис. Зошто не кралство со свој крал туку баш царство. Што е разликата помеѓу крал-цар и кралство-царство?
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.875
Поени од реакции
7.746
Навистина ли мислите дека Ерменец (Влав) се доселил од Ерменија на туѓа територија, ги придобил симпатиите на локалното население до толку многу што тие здушно биле подготвени да гинат за идеата тој Ерменец да биде нивни цар?!? Па бољарите ако не народот немало да го прифатат Ерменецот (Влавот) за цар - секој од нив би се гледал на неговото место. Па и денес во Македонија ако еден обичен директор на некоја институција го постават, а да биде од друг град нема да биде прифатен, а не пак за цар.
Тоа го бидува само во приказните и кај вас - вие сте имале Германци за цареви, а државотворци Руси. И тоа не оти народот многу го сакал Германецот за цар, туку затоа што тоа тогаш било единствената опција за спас од Турците.
Покрај тоа има податоци дека Самоил и Василие II биле роднини, значи, или двајцата биле Ерменци, или и двајцата биле Македонци. Бидејќи Василие се декларирал како Македонец, а за Самоил се избришани и уништени сите докази за неговото потекло и декларирањето, а покрај тоа тој живеел и делувал во срцето на Македонија - следува дека Самоил бил Македонец.
Така мислеле и некој бугари, е некој бугарски писател напишал и поезија за тоа

Пирува македонскиј император.
Шум, вик. Пенјат се рујните вина.
Нав'н е бурја… праскат знамена.
Ноштта реве, бучи ужасен вјат'р.

Војската спи под т'мна пелена…
Тук-там огнец на бојнија теат'р…
В миг Самуил под своја свилен шат'р
положи п'лна чашата, скокна…

Вслуша се тој недвижим, бледен, страшен,
с коса настр'хнала, почти уплашен…
(О, боже мој! — војводите шептј'т.)

И мисли македонскиј император
че чува в пис'ка на горскиј вјат'р
на двајсет слепи полкове плач'т.
 
Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.378
Поени од реакции
544
Ајде едно прашање за бугарите да ми кажат зошто третата бугарска држава е наречена царство со свој цар Фердинанд а подоцна и неговиот син цар Борис. Зошто не кралство со свој крал туку баш царство. Што е разликата помеѓу крал-цар и кралство-царство?
Кралството е пониско кај словенските народи од Царството. Царството е синоним за империја. Кога се обединиле Кнежеството Бугарија и Источна Румелија, се формирало Царство - држава во која имало многу народи, како и империјата. Инаку, Третото Бугарско Царство е традиционално од Првото и Второто Царство. Во Бугарија, титула крал имало за многу краток временски период. На ист начин Србија е царство само 25 години од своето постоење - Душан и Урош V биле главно „цареви на Србит и Грци“.
 
Мене ми е јасно каква е разликата меѓу кралство и царство. Царство е обично кога поседува земја кога е освоена и во неа има многу други етникуми, чудно ми беше зошто царство и цар кога според вас не само што не поседувате туѓа територија туку и ви фалат делови од вашето.
 
Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.378
Поени од реакции
544
Мене ми е јасно каква е разликата меѓу кралство и царство. Царство е обично кога поседува земја кога е освоена и во неа има многу други етникуми, чудно ми беше зошто царство и цар кога според вас не само што не поседувате туѓа територија туку и ви фалат делови од вашето.
Царство не значи дека поседува земја која е освоена. Практично секоја земја е на територија освоена во одреден временски период. Царството е едноставно владение на царот, а цар произлегува от цезар, кесар и е исто како император, но во словенскиот свет.

Првиот цар бил цар Симеон I, користи се прво во Бугарија (893 - 1014, 1185-1396, 1908-1946), подоцна титулата е користена за кратко време во Србија (1346 – 1371) и конечно во Русија (1547 – 1721).
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Има вистина во ова?
Да. Со оглед на тоа дека Бугарите се доминантно потомци од Татарите, а Татарите биле едно од многуте Турски племиња со тоа по автоматизам се подвлекува дека Татарите/Бугарите зборувале на јазик сличен на Турскиот. Е сега Турскиот јазик до 1923 се пишувал со Арапско писмо па Ататурк го стандардизирал и го променил во она што е денес и има свое писмо наместо Арапското, но тоа не го менува фактот дека се работи за еден исти јазик и дека бил зборуван од Татарите/Бугарите. Затоа Бугарите се такви чергари какви што ги знаеме дека се.
 
Бугарите немаат наследна врска со Татарите. Ова е историски факт, а генетските истражувања го потврдуваат тоа. Прочитај барем малку пред да почнеш да пишуваш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom