Квалификации за СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2022

Член од
5 март 2018
Мислења
14.898
Поени од реакции
16.212
Не е Летонија во ист кош со Андора знаеле да намачат и други поголеми репки.
Андора тие е во ист кош со Фарски, Сан Марино и Гибралтар, овие бар се држат на терен.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Група Х кланица. Дури и Малта што треба да е за газење со Словачка бод, со Русија водство и со Хрватска 0-0 до 65 минута.
1617203338922.png
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.840
Поени од реакции
3.293
Не е Летонија во ист кош со Андора знаеле да намачат и други поголеми репки.
Андора тие е во ист кош со Фарски, Сан Марино и Гибралтар, овие бар се држат на терен.
Ти слабо пратиш репрезентативен фудбал во последно време. Андора во Лига Нации два пати беше во група со Летонија и три нерешени извади. На сегашниве ЛН две нерешени со Фарски Острови и пораз дома од Малта. Повеќе тие се мачат отколку што намачуваат некој друг. Порано да, играле и на ЕП и сето тоа стои, ама сега не.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.713
Поени од реакции
2.599
Што им стана на Ерменциве?
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.840
Поени од реакции
3.293
Ерменија како што спомнав при ждребот, имаат најубав распоред и го искористија почетокот максимално. Директ гости, па две дома и последно коло со Германија. Ние би требало први да ги поразиме нив во септември ако се биде како по план.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.951
Поени од реакции
6.746
Eрминците од ко започна воениот конфликт до денес гинат на секој натпревар и се надминуваат самите себе, гинат за државниот дрес и секоја чест за тоа, според мене тие доколку ние го искористиме потенцијалот ни се главен конкурент за второто место, наредната утакмица е финален меч за нас против нив во Скопје.
 
Член од
29 септември 2020
Мислења
82
Поени од реакции
82
Ќе има пренос на нашите некаде освен СК?
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.004
Поени од реакции
57.043
Исланд очекувано ја прекина серијата порази, аааама прими гол од Лихтенштајн.
Страшно се паднати, оваа репрезентација беше коска во одбрана.
Башка гледам не бил повикан Сигурдсон, веројатно толку од таа генерација и јак Исланд. Ми дава надеж за позитивен резултат против нив.

Во останатите вести, Бугарија повторно не успеа да победи hhhhhhhhh
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.840
Поени од реакции
3.293
Данска игра лудо во последно време. Ќе биде интересна таа група на ЕП со Белгија, Русија и Финска.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.991
Еве, да направиме една анализа на противниците наши на ЕП и како поминаа после првите три мечеви:

Холандија:
Низоземците започнаа очајно со пораз од Турција 4-2. Потоа, 2-0 победа на домашен терен против Летонија и уверлива победа 0-7 на гости против Гибралтар.
Два меча против целосни аутсајдери и еден пораз против екипа што ќе игра на ЕП.
Во моментов го делат второто место во групата и имаат подобра гол разлика од Црна Гора и Норвешка.

Украина:

Добри вести за Украина - немаат пораз!
Лоши вести за Украина - немаат победа!

Три средби - три ремиња - три постигнати погодоци - три примени погодоци

Најпрвин автоголот на Кимпембе им донесе бод на гостувањето во Франција, а потоа Украина, во директен дуел со екипа што ќе биде дел од ЕП - Финска, одигра 1-1 на домашен терен откако во последните 10 минути поведоа, па направија фаул за пенал.

Во последното коло - кикс. Реми од 1-1 против Казахстан во натпревар каде избраниците на Шевченко поведоа и генерално доминираа цел меч.

Групата на Украина има вкупно пет репрезентации, а само тие и Франција имаат одиграно три средби.

Австрија:


Од се по малце за австријците. Реми, пораз и победа.

Ремито дојде во првиот меч на гостувањето во Шкотска. Калајџиќ постигна два погодоци за водство но шкотите на двапати успеваа да израмнат.

Во вториот меч играа со фенерџијата Фарски Острови и започнаа лошо. Фарјаните поведоа, но Австрија уште во првото полувреме го постави вкупниот резултат 3-1.

И најлошото дојде на крај. Пораз од 0-4 на домашен терен против Данска. Сите погодоци постигнати во второто полувреме.

Оваа група делува поприлично интересно од аспект на борбата за второто место.
Во моментов Австрија е на четвртото место со ист број како и третопласираниот Израел и еден помалку од второпласираната Шкотска.
Фарски Острови и Молдавија имаат еден бод.
Данска е прва со 9 поени.

Само четири екипи ги започнаа квалификациите со максимален учинок:

Данска, Италија, Англија... и Ерменија.


П.С. И на ЕП како и во квалификациите ќе бидат дозволени пет измени. Дали фудбалот ќе се врати на трите замени после пандемијава, останува да видиме.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
14.898
Поени од реакции
16.212
Наидов на многу коментари дека наводно Германија не сакале на Светското во Катар да играат, бојкотирале :icon_lol:
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Успешно се боревме против д џермс овај џерманс. FB_IMG_1617286095378.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom