Не е точно ни ова.
Има листа на земји кои заменуваат во полуфинале, ако некои од нас, Косово, Белорусија или Грузија влезат на ЕП преку редовниве квалификации.
На листата на чекање, прв е Луксембург, потоа е Ерменија, па Азербејџан.
Така што, ако Косово се квалификува преку редовниве квалификации, тогаш Луксембург ќе го замени во полуфиналето на лигата на нации.
Само во ваков случај, не знам како би била прераспределбата на местата.
Според бодовите, Грузија би била прва, ние втори, Белорусија трета, а Луксембург четврт, што по некоја логика би значело дека ние ќе играме со Белорусија.