Квалитет на нови градби

Член од
21 мај 2021
Мислења
782
Поени од реакции
1.647
Арматура имам работено 2 години на повеќе згради и ќе ви кажам од лично искуство од оноа што го имам видено со свој очи и слушано од коментарите на газдите и работниците.

Катастрофа невидена се нашиве згради.И овоа не е наддавање туку една сурова вистина.
Фали голем дел од арматурата како што треба да биде спрема пропис онаму каде што сме работеле.
Мојот газда многу често знаеше да се прекрстува и да искоментира дека немаат два грама памет што прават.
Се штеди на велико,се ставаат најтенките шипки осмици дури и кога не треба,многу често не се правеа куки,се врзуваа неквалитетно и набрзина.

Шлагот на тортата беше кога во една од новиве велешки згради го видовме за првпат надзорот.
Луѓе дали ви се верува дека човеков беше некаде можеби и постар од 70 години,со наочари и едвај се движеше.
Пред да почне да врши преглед,се пикаше во канцеларијата кај главниот изведувач и строго го немаше едно саат време.Се гледаше од тоа прозорчето кикики-какака,смеење,пиење кафе...
Од километар се намирисуваше македонската корупција.
Кога ќе се качеше на спратот да врши преглед,ги ставаше тоа наочарите како некој дедо,и едвај се движеше помеѓу арматурата.Ќе прегледа набрзина и ќе си замине.Ни збор,ни прашање,ништо!

Дури и да не го види и доживее човек сето овоа,треба да му биде јасно дека во ваква екстремно корумпирана држава и градбите ќе бидат дел од целово лудило што го живееме последниве 31 година.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.512
Поени од реакции
4.631

..ама не е битно тоа што не е вградена пресметаната арматура, туку битно е тоа што урбаната мафија ти бара 1500 Евриќи за „м2„ неквалитетна стабена градба.

За деловниот простор, секако, цената е ихаааа повисика.

Очекувам и други вакви и слични дописи на темава...
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.189
Поени од реакции
4.160
Не се разбирам многу во темава и нема некои посебни увиди, но од што сум го гледал оној Михаил Гаревски, што е професор на градежен и директор на институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Македонија има многу ригорозни стандарди за сезмиолошка стабилност.

Дури, го имам гледано човекот неколку пати на ТВ, и има потенцирано дека може имаме меѓу најцрвсти стандарди во Европа по ова прашање, што е резултат од Скопскиот земјотрес. Според него, се изградено после земјотресот е прилично стабилно, и земјотрес до 7мица, нема да му направи нешто драматично. Он многу јако стои зад овој став, и стално вика дека одговорно тврди дека многу добри стандарди имаме. Секако, потенцира дека има некои ризични објекти од Х причини, ама дека нашите правила за градба се други над тоа што е задолжително во многу западни земји.

Е сега дали се почитуваат, тоа е друга работа.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.512
Поени од реакции
4.631
Не се разбирам многу во темава и нема некои посебни увиди, но од што сум го гледал оној Михаил Гаревски, што е професор на градежен и директор на институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Македонија има многу ригорозни стандарди за сезмиолошка стабилност.

Дури, го имам гледано човекот неколку пати на ТВ, и има потенцирано дека може имаме меѓу најцрвсти стандарди во Европа по ова прашање, што е резултат од Скопскиот земјотрес. Според него, се изградено после земјотресот е прилично стабилно, и земјотрес до 7мица, нема да му направи нешто драматично. Он многу јако стои зад овој став, и стално вика дека одговорно тврди дека многу добри стандарди имаме. Секако, потенцира дека има некои ризични објекти од Х причини, ама дека нашите правила за градба се други над тоа што задолжително во многу западни земји.
Наведениот лик е бла-бла теоретичар, но и тоа не е лошо само доколку ликот е во право, а може да биде во право само ако изведувачите се држат строго до проектната документација, во што се сомневам од некои мои видувања „на терен„...

ИЗИИС стекна монопол на вршење супервизии на статичките проекти во „севернава„, но друга е приказната дали суперревидираните проекти се реализираат како што се изработени.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.942
Поени од реакции
18.653
Арматура имам работено 2 години на повеќе згради и ќе ви кажам од лично искуство од оноа што го имам видено со свој очи и слушано од коментарите на газдите и работниците.

Катастрофа невидена се нашиве згради.И овоа не е наддавање туку една сурова вистина.
Фали голем дел од арматурата како што треба да биде спрема пропис онаму каде што сме работеле.
Мојот газда многу често знаеше да се прекрстува и да искоментира дека немаат два грама памет што прават.
Се штеди на велико,се ставаат најтенките шипки осмици дури и кога не треба,многу често не се правеа куки,се врзуваа неквалитетно и набрзина.

Шлагот на тортата беше кога во една од новиве велешки згради го видовме за првпат надзорот.
Луѓе дали ви се верува дека човеков беше некаде можеби и постар од 70 години,со наочари и едвај се движеше.
Пред да почне да врши преглед,се пикаше во канцеларијата кај главниот изведувач и строго го немаше едно саат време.Се гледаше од тоа прозорчето кикики-какака,смеење,пиење кафе...
Од километар се намирисуваше македонската корупција.
Кога ќе се качеше на спратот да врши преглед,ги ставаше тоа наочарите како некој дедо,и едвај се движеше помеѓу арматурата.Ќе прегледа набрзина и ќе си замине.Ни збор,ни прашање,ништо!

Дури и да не го види и доживее човек сето овоа,треба да му биде јасно дека во ваква екстремно корумпирана држава и градбите ќе бидат дел од целово лудило што го живееме последниве 31 година.
Да ама надзорот потпис става, сам си ја става главата во торба фактички. Сум бил сведок каде инвеститори и добавувачи на опрема ми вртеле дома и се заканувале пошто не им се потпишувало тоа што го барале. На пример во техничка докумнетација стои сименс табла за осигурачи, они на лице место сакаат кинеска да монтираат. И ако си луд да потпишеш после и на технички прием можеш да го јадеш. Фактички кога си надзор на објект мора да си секој ден со мајсторите, не само еднаш. Нормално многу зависи и од објектот, кога се работи за капитални или државни објекти каде се вмешани поголеми градежни фирми и буџети нема шанси такво нешто да пројде освен ако нема корупција на повисоко ниво, ко во Скопје 2014 та. Е сеа овие зградиве што ги градат инвеститори од Џепчиште, тоа е друга приказна.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.189
Поени од реакции
4.160
Наведениот лик е бла-бла теоретичар, но и тоа не е лошо само доколку ликот е во право, а може да биде во право само ако изведувачите се држат строго до проектната документација, во што се сомневам од некои мои видувања „на терен„...

ИЗИИС стекна монопол на вршење супервизии на статичките проекти во „севернава„, но друга е приказната дали суперревидираните проекти се реализираат како што се изработени.
Не знам, не се разбирам. Само знам дека од 2016 кога беа земјотресите во Скопје почнав да го гледам чат-пат на ТВ, и секогаш потенцира дека имаме меѓу најдобрите стандарди за сезмиолошка стабилност во Европа, дека ептен ни се добри, одговорно стои зад таа изјава. Дека тие стандарди за градба што се донесени после земјотресот се доста јаки. Накај 70 години тера човекот, ваљда знае нешто.

Скоро беше сега за Турција збореше на YouTube го гледав и кажуваше дека во Скопје доградбите се ризик, поготово на објекти од 1970ти и 1980ти, зошто тие ептен не се проектирани за кат повеќе, и им се нарушува стабилност прилично кога се додаваат, а имало доста што доградувале. И збореше нешто за тенди на кафичи, заградување на тараси, дека и со тоа се нарушува кај некои згради стабилност, како и дека формата на зградата влијае. Наведе како пример за лоша форма онаа на Адора во Кисела Вода, пегла што ја викаат, а нешто на А и е официјалното името.

Иако јас вака сум слушал некои чаршија муабети дека зградите изградени по 1990, не се на нивото од тие од 70тите и 80тите, ама некако не ми се баш за верување тие теории.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.251
Поени од реакции
37.013
Исто голема грешка е да се мисли дека зградите градени во Југославија се поцврсти...првин градени се од полуписмени работници по државните претпријатија кој со нив во палтото секогаш имаа паурче ракија, второ во Југославија имало огромен недостаток на цемент и арматура, и градежни материјали воопшто, па сеа соберете два и два...
... фактот што тие екс ЈУ згради и после 50 години се цврсти и не се оштетени, за разлика од поновите кои само по 5 години изградба се распаѓаат и фасада и сите други попратни елементи, сигурно не што се квалитетни!

student-dorms-brutalist-architecture-macedonia-skopje.jpg
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.512
Поени од реакции
4.631
... фактот што тие екс ЈУ згради и после 50 години се цврсти и не се оштетени, за разлика од поновите кои само по 5 години изградба се распаѓаат и фасада и сите други попратни елементи, сигурно не што се квалитетни!

Прегледај го приврзокот 367786
Студентскиот дом „Гоце...„ е граден во „бетонски брутализам„, нема завршна фасадна обработка, освен самите армирано-бетонски фасадни ѕидови, така да од нив нема ни што да отпадне.

Од друга страна, истиот тој дом арчи струја бетер од АрачиновА, а како им е на стидентите кои во него живеат, слободно прашај ги...сум бил во тој објект на времето и знам „што е и како е„.
Автоматски споено мислење:

Не знам, не се разбирам. Само знам дека од 2016 кога беа земјотресите во Скопје почнав да го гледам чат-пат на ТВ, и секогаш потенцира дека имаме меѓу најдобрите стандарди за сезмиолошка стабилност во Европа, дека ептен ни се добри, одговорно стои зад таа изјава. Дека тие стандарди за градба што се донесени после земјотресот се доста јаки. Накај 70 години тера човекот, ваљда знае нешто.

Скоро беше сега за Турција збореше на YouTube го гледав и кажуваше дека во Скопје доградбите се ризик, поготово на објекти од 1970ти и 1980ти, зошто тие ептен не се проектирани за кат повеќе, и им се нарушува стабилност прилично кога се додаваат, а имало доста што доградувале. И збореше нешто за тенди на кафичи, заградување на тараси, дека и со тоа се нарушува кај некои згради стабилност, како и дека формата на зградата влијае. Наведе како пример за лоша форма онаа на Адора во Кисела Вода, пегла што ја викаат, а нешто на А и е официјалното името.

Иако јас вака сум слушал некои чаршија муабети дека зградите изградени по 1990, не се на нивото од тие од 70тите и 80тите, ама некако не ми се баш за верување тие теории.
Не спорам дека Гаревски си го знае занаетот, не спорам дека прописите за бетон и армиран бетон, а сега и Евро-кодовите се добри, туку лоша е изведбата, небитно колку е добар проектот...

Објектот кој го наведуваш е популарно наречен „Флет ајрон„, парафраза на еден објект од Њу Јорк, изграден во доцниот XIX век, во стилот „чикашка школа„.

А за тоа колку се новопечените објекти отпорни на земјотрес, тоа може да се увиди само „ин виво„ на веќе видениот начин...скраја да е!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.251
Поени од реакции
37.013
Од друга страна, истиот тој дом арчи струја бетер од АрачиновА, а како им е на стидентите кои во него живеат, слободно прашај ги...сум бил во тој објект на времето и знам „што е и како е„.
...пишуваме за квалитетна градба во смисол за стабилност не дали се троши струја, како што никој не затвора врата нема да ме чуди да удри промаја, сите студенти знаат само квака да отвараат, ама да затворат врата никако и никогаш!
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.512
Поени од реакции
4.631
...пишуваме за квалитетна градба во смисол за стабилност не дали се троши струја, како што никој не затвора врата нема да ме чуди да удри промаја, сите студенти знаат само квака да отвараат, ама да затворат врата никако и никогаш!
Проф. Констаниновски (лесна му земја...) е автор на проектот за домот. На времето ни објаснуваше дека при градбата на домот, изведувачите му го распуздериле проектот до непрепознатливост па професорот решил никад у живот да не стапне во изградениот дом...

Толку од квалитетот од градбата од домот...а ако така било пред 50г., зашто не би било и денес...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.251
Поени од реакции
37.013
Проф. Констаниновски (лесна му земја...) е автор на проектот за домот. На времето ни објаснуваше дека при градбата на домот, изведувачите му го распуздериле проектот до непрепознатливост па професорот решил никад у живот да не стапне во изградениот дом...

Толку од квалитетот од градбата од домот...а ако така било пред 50г., зашто не би било и денес...
...да не ти беше и овој М.Грчев професор?
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.512
Поени од реакции
4.631
ооооо архитекче, моја омилена професија што за жал во последен момент ја откажав! :(
Е добро де...веројатно имаш друга занимација/професија покрај нереализираната, од која можеш да живееш...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom