Кајганџиски книжевен предизвик за 2023 година

Колку книги сметате дека можете да прочитате во 2023?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Член од
19 април 2014
Мислења
400
Поени од реакции
1.113
1. Исповед на една маска - Јукио Мишима
исповед-на-една-маска.jpg
Книга која му донела светска слава на Мишима. Кочан(името на главниот лик) е момче кое уште во детсвото сознава дека го привлекуваат машки, сфаќа дека е поразличен од другите момчиња во класот зошто нив ги интересираат девојки. За да се вклопи во општеството тој го крие вистинскиот јас под маска, па дури и пробува да се заљуби во жена.

Книгата нема некое си дејство но полна е со самоанализарање на ликот и напишана е во убав стил. Иако не се поврзав сосема со приказната на моменти сочувствував со ликот, сепак сите на некој начин носиме маска и имаме тајни за кои не сакаме да знаат другите и ги чуваме длабоко во себе.
 
Последно уредено:

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.344
Јас започнувам со две лесни и брзи книги за читање.

1. Избриши ги солзите од Линда Хауард
Мила е жена борец која со години трага по своето киднапирано дете од кое речиси сите се имаат откажано. Немилиот настан се случува во Мексико кога нејзиниот син има 6 недели и оттогаш таа живее и диши со надежта дека тој е се уште жив. Се бори со секакви информации, отвора организација за пронаоѓање деца воедно и помага на многу други. После речиси 10г лавовска борба таа наидува на човек за кој велат дека е платен убиец и дека тој може да помогне..

2. На раб на лудило од Б.А Парис
Кес и покрај молбата на сопругот да не поминува низ шумски пат во ноќта кога беснее страшна бура таа сепак скршнува со колата за да стигне побрзо дома. На патот има застаната кола во која седи жена Кес подзабавува и застанува на момент, но не излегува и продолжува. Утредента дознава дека жената била убиена и почнува целосна агонија на обвинување и грижа на совест во нејзината глава. Од тој момент заборава некои вообичаени работи: каде ја паркирала колата, кога потпишала договор за аларм, дали пиела апче, зошто нарачала бебешка количка кога нема бебе? Но дали навистина сето тоа е последица од настанот или се случуваат работи коишто таа не ги гледа и уште помалку очекува од одредени луѓе...

3. Јужно од границата, западно од сонцето од Харуки Мураками

Хајиме и Шимамото најдобри пријатели. Двајцата се деца единци. Во општеството во коешто растат е невообичаено да се има само едно дете, па оние кои се растени без браќа и сестри ги сметаат за малку себични и незрели – предрасуди кои ќе го прогонуваат Хајиме цел живот и кои делумно го формираат неговиот карактер. Шимамото е е повлечено и мирно девојче поради фактот што не може правилно да оди. И двајцата си наоѓаат еден во друг сродна душа, стануваат најдобри пријатели, верно и срамежливо негувајќи ја искрата на прва детска љубов којашто почнуваат да ја чувствуваат – сè додека едниот не се пресели во друг град....

4. Тивката Жена од А.С.А Харисон

Бракот на Џоди и Тод е во многу лоша ситуација. Се е загрозено, вклучувајќи го и богатиот живот што го водат во нивниот стан на брегот на Чикаго на брегот. Тој е посветен измамник. Таа живее во негирање. Тој постои во двојни светови. Таа сака да се пресмета. Тој одлучува да игра да задржи.Таа нема што да изгуби. Раскажана со наизменични гласови, „Тивката сопруга“ е за брак кој е во фаза на распаѓање, пар кој оди кон катастрофа, отстапки што не можат да се направат и ветувања што нема да се одржат.

5. Прашај ме повторно, ќе ти речам да од Мери Бет Кин

Френсис и Брајан двајца полицајци-почетници во њујоршката полиција, живеат еден до друг во соседство надвор од градот. Семејна драма за две семејства и нивните деца низ текот на неколку децении. Приказна за пријателство и љубов и како спомените од детството се менуваат во текот низ годините.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
2. A long petal of the sea - Isabel Allende
Јазик: Англиски
Страници 420

Кога станува збор за литература која потекнува од шпанско и јужноамериканско подрачје, се сметам за тежок новајлија. Оваа книга по препорака ги разби моите предрасуди и незнаења за историјата на овие народи.
Се работи за два главни протагонисти (маж и жена) кои со крвавата судбина во Шпанија во крајот на 30тите пребегнуваат во Чиле каде почнуваат од почеток. Надевајќи се дека целата војна ќе има краток рок тие се надеваат на враќање на своето родно огниште - Барселона. Но животот во Чиле (долгата нишка крај морето) им нуди животни предизвици за кои и самите никогаш не би сонувале.
Прекрасна книга за љубовта, нејзината метаморфоза низ годините на заеднички живот, истрајноста како и трагедиите со кои се соочиле иљадници семејства во 20тиот век.
Дефинитивна препорака.
10/10
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.096
Поени од реакции
8.871
5. Nassim Nicholas Taleb - The Bed of Procrustes

Kniga so aforizmi (neznam dali e bas tocen terminot, dali vo mkd ima nesto slicno)
ili izreki, od avtorot.
Generalno se negov stav kon obrazovanie, avtori, negativno kon ekonomisti i Harvard.
Ima nekoj aroganten stil i generalno ima negativen imidz, dosta od izrekite se preterani po moe mislenje,
ama ima nekoja logika i mudrost sepak.
Ne mi bese bas vo plan ovaa, ama najmala e od Incerto serijalot, pa da go pocnam.
Ne ja preporacuvam za kupuvanje, eventualno nekoja piratska verzija od ljubopitnost :D
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.668
Поени од реакции
10.060
#2. Lust for life - Irving Stone

Ремек дело за животот и делото на големиот Винсент ван Гог.
Немам што повеќе да додадам.

5/5

“I put my heart and soul into my work, and I have lost my mind in the process.” [VVG]
 
Последно уредено:
Член од
19 април 2014
Мислења
400
Поени од реакции
1.113
Руска убавица - Виктор Ерофеев

received_628632155937337.jpeg
Рецензија оставам да напише некој што му се допаднала и ја "сфатил" книгава, затоа што јас појма немам што прочитав уствари.
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.668
Поени од реакции
10.060
#3. The Collector - John Fowels

Ова е дебито на Џон како автор. Ги следиме дејствата на осамен, психички нестабилен млад човек кој киднапира студентка по уметност во Лондон и ја држи заробена во подрумот на неговата селска куќа. Поделен на два дела, романот ја содржи и перспективата на заробувачот, Фредерик, и онаа на Миранда, заробеничката.

4/5
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.182
#02 - Семејството на Паскуал Дуарте - Камило Хосе Села (Слово, 2006)

1676223249095.png

Исклучителен роман! Маестрално дело на Нобеловецот Камило Хосе Села за последните мигови од животот на еден несреќник кому тешкото бреме на судбината и неговиот краток фитиљ му донесле ништо друго освен само искушенија и несреќи. Напишан е во стил на приредени белешки и мемоари кои наводно Паскуал Дуарте ги напишал чекајќи ја смртната казна, но она што е впечатливо е што тука многу нешта изостануваат, но ние сепак знаеме за нив, си правиме сопствена слика и со тоа стануваме на некој начин допишувачи на романот, ко-автори со Села, зашто во овој фрагментарен роман (ако можам така да го наречам) и премолченото зборува. Неповторливо! 5/5
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.344
3. Јужно од границата, западно од сонцето од Харуки Мураками

Хајиме и Шимамото најдобри пријатели. Двајцата се деца единци. Во општеството во коешто растат е невообичаено да се има само едно дете, па оние кои се растени без браќа и сестри ги сметаат за малку себични и незрели – предрасуди кои ќе го прогонуваат Хајиме цел живот и кои делумно го формираат неговиот карактер. Шимамото е е повлечено и мирно девојче поради фактот што не може правилно да оди. И двајцата си наоѓаат еден во друг сродна душа, стануваат најдобри пријатели, верно и срамежливо негувајќи ја искрата на прва детска љубов којашто почнуваат да ја чувствуваат – сè додека едниот не се пресели во друг град....

4. Тивката Жена од А.С.А Харисон

Бракот на Џоди и Тод е во многу лоша ситуација. Се е загрозено, вклучувајќи го и богатиот живот што го водат во нивниот стан на брегот на Чикаго на брегот. Тој е посветен измамник. Таа живее во негирање. Тој постои во двојни светови. Таа сака да се пресмета. Тој одлучува да игра да задржи.Таа нема што да изгуби. Раскажана со наизменични гласови, „Тивката сопруга“ е за брак кој е во фаза на распаѓање, пар кој оди кон катастрофа, отстапки што не можат да се направат и ветувања што нема да се одржат.

5. Прашај ме повторно, ќе ти речам да од Мери Бет Кин

Френсис и Брајан двајца полицајци-почетници во њујоршката полиција, живеат еден до друг во соседство надвор од градот. Семејна драма за две семејства и нивните деца низ текот на неколку децении. Приказна за пријателство и љубов и како спомените од детството се менуваат во текот низ годините.
6. Богат татко, сиромашен татко од Робер Киосаки
Книга за финансиска независност, добра инвестиција, стратегии за финансиска заштита. Книга за подобрување на животниот стил.

7. Госпоѓа Бовари од Гистав Флобер
Ема Бовари импулсивна хероина, обична жена загушена од буржоаски начин на живот. Многу фантазии за идеална љубов и среќа кои доведуваат до неверства, долгови и самоубиство.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
3. Come rain or come shine - Kazuo Ishiguro. (76 страни - Faber stories 2019)
Кратково четиво го слистав за неполн ден и сметам дека Ишигуро го бидува за кратки раскази (Nocturnes - препорака)
Интересна кратка прикаска за врска меѓу три лика; маж и жена (сегашни сопружници) и “трето тркало“ - нивниот пријател кој е свикан да ги изглади работите во нивната кризна ситуација.
Шармантно мало книже кое се чита во едно попладне.
3.5/5
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.344
6. Богат татко, сиромашен татко од Робер Киосаки
Книга за финансиска независност, добра инвестиција, стратегии за финансиска заштита. Книга за подобрување на животниот стил.

7. Госпоѓа Бовари од Гистав Флобер
Ема Бовари импулсивна хероина, обична жена загушена од буржоаски начин на живот. Многу фантазии за идеална љубов и среќа кои доведуваат до неверства, долгови и самоубиство.
8. Вештица од Венко Андоновски

Венко со книгава го достигнал врвот на постмодернизмот. Одлична е.
Сурово опишана тогашната реалност за жените и младите девојки, строги закони на црквата, љубов, страст, болка, љубовници, безвременост. Совршени мисли, една во продолжение, „ којзнае колку други такви убавини досега си пропуштил, колку небеса и ѕвезди слезени на земјата, само затоа што не си бил свој“.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
3. “Чиста анархија“- Вуди Ален (Или-Или)

По “Нежно навистина нежно“, која стилски беше речиси идентична со оваа книга, се решив да ја читнав и “Чиста анархија“ која е шашава композиција од 15тина кратки приказни од најразлични општествени домени, а навлегува и во моралот, психологијата, философијата, научната фантастика, правото и самата егзистенција на апсурдот. Најинтересна и најзабавна ми беше преписката за фиктивниот филм.


4. “Немата пациентка“- Алекс Мајклидис (Сакам Книги)

Полицијата го затекнува Габриел мртов, а сомнежот и вината паѓаат на неговата сопруга Алисија, која по тоа трауматично искуство решава да западне во внатрешна тишина. Напорите за разрешување на мистеријата за убиството на нејзиниот сопруг, како и наводниот мотив, самоиницијативно ги презема Тео, психијатар, кој од непозната причина има посебен интерес за овој случај. Нема да давам никави спојлери. Еден од подобрите, ако не и најдобриот трилер кој го имам прочитано последниве неколку години. Интересен заплет и невозможно претпоставлив крај.


5. “Идентитет“- Милан Кундера (Арс Ламина)

Книгата започнува и завршува со бркотница. Од желбата да бидат еден до друг, до волјата за простор, приватност и кратка разделба, па се до повторното и конечно соединување на Жан-Марк и Шантал. Првите знаци на староста започнуваат да допираат до Шантал, смета дека мажите повеќе не се вртат кон неа се до моментот кога добива анонимно љубовно писмо, од таен обожавател, кој ја следи нејзината сенка. Таа започнува мечта, копнеж кон него, ги бара знаците, го бара во опкружувањето додека писмата започнуваат да се редат едно по друго, но ги поврзува точките, ја осознава вистината и решава да го напушти Жан. Иако воочуваме себедеградирање кај Жан, смета дека ги пропуштил сите возови во животот, смислата на животот ја гледа само во Шантал, таа станува негов тотем, предмет на обожавање, ги окупира неговите мисли, го опседнува, ја сака, но поттикот на амбициозноста се воочува кога решава да се бори за нив, ја следи до Лондон и ја враќа во своите прегратки. Интересно е да се впуштиме во извесна анализа на овие ликови. Книгата, покрај ова издание на Ламина, ја има и во издание на Табернакул.


6. “Аурис“- Винсент Клиш (Сакам Книги)

Книгата започнува со двојна мистерија, која Јула, поткастерка која обработува вистински злосторства, се впушта да ја разреши. Првата е во нејзиниото силување, за кое нејзиниот брат за презема одговорноста и непосредно потоа си го одзема својот живот, за која има голем сомнеж во вистинитоста на признанието. Втората се состои во убиството кое го извршува и признава Матијас Хегел, форензички форензичар, познат како Аурис (уво) чија карактеристика е вршење психоалализа и психопрофилирање врз база на звучни пораки. Клиш книгата ја пишува во соработка со Фицек. Лесно тирлерче, ќе ве извози, претпоставувам дека на повеќето ќе ви се допадне.


7. “Животот на нашата планета“- Дејвид Атенборо (Арс Ламина)

Една од ретките книги која ме исполнила. Во првиот дел го читаме животното патешествие на Атенборо, односно најпрестижните и најбитните моменти во неговата кариера, но и улогата која ја имале споредните актери кои оставиле маркантна улога во своите подрачја, дел жртвувајќи го своето здравје, но и живот за каузата за сочувување и спас на животинскиот свет, соочувајќи се со контантни напади и деградирања, но и со ловокрадство каде за миг губат дел од светот во кој посветуваат години и години од животот. Дел од тие напори резултираат на забрани за лов, каде животот успева да го преброди секој предизвик и денес, постепено, се враќа во одредена оптимална бројка која дава надеж дека видот ќе опстои и преживее. Дел резултираат неуспешно, тие суштества, со кои со векови сме го делеле просторот, денес можат да се најдат во одредени природнонаучни музеи. Мешу другото, во книгата има и прекрасни слики во боја. Улогата на Атенборо е со снимателстката екипа да оди и во најодалечените краишта на светот и на гледачот да му ја долови борбата, каузата, посветеноста, но и приказ на разноликоста на животинскиот свет и нивните природните живеалишта, кон која има длабока фасцинација. Вториот дел од книгата, се однесува за неговата визија за иднината. Најтопла препорака за некој кој сака природнонаучни тематики.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.344
8. Вештица од Венко Андоновски

Венко со книгава го достигнал врвот на постмодернизмот. Одлична е.
Сурово опишана тогашната реалност за жените и младите девојки, строги закони на црквата, љубов, страст, болка, љубовници, безвременост. Совршени мисли, една во продолжение, „ којзнае колку други такви убавини досега си пропуштил, колку небеса и ѕвезди слезени на земјата, само затоа што не си бил свој“.
9. Папокот на светот од Венко Андоновски
Дали имав големи очекувања па се разочарав или ништо не разбрав...
се чувствувам како да читав две различни книга, очигледно треба да ја препочитам само не знам кога ќе се решам
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
4. Starter's for 10 - David Nicholls (369 стр. Hodder 2014)
Во бурниов период, книгава ми дојде како кец на десетка. Ми требаше мало разлабавување на сивите ќелии. Посебно тоа што филмуваната верзија веќе ја имам гледано, па оттаму и не морав многу сценски да се замарам.
Па сепак ќе кажам книгава го постигна посакуваниот ефект. Комичен приказ на Англија во средина на 80тите, главниот лик Брајан провинцијалец од радничка класа, запишува факс во еден престижен факултет во Бристол и неговата животна желба е да учествува во унивезитетскиот квиз. По неколкуте обиди (и чиста среќа) влегува во групата натпреварувачи каде ја запознава згодната Ив во која се затрескува до уши. Оттука продолжува неговото патешествие со сите подеми и падови, згоди и незгоди, сето тоа проткајано со симпатичен англиски хумор. Тоа што дава посебен шарм книгава е што изобилува со референци од поп културата од тоа време. Ги спомува The Cure, Kate Bush, Motorhead, The smiths, Tears for fears, филмовите популарни од 80те (и некои постари), некои актуелни политичари... Убава, навистина убава британска комедија.
4.5/5
 

Kajgana Shop

На врв Bottom