Кајгана фото-натпревари [општи дискусии]

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
А да отвориме тогаш една тема каде што ќе се дискутираат фотографиите, одвоена од натпреварот?
Слободно отворете, кој има некоја фотографија за која сака да слушне други мислења, критики и совети, нека отвори една тема за тоа и постави фотка
 
Член од
5 август 2008
Мислења
6.007
Поени од реакции
5.324
Поддржувам идеја за малку посериозен натпревар.

Се обраќам до сите што поставуваат слики за натпревар.
Гледам дека се загреавте за натпреварување ама некако ми се чини ко да немате секогаш испирација кога сте ги правеле фотографиите а исто така и малку “досадни“ теми почнавте да бирате.
Пример минатата тема со планина беше апсолутно не инспиративна па така и не гласав. Јас сакам планина ама моментот кога си на врвот и тоа како се чувствуваш, мирот, тишината или песната на птиците, ветрот што дува... или што и да ти причинило задовослтво и сатисфакција го чувствуваш САМО ТИ. И само ти и можеш повторно да си ја доживееш фотографијата гледајќи ја и потсетувајки се на тие моменти. Вашите слики на мене ми беа сите “исти“ (зелени ритчиња :) ).
Фотографијата за да е добра треба да има “приказна“.
Еве на пример последниве фотографии од контраст натпреварот.

Зебрите - Дали се тоа семејство на зебри или се рандом? Од фотографијата не се гледа ништо (блискост, топлина, поврзаност... помеѓу зебрите) . Истото тоа го гледаш било кој ден ако отидеш во зоолошка.
Зајдисонцето - по досадно здравје башка мислам и дека е надвор од темата.
Цвеќињата, кучето, шкорчињата, шишарката... не се воопшто за коментар. Нека ми каже некој дали гледа некаква “приказна“ тука. Може сум грешка може не гледам ко што треба. o_O
Коњите - Дали се пар? Дали кобилта му се наљутила нешто на коњот па е овој малку тажен? Имало можност за приказна ама слабо доловен момент и според мене не квалитетна фотографија.
Окото - Убаво зелено око со кармин ставен на погрешно место :icon_lol: . Фотографија со која евентуално проверуваш моментална состојба на шминка. Не е ни да ја меморираш на компјутер туку веднаш после гледање се брише.
Рибата - Ми личи на гладна. :)
Џусот - е доволно ладен за освежување од топлово време.
Девојката - Јас го “видов“ само манијакалниот пофтеж на Лет 3. Односно како предатор што го набљудува својот плен од повисоко. (има приказна ама не ми се допаѓа приказната :) )
И ми остана сликата на Ацид. Морам да признам дека ми е малку нејасна (дедото дали вика „еве види ме каков бев строен како млад“ или „Види ја баба ти каква беше...“) ама што и да е приказната сепак некако највеќе ми се допадна. Ќе гласам за него.

Се извинувам ако бев малку груб во коментарите ама мислам дека е конструктивна критика без намера да навредам.
Понудете приказна, човек кога ќе ја погледне сликата да расмисли за неа.
За болдираното не се соласувам со тебе.
На пример ајде кажи ми како може да има некоја приказна, еве шеташ некаде по природа, ај некое позанто место Париз, Мадрид итн.. и си фотографираш у меѓувреме, ќе видиш некој добар објект, некоја добра склуптура, некоја фонтана и незнам што друго, и од тоа напрајш добра фотографија, која е приказната тука?
Битен е кадарот од кај ќе фотографираш светлина, колку отворена бленда, брзина. А исто верувај зависи многу и од каков апарат користиш и објектив.
Неможе сликата ако е перфектно испдната да не бде „добра„ ако нема приказна. Нема смисла.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
@Let 3 приметив дека последниве две теми за гласање имаат анкета, но гласовите не се прикажуваат јавно т.е. се гледа колку гласа имаш, но не и кој гласал за тебе. Убаво би било да биде да се гледа тоа, како што и беше до пред овие две теми за гласање:)
 

VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
За болдираното не се соласувам со тебе.
На пример ајде кажи ми како може да има некоја приказна, еве шеташ некаде по природа, ај некое позанто место Париз, Мадрид итн.. и си фотографираш у меѓувреме, ќе видиш некој добар објект, некоја добра склуптура, некоја фонтана и незнам што друго, и од тоа напрајш добра фотографија, која е приказната тука?
Битен е кадарот од кај ќе фотографираш светлина, колку отворена бленда, брзина. А исто верувај зависи многу и од каков апарат користиш и објектив.
Неможе сликата ако е перфектно испдната да не бде „добра„ ако нема приказна. Нема смисла.
За различни работи збориме. Јас кажав за МЕНЕ што е добра фотографија.
А според тебе уметност се и тие глупостите од фотографии што ги постираше Лет 3 од некој си конкурс за фотографи. Технички (светлина, агол, кадар...) што и да гледаш ти како квалитет можеби се супер, не се разбирам многу од тоа, ама за мене се :гомце: . За вкусовите нели не се дискутира. :)
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Ееее...значи ни за сува слива не ме бричите...само еден глас имам :(
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Епа нема само Лет3...рекло се е лет3...и се е он...ќе го симнеме а? хахха
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.054
Поени од реакции
13.551
Епа нема само Лет3...рекло се е лет3...и се е он...ќе го симнеме а? хахха
Ма неее, и лет3 е душичка што еднаш има победено :) фликс и асид се "проблематичните", а и бебуш замара ;)
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Ја па мислех, којзнае колкав фотограф е...ете гледаш...Тај ацид ми е многу сумљив...бива си го! :) хаха шала, никој нема да смениме, ќе градиме заедно :)
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.054
Поени од реакции
13.551
Ја па мислех, којзнае колкав фотограф е...ете гледаш...Тај ацид ми е многу сумљив...бива си го! :) хаха шала, никој нема да смениме, ќе градиме заедно :)
Шооо??? Кој нема? Пссс ќе видиме ;) глеј, убо ми иде и овој пат. Се дур никој не гласа ја победувам хаха
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Е да... големи хомофоби имало тука...а да си бидеме искрени, не са толку добри артисти за да гунџаат....нај-добро е ти! хаха шала, ова си е аматерски натпревар и тоа е очигледно, добрите фотографи седат на други стани веб страни ;)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.643
Поени од реакции
13.094
Дајте нова тема!
(И јас сакам да учествувам!)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom