Кајгана фото-натпревари [општи дискусии]

VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Следната недела е време и на распуст да одиме м? ;)
А може време е и да напрајме маааалку посериозен фото натпревар, јас разбирам дека нема награди, ама ако има слики со чкртки во пеинт и гласања за пријателите (иако очигледно е лоша фотката), а нема нит конструктивни критики...не викам дека знам да фотографирам, ама вака не учам ништо и досадно станува
Поддржувам идеја за малку посериозен натпревар.

Се обраќам до сите што поставуваат слики за натпревар.
Гледам дека се загреавте за натпреварување ама некако ми се чини ко да немате секогаш испирација кога сте ги правеле фотографиите а исто така и малку “досадни“ теми почнавте да бирате.
Пример минатата тема со планина беше апсолутно не инспиративна па така и не гласав. Јас сакам планина ама моментот кога си на врвот и тоа како се чувствуваш, мирот, тишината или песната на птиците, ветрот што дува... или што и да ти причинило задовослтво и сатисфакција го чувствуваш САМО ТИ. И само ти и можеш повторно да си ја доживееш фотографијата гледајќи ја и потсетувајки се на тие моменти. Вашите слики на мене ми беа сите “исти“ (зелени ритчиња :) ).
Фотографијата за да е добра треба да има “приказна“.
Еве на пример последниве фотографии од контраст натпреварот.

Зебрите - Дали се тоа семејство на зебри или се рандом? Од фотографијата не се гледа ништо (блискост, топлина, поврзаност... помеѓу зебрите) . Истото тоа го гледаш било кој ден ако отидеш во зоолошка.
Зајдисонцето - по досадно здравје башка мислам и дека е надвор од темата.
Цвеќињата, кучето, шкорчињата, шишарката... не се воопшто за коментар. Нека ми каже некој дали гледа некаква “приказна“ тука. Може сум грешка може не гледам ко што треба. o_O
Коњите - Дали се пар? Дали кобилта му се наљутила нешто на коњот па е овој малку тажен? Имало можност за приказна ама слабо доловен момент и според мене не квалитетна фотографија.
Окото - Убаво зелено око со кармин ставен на погрешно место :icon_lol: . Фотографија со која евентуално проверуваш моментална состојба на шминка. Не е ни да ја меморираш на компјутер туку веднаш после гледање се брише.
Рибата - Ми личи на гладна. :)
Џусот - е доволно ладен за освежување од топлово време.
Девојката - Јас го “видов“ само манијакалниот пофтеж на Лет 3. Односно како предатор што го набљудува својот плен од повисоко. (има приказна ама не ми се допаѓа приказната :) )
И ми остана сликата на Ацид. Морам да признам дека ми е малку нејасна (дедото дали вика „еве види ме каков бев строен како млад“ или „Види ја баба ти каква беше...“) ама што и да е приказната сепак некако највеќе ми се допадна. Ќе гласам за него.

Се извинувам ако бев малку груб во коментарите ама мислам дека е конструктивна критика без намера да навредам.
Понудете приказна, човек кога ќе ја погледне сликата да расмисли за неа.
 
коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.045
Поени од реакции
13.539

Груб???? Одличен коментар!!! Да, ми се свиѓаше темата но немав време и фотката што ја опнав е баш така, набрзинка и ич не ми се свиѓа (не е кармин, моливче за очи е :P).
И вакви коментари би сакала да има секогаш, без лутење зашто вака и се учи. Мене не ми е важно мене да ни е убава фотката, не, ја поише сакам да чујам другите што мислат за да сфатам каде грешам и што да поправам.

Ај сеа за сите фотки ако не те мрзи :P
 
Мило ми е што е позитивно прифатена критиката. Не сум јас некој експерт него само си кажувам како јас ги доживувам фотографите. Инаку себеси се сметам за многу лош фотограф на пр. :)

Па има коментар скоро за сите фотки од последнов натпревар. :) Или мислиш за сите твои фотки?
Ќе пробам во иднина малку повеќе да коментирам. До сега слабо пишував на темава само си гласав ако нешто ми се допадне.
 
мислев за моите, али се зезав, не мислам до толку да те гњавам :) еве ја си кажувам отворено, сите сте добродојдени да ми кажете буквално се што мислите за моите фотки.

иначе и ја не си сакам ниедна моја фотографија
 
BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Груб???? Одличен коментар!!! Да, ми се свиѓаше темата но немав време и фотката што ја опнав е баш така, набрзинка и ич не ми се свиѓа (не е кармин, моливче за очи е :P).
И вакви коментари би сакала да има секогаш, без лутење зашто вака и се учи. Мене не ми е важно мене да ни е убава фотката, не, ја поише сакам да чујам другите што мислат за да сфатам каде грешам и што да поправам.

Ај сеа за сите фотки ако не те мрзи :P
Го делам мислењето @VoniVaraS :D
Кога почнаа натпревари јас очекував дека оние што се малку поискусните ќе коментираат повеќе околу фотографиите. До сега имам прочитано 1 или 2 (без твојот) што се добри коментари.
Не е битно кој колку знае ама убаво е да се чуе кој што мисли. Не мора сите да пишуваат, нормално, ама нешто ако на некој му оставило впечаток (добар или лош), може да се потруди да објасни зошто.
Во моментов, натпревариве немаат никаква поента. Се пријавуваме, гласаме и еден победува и толку. Никој ништо не учи. Знам дека кривицата и кај мене паѓа, зашто сум можела да коментирам јас колку толку до сега, ама ми изгледа како никој друг да не го интересира да научи било што.

Еве и јас да си кажам, и мене ме интересира кој што мисли за моите фотографии, без разлика какви се :D

И коцка, треба да почнеш да си ги сакаш фотографиите. Не да бидеш како оние што мислат дека имаат најдобри, ама ако не си ги сакаш ти, зашто ги правиш тогаш? :)
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
3-5 години треба за да се усоврши нешто и да се стане профи...тука повеќето сме аматери, со исклучок на поединци ...но кој се труди- постигнува.
Инаку мислам дека најдобро се учи сам....т.е преку експерименти и вежби. Основите нормално се важни....
Осеќам дека многу деца кои постираат овде еден ден ќе направат апгрејд на камери и опрема...и ќе станат познати артисти на полето на фотографијата.
И коцка, супер фотки правиш....таа со балонот од претходниот натпревар ми е трајно врежана во главаа....а тоа е и поентата, да се направат слики кои се запечатуваат лесно во паметта ..:)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Го делам мислењето @VoniVaraS :D
Кога почнаа натпревари јас очекував дека оние што се малку поискусните ќе коментираат повеќе околу фотографиите. До сега имам прочитано 1 или 2 (без твојот) што се добри коментари.
Не е битно кој колку знае ама убаво е да се чуе кој што мисли. Не мора сите да пишуваат, нормално, ама нешто ако на некој му оставило впечаток (добар или лош), може да се потруди да објасни зошто.
Во моментов, натпревариве немаат никаква поента. Се пријавуваме, гласаме и еден победува и толку. Никој ништо не учи. Знам дека кривицата и кај мене паѓа, зашто сум можела да коментирам јас колку толку до сега, ама ми изгледа како никој друг да не го интересира да научи било што.

Еве и јас да си кажам, и мене ме интересира кој што мисли за моите фотографии, без разлика какви се :D

И коцка, треба да почнеш да си ги сакаш фотографиите. Не да бидеш како оние што мислат дека имаат најдобри, ама ако не си ги сакаш ти, зашто ги правиш тогаш? :)
ПРВО Во натпревар нема место за критика. Си пратил фотка за која мислиш дека е добра и во натпреварот некој да ти каже “си ја утнал работата, не ме бендисва, слаба е, не е добро кропирана, фокусирана не ме бендисва....“

ВТОРО Освен комерцијални, фотографиите се уметност и секој си има свој стил, начин, тема.... Начин на кој сликал еден рембрант не е ист како шо сликал Тицијан или Веласкез или Моне, кубизам, импресионизам, модернизам... секој си има свој стил и “правила“ исто како и различните стилови на различни фотографи.

ТРЕТО, Можеме да отвориме тема за “помош во фотографија“ каде ЈАС ќе ти кажам како JAC би ја сликал или средил твојата фотографија, но тоа би бил ЈАС а не ТИ, или каде би ти ги напишал фотографските правила колку третини од фотката да ти е небо колку да ти е субјектот, како “по учебник“ да кропираш фотка... има теми каде може да се добие помош од поискусен фотограф али јас појќе го гледам тоа како техничка помош (како фотката да не му е матна или преосветлена...) од колку сугестија што да фотографира или од кој агол или какви сцени

ЧЕТВРТО Фотографирај за себе а не за други, гледај твојата фотографија да те преставува тебе, твојот поглед кон светот а не шо би сакале други да видат и на други да им се бендиса.
 
Прво, овој натпревар не е како и други натпревари, зашто е само за забава и не се освојува ништо. Зашто да биде ништо, зашто да не биде знаење? Знаењето е без пари, само некој треба да одвои време.
Второ и трето, секој си има право на свое мислење нели? Никој не вика ти да му кажеш на некој КАКО да слика, туку едноставно да го споделиш мислењето, па макар да е тоа како ти БИ сликал. Правила има да, ама дозволено е кршење на тие правила во одредени ситуации и неможеш да му кажеш на некој дека не ги следел правилата ако тој исклучок е со причина.
Исто така, можеби ти ќе видиш нешто во фотографијата што тој што ја направил не ни помислил. Можеби ќе натераш некој да размислува повеќе или различно кога слика. Секој има различен стил, ама и секој има различен поглед на уметност. Нема ништо лошо во тоа да се сподели мислење. Ако ти кажеш зашто не ти се свиѓа, не значи дека фотографијата не чини, туку значи дека не ти се свиѓа заради одредена причина.

Ако ти смета да коментираш и не сакаш да слушаш критики, тоа е друга работа. Само кажи. Јас сакам да учам и ме интересираат мислењата на другите.
 
Со ова се согласувам. Фотографијата е начин да се изразиш на некој начин и нормално треба да биде уникатно и твое. Ама ако планираш да продаваш и те како е битно што мислат другите. Затоа што иначе никогаш ништо нема да продадеш.
Ако сликаш за пари, треба да знаеш што бараат од тебе. Ако имаш стил на фотографирање и луѓето доаѓаат кај тебе заради тоа, тоа е супер, ама треба да стигнеш до таму прво и да изградиш база на клиенти. А за тоа треба време и треба да си го пронајдеш стилот, а тоа доаѓа со екпериментирање. Овде има многу почетници ( меѓу кои и јас ) што уште имаат леб да јадат за да си го пронајдат стилот. А и не гледам ништо лошо во експериментирање дури и да се имаш пронајдено во фотографијата. Може ќе најдеш нешто што повеќе ти се свиѓа. И никогаш нема да се подобриш ако го правиш истото цело време, а и досадно е. Коментарите би помогнале во тој случај. Може некоја супер идеја ќе произлезе од нечив коментар или критика.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Прво, овој натпревар не е како и други натпревари, зашто е само за забава и не се освојува ништо. Зашто да биде ништо, зашто да не биде знаење? Знаењето е без пари, само некој треба да одвои време.
Второ и трето, секој си има право на свое мислење нели? Никој не вика ти да му кажеш на некој КАКО да слика, туку едноставно да го споделиш мислењето, па макар да е тоа како ти БИ сликал. Правила има да, ама дозволено е кршење на тие правила во одредени ситуации и неможеш да му кажеш на некој дека не ги следел правилата ако тој исклучок е со причина.
Исто така, можеби ти ќе видиш нешто во фотографијата што тој што ја направил не ни помислил. Можеби ќе натераш некој да размислува повеќе или различно кога слика. Секој има различен стил, ама и секој има различен поглед на уметност. Нема ништо лошо во тоа да се сподели мислење. Ако ти кажеш зашто не ти се свиѓа, не значи дека фотографијата не чини, туку значи дека не ти се свиѓа заради одредена причина.

Ако ти смета да коментираш и не сакаш да слушаш критики, тоа е друга работа. Само кажи. Јас сакам да учам и ме интересираат мислењата на другите.
Самиот наслов НАТПРЕВАР исклучува критики. Дал е за забава или за награда, натпревар е тоа, секој праќа она што мисли дека му е добро, фотографија за која смета дека вреди да учествува
Јас лично не сакам студиски фотографии, фотографии на природа, пејсажи, домашни миленици. И кога би бил во жири на некој натпревар такви фотографии не би ми оставиле впечаток. Разбери дека мислење за фотографија даваат луѓе кои имаат свои лични афинитети или наклоност кон некој стил или начин. Фотографија кое едно жири ќе ја одбие на некој конкурс - ќе биди прифатена или дури и ќе победи на друг натпревар кај друго жири. Јас лично бев запрепастен од првонаградни второнаградени и третонаградени колекции на фотографии на меѓународен фото конкурс Ровињ 2014 а ги бираше некојси славен фотограф професор од Америка. Јас такви слики ни на ФБ не би ставил, а тој би ти советувал такви фотки да правиш ( и ќе речеш “професор е...“
http://www.photodays-rovinj.com/hr-hr/finalisti-2014/umjetnicki-koncept/jovana-trkulja
http://www.photodays-rovinj.com/hr-hr/finalisti-2014/umjetnicki-koncept/katarina-radovic
http://www.photodays-rovinj.com/hr-hr/finalisti-2014/umjetnicki-koncept/blerim-racaj
и така натаму, ова се уметнички фотографии спрема Тод Папаџорџ кој беше професор на фотографија на Јејл

Јас лично имам да му замерам на работи кои мене ми пречат на многу светски познати фотографии. Пак ќе повторам, постои фотографија која мора да се држи до одредени правила или закони за да биде прифатена, фотографии за весници, калндари, свадби, крштевки пасоши, легитимации, полициски увиди.... какво светло мора, од кој агол, хистограм, кроп...

Но сепак до колку сакаш можеш слободно да поставиш своја фотка и побараш критика, јас само кажувам мое мислење на таа тема а не дека не дозволувам

ПС
првонаградена колекција во категорија - уметнички концепт
http://www.photodays-rovinj.com/hr-hr/finalisti-2014/umjetnicki-koncept/vittorio-mortarotti
 
Последно уредено:

Јасно ми е тоа, и истото пробувам да ти го кажам.
Натпревар е да, ама на форум, коешто е место за дискусија. Незнам како различно би го нарекле. И знаеме дека не е забрането, чисто пробуваме да ги поттикнеме луѓето. Ама како што гледам само 3ца го делиме мислењево така да џабе збориме.
 
VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Самиот наслов НАТПРЕВАР исклучува критики. Дал е за забава или за награда, натпревар е тоа, секој праќа она што мисли дека му е добро, фотографија за која смета дека вреди да учествува
Вака Лет 3, мене ни на крај памет не ми беше да отворам критичка дебата и да го нарушам натпреварот како што велиш ти.
Јас си ги отварав темите со натпревари и си гласав, ако нешто ми привлечеше внимание. Ги скокнав темата со децата и темата со пејсажи, не ми се тоа фотографии кои би ги оценувал (лајк или дислајк сеедно). Таквите фотографии ми се поврзани или исклучиво со фотографот лични, (ако слика сопствено дете или си слика спомен од природата за да се потсетува) или ми се наменски (реклами, календари...)
Оценувам, критикувам (позитивно или негативно) фотографии со пораки, со содржина со приказна. Не сакав поединечно да ги критикувам фотографиите (како што уствари направив се извинувам ;( ) туку само сакав да изразам мало незадоволство од падот на самокритиката при изборот на фотографија која би ја пратиле на “натпревар“. Идејата ми беше малку да се поттикнат тие што праќаат фотографии и малку повеќе се потрудат околу правењето или ако веќе имат таков тип на фотографија при изборот, за да се подигне квалитетот.
Не мора да се укажува на грешките што ги направиле при сликање, според мене ако се има повеќе коментари околу тоа кој што и како видел на фотографијата, што му се допаѓа, другите ќе си увидат што им недостасува на нивните ако ме разбираш.

Оценката за фотографија (било која уметност) е индивидуална и една фотографија и не мора да е технички добро направена за да биде допадлива, ако има содржина. И со нај обично идиотче може да се направи фотографија за ваков (аматерски) натпревар а таа да освои повеќе симпатии од обичните форумџии ко мене, кои немаат никаква допирна точка со фотографството како професија.
Никој на никого тука не треба да наметнува стил или начин на сликање, или не знам што, само си кажуаме свое мислење. И на “натпревариве“ јас мислам дека не бираме најквалитено “изработени“ фотографии, туку бираме фотографија која најмногу ни се допаѓа. Далеку сме ние (јас и другите форумџии) од стручно жири за квалитет. :)
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Поддржувам идеја за малку посериозен натпревар.

Се обраќам до сите што поставуваат слики за натпревар.
Гледам дека се загреавте за натпреварување ама некако ми се чини ко да немате секогаш испирација кога сте ги правеле фотографиите а исто така и малку “досадни“ теми почнавте да бирате.
Пример минатата тема со планина беше апсолутно не инспиративна па така и не гласав. Јас сакам планина ама моментот кога си на врвот и тоа како се чувствуваш, мирот, тишината или песната на птиците, ветрот што дува... или што и да ти причинило задовослтво и сатисфакција го чувствуваш САМО ТИ. И само ти и можеш повторно да си ја доживееш фотографијата гледајќи ја и потсетувајки се на тие моменти. Вашите слики на мене ми беа сите “исти“ (зелени ритчиња :) ).
Фотографијата за да е добра треба да има “приказна“.
Еве на пример последниве фотографии од контраст натпреварот.

Зебрите - Дали се тоа семејство на зебри или се рандом? Од фотографијата не се гледа ништо (блискост, топлина, поврзаност... помеѓу зебрите) . Истото тоа го гледаш било кој ден ако отидеш во зоолошка.
Зајдисонцето - по досадно здравје башка мислам и дека е надвор од темата.
Цвеќињата, кучето, шкорчињата, шишарката... не се воопшто за коментар. Нека ми каже некој дали гледа некаква “приказна“ тука. Може сум грешка може не гледам ко што треба. o_O
Коњите - Дали се пар? Дали кобилта му се наљутила нешто на коњот па е овој малку тажен? Имало можност за приказна ама слабо доловен момент и според мене не квалитетна фотографија.
Окото - Убаво зелено око со кармин ставен на погрешно место :icon_lol: . Фотографија со која евентуално проверуваш моментална состојба на шминка. Не е ни да ја меморираш на компјутер туку веднаш после гледање се брише.
Рибата - Ми личи на гладна. :)
Џусот - е доволно ладен за освежување од топлово време.
Девојката - Јас го “видов“ само манијакалниот пофтеж на Лет 3. Односно како предатор што го набљудува својот плен од повисоко. (има приказна ама не ми се допаѓа приказната :) )
И ми остана сликата на Ацид. Морам да признам дека ми е малку нејасна (дедото дали вика „еве види ме каков бев строен како млад“ или „Види ја баба ти каква беше...“) ама што и да е приказната сепак некако највеќе ми се допадна. Ќе гласам за него.

Се извинувам ако бев малку груб во коментарите ама мислам дека е конструктивна критика без намера да навредам.
Понудете приказна, човек кога ќе ја погледне сликата да расмисли за неа.
Скар беа зебрите тој ден, затоа не се гледа блискост, топлина и поврзаност... помеѓу зебрите...
 
Си го опиша сопствениот психолошки профил, знаеш оној тест каде му се покажуваат разни флеки од мастило на различни луѓе, и секој ралично го доживува. Невозможно е да создадеш фотографија која на разни луѓе ќе им делува исто, или исто ќе ја доживеат, различно ќе ја доживеат различни психички профили на луѓето. Секој од својот посебен психички аспект - посебно ќе ја доживее, Така да при некои критики на фотки - ќе излезат на површина нашите страсти, желби, афинитети, стравови..... Фотографијата ќе биде само дугмето кое ќе ги активира
 
коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.045
Поени од реакции
13.539
А да отвориме тогаш една тема каде што ќе се дискутираат фотографиите, одвоена од натпреварот?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom