Кајгана фото-натпревари [општи дискусии]

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Лејдис енд џентлмен, на мое, а верувам и на ваше задоволство од денеска ја стартувам оваа тема со цел да имаме во иднина интересни натпреварување со кои преку фотографијата ќе се стремиме да ја прикажеме убавината на овој свет и секако природата која не опкружува и како и единственоста на спонтаните моменти кои не опкружуваат, кои не секогаш ги забележуваме. Верувам секој од вас често знае да фотографира нешто а зошто тоа да не го прикажете тука и да се обидете да победите? за да направите добра фотографија во природа не мора да бидете професионалец бидејќи природата е самата по себе фотогенична, се што треба да направите е да го најдете вистинскиот агол и соодветното светло, и добрата фотографија е во вашиот фотоапарат.

Темата на натпреварот за оваа недела ќе биде со наслов “ Природата на дланка ” Откријте ја убавината на моментите сликани спонтано низ објективот на вашиот апарат. Изразете ја вашата креативност преку вашата фотографија, со што ќе ја истакнете вашата замисла и она што сакате да го пренесете преку вашата фотографија.

Како ќе фукционираат натпреварите?

Секој понеделник ќе се објавува нов натпревар, преходно кој ќе победи во овој натпревар ќе одбере тема.

Секој натпреварувач треба да прати не повеќе од две фотографии, во оргинална големина.

Вашите фотографии испраќајте ги до понеделник 27.01.2014 година.

(Едитирано од Acid: Ова ќе се утврди ова понатаму, се' уште не испраќајте фотки)
 

Attachments

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Идејата одлична (y)
Само ќе може да се важат и со мобилен телефон, оти не секогаш во природа носам фотоапарат со мене.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.045
Поени од реакции
13.539
идејата што ја предложив пред недела дена, а @acid рече да почекаме ќе објаснел што има на ум :) и уште го нема
ја исто би рекла и да се остава мааалку подолг период зашто сепак фотографија е, не треба да е форсирана. бар ја наредниве 5 дена сигурно природа нема да видам :( работам од 8 до 8 па за да учествувам богами ќе треба време да си најдам
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Само три прашања пред да започнеме:
Дали сметате дека ќе биде подобро да се остават 2 недели за фотографирање?
Дали сметате дека ќе биде поинтересно да се прикачуваат само фотки направени по задавањето на темата (нови фотки), односно, да не се примаат постари фотографии?
Дали сметате дека е подобро да има посебен подфорум за фото-натпреварите на Кајгана?

Пријавените фотографии би се ставиле на гласање веднаш по завршување на рокот за фотографирање, а во меѓувреме се задава нова тема за фотографирање. Откако ќе се утврди победникот од претходниот натпревар, тој може да ја предложи новата тема за следниот натпревар. Не треба да напоменувам дека сите треба да играат ферски и да поставуваат лично нивни дела. Доколку откриеме туѓ труд, членот ќе биде отстранет од сите понатамошни натпревари.

Значи:
- Натпреварот се' уште не е почнат, затоа не испраќајте фотографии;
- Идејата за испраќање фотографии во „оригинална големина“ не е добра и тешко изводлива (ќе го дефинираме и ова);

@коцка, @Комита Ултрас, @Isak Keyten, @DonJas, @Let3 и сите останати (поискусни) фотографи... Очекувам ваши мислења пред да почнеме со било какви натпревари :)
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.320
Поени од реакции
27.799
1. Две недели таман се затоа што ипак ова е фотографија натпревар, а не готвење или слично. Си бара време ете чист пример е коцка кој нема време да види природа. Дур се обработи едно друго, 2 недели си се таман.

2. Да, убаво би било така да се ставаат фотки до сеа што не биле објавени на кајгана па по можност и воопшто да не се објавени т.е. нови да се.

3. Да, ем ќе се размрда подфорумот ем со тек на време хаос ќе стане па ќе треба да се префрлаат темите.

4. Иам уште еден предлог. Паралелно на темата за гласање или во истата(да се гласа преку анкета), а на самата тема фотографите да си даваме критики и пофалби за истата фотографија зошто ти се свиѓа или зошто не што би променил и сл.

пс. На ДонЈас да му се пише на фб пошто глеам од 4 јануари не е активен на форумов.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
2 недели се сосема во ред да се направат две до три фотографии, сметам дека фотографиите треба да бидат направени откако ќе се објави темата за фотографирање а не од пред шест месеци да се прати фотографија. Посебен подфорум би било одлично да има бидејќи на тој начин би било попрегледно.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Одлична идеја...посебно што ќе учествувам секојдневно во пратење и гледање
а за сликање сум дудук,освен се разбира оние снимки од3хА - НАША РАБОТА
-
(ама почна со копирање-признајте идеја ви е од Сунгерот боб и сличната тема)
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.536
Поени од реакции
2.222
Ако нема фотошопи и чуда, и ако смее слики со аматерски апарат...со оглед на тоа дека рпавам голема колекција зашто ги кружам планиниве редовно: I'm in! ;)
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.045
Поени од реакции
13.539
Ајм ин! И ја само анатерски за мене си фоткам, врсја неам од фотошоп и друго, ама ова е натпревар, кој што може да прикаже тоа :) ако некој се осеќа подобро после фотошоп јас немам проблеми :)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Одлична идеја (y)
Треба да се испратат две различни слики на една иста зададена тема како што е прикажано погоре?
:)
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.045
Поени од реакции
13.539
Одлична идеја (y)
Треба да се испратат две различни слики на една иста зададена тема како што е прикажано погоре?
:)
Го чекав моментот кога ќе го видам твојот коментар И овде :D
Иначе не, натпреварот официјално не е почнат и не, не треба по две фотки. Тоа горе е пример :)
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Мои предлози:

Број 1. Периодот да е подолг - нема што да се брза толку (и онака немаше ништо од овој тип до сега)
Број 2. Конкретно оваа тема - природа, ок.......поприлично општа и за периодов не многу соодветна. (Зима, на пример...)
Број 3. Сликите да се сликани во период по објава на темата, без копање по архиви.
Број 4. Вчера аплоудирав слики во „Драга Кајгана“....10 пати им правев resize за да успеам - натпреварот треба да одреди максимален формат (не мислам на пропорции - тоа е глупо ограничување).

....и да додадам - знам за идејава пошо го следам подфорумов - Браво! Се надевам дека ќе заживее повеќе на овој начин.
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.045
Поени од реакции
13.539
епа @.sky. како автор на темава бујрум означи го официјалниот почеток, може и со ставање на првата фотка, на поконкретна тема, како што предложи @dave :)
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
епа @.sky. како автор на темава бујрум означи го официјалниот почеток, може и со ставање на првата фотка, на поконкретна тема, како што предложи @dave :)
Јас мислам дека би било подобро да почекаме уште 1-2 дена додека конечно не ги дефинираме правилата по кои ќе се движат натпреварите, бидејќи лесно е да се отвори натпревар но битното е да имаме правила по кои ќе учествуваме. Се надевам Ајсид ќе ги запише правилата во скоро време бидејќи јас не можам да едитувам...и потоа ќе се отвори официјално првиот натпревар а верувам на овој начин ќе заживее овој подфорум бидејќи навистина има одлични личности кои фотографираат и дефинитивно ќе има жестоки дуели.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom