Чувајте си ги парињата.
Освен на играчи ( со ситна уплата ) не вреди да се фрлаат пари.
Унгарија, со онаа машинерија од Веспрем и Сегед нерешено со Аргентина, абе ајде, Аргентина со 2 играчи.
Австрија, со Билик, Херман, Божовиќ, Сантос губи 8 ( осум ) разлика од Чиле. (полуаматерска репка, составена од келнери, шанкери, механичари).
Катар губи од Ангола.
Плус, најважното.
Коефициентите се тешка мизерија и не вреди ниту да се погледнат, камоли пари да се уплатат.
Резил, 6 утакмици ти требаат за 2 коефициент да склопиш, а ќе се убиеш од нерви додека ги погодиш.
Побрзо некој рандом тип со 2 коеф. во 9та Англиска лига ќе го погодиме отколку 1.10 на ова СП.
Само лабаво, без замарање, типување на некои играчи кои играат со огромни минутажи, што земаат повеќе шутеви, што немаат некои замени , играчи како: Манасков, Киро, Сагосен, Јондал, Бјорнсен, Циндриќ, Степанчиќ, Дибиров, Пслмарсон, Гунарсон, Вајнхолд, Гигу, Нгесан, Де Толедо, пикерите од Германија ( многу топки има за нив), исто и за нашите пикери, (и на нив вреди да се игра ).
Уствари, среќа треба пред се, а среќа ни недостига, барем во мојот случај со кладилницата.