Кајгана собиранка + хуманитарка во БАР ОН - 15.05.2015 (петок) во 21 часот!

Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Ајде во „БАР ОН“ на забава од хуманитарен карактер! :)

Безброј пати до сега Кајганџии покажаа дека покрај тоа што се заебанти, тролови, пипери, провокатори, знаат да покажат дека имаат огромно срце, знаат да ја покажат и својата хумана страна. За прв пат годинава ќе организираме забава со хуманитарен карактер. Станува збор за семејство на кое му е потребна помош, било каква. За подетални информации, може да се обратите кај @CafeDelMar

Овој пат @Acid кажа дека го средил микрофонот, па ќе можеме да фураме рапови а не да ни кочи и да ни викаат дека не знаеме и не не’ бива. Кој ќе пее најлошо, под казна ќе донира, кој ќе пее најдобро, бакшишот ќе го даде во добротворни цели. Оние кои нема да пеат, ќе донираат зошто нема да пеат итн итн... :D

ДАТУМ И ВРЕМЕ:
15.05.2015 (петок) во 21:00 часот

МЕСТО:
БАР ОН - ТЦ Бисер I кат

ДОНИРАМЕ ЗА:
Три члено семејство (самохрана мајка и деца).
Доколку собереме повеќе облека/средства, слободно посочете семејства за помош со кои би можеле да се поделат донациите.

ШТО СЕ ДОНИРА:
Облека, обувки, кујнски апарати, постелнина, играчки и финансиски средства


За донацијата да стигне на вистинското место (складирање, превоз и достава) ќе се погрижи @Комита Ултрас. Како фин дечко, дури се нафати да изработи и кутија за донации :)
 
Последно уредено од модератор:

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Јо, мислам дека со @Комита Ултрас и @CafeDelMar договаравме да се собира облека и средства, а тоа со тортите да го оставиме за друг пат :)
Идејата беше за се изжуркаме како и секогаш, ама на доаѓање да донесеме и по една вреќа облека која ќе отиде кај едно семејство на кое му е потребна помош. Повеќе информации за ова може да пишат хуманитарците кои ќе го организираат овој дел (каде ќе одат донациите, како ќе се организира превозот итн).

Добрата вест е што конечно затопли, па ќе може да се журкаме надвор, на воздух, кај што ќе може и да чуриме цигари :D

Пријавувајте се и ажурирајте си ја агендата, а тагирајте и ги пријателите за заедничко доаѓање. Ако не сте од Скопје, слободно користете ја темава за договарање.
 
Член од
18 април 2015
Мислења
33
Поени од реакции
19
Долго време бев луркер на форумот а скоро и се одлучив да направам акаунт.
Се надевам има место и за понови членови..
:D
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Долго време бев луркер на форумот а скоро и се одлучив да направам акаунт.
Се надевам има место и за понови членови..
:D
Секако дека има, собиранките се идеални за запознавање ;)
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Оваа вест раширете ја по блиски, затоа што има многу луѓе шо периодов го чистат плакарот и ја фрлаат старата облека. Може да ги поканите и нив на забава или пак да ја донесете облеката. Исто така доколку имате и стари играчки/обувки донесете ги. Вие ќе се ослободите од непотребното, а други ќе се израдуваат на најпотребното :pipi:
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Препрочитајте го првиот пост, содржи подетални информации :)
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.320
Поени од реакции
27.799
Секој кој е во можност да донира, а се срами да дојде на собиранка или поради икс причини не е во можност да дојде, нека ми пише по пп ќе дојдам со кола на договорено место и ќе ги земам работите.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489

Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Какви кујнски апарати?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.024
Поени од реакции
36.785
Се надевам дека сите кои се во можност да одвојат барем малку пари или нема да ги мрзи да пребараат по плакари дома ќе се довлечкаат до БАР ОН и ќе помогнат зашо на крај краева не се работи за тоа кој каков статус има на форумоф, дали те тролаат ликови, дали тролаш ти ликови сепак на некое семејство му треба помош која се надевам ќе му биде пружена.

Баталете форум и бидете таму, ќе има пиво, ќе има смеење, ќе репаме ја и пеца :Д
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Дур сме на муабетов, колкави се децата, да знајме за облека за величини. 90% идам (ак не заборам, ретко идам на форумов), за облека ќе проверам утре како стојам по подруми и шкафој.

Исто, мислам дека е добра идеја донирање на трајна храна (брашно, масло за готвење, ориз, тестенини, паштети, туни, месни нарезоци и сл.), како би се смалиле трошковите на семејството во поглед на исхраната. Џст сејин.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.914
и децата дали се машки или женски, што ако донесам играчки за машки а жената има 2 девојчиња?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom