Кајгана репортажа: Ford Safety Tour во Виена

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
На покана од Ford, присуствувавме на Ford Safety Tour, настан кој се одржа во Виена, а на кој ни беа презентирани најновите технологии за зголемена безбедност во сообраќајот вградени во новата генерација возила на Ford.


Се работи за пет нови технологии присутни во возилата на Ford, кои освен што придонесуваат за зголемена безбедност во сообраќајот, прилично ги олеснуваат и секојдневните активности на возачите. Во Виена имавме можност да се запознаеме со овие технологии најпрво преку разговор со инженерот на Ford кој е одговорен за нивниот развој, а потоа и во пракса возејќи едно од возилата.
Active Park Assist
Технологијата на Ford за активна асистенција при паркирање е дизајнирана да го направи едноставно паралелното паркирање.

Како работи?
Active Park Assist е полуавтоматски систем за паралелно паркирање кој користи ултрасонични сензори за да препознае место за паркирање, а потоа да го превземе управувачот за да го паркира возилото. Системот се активира со притискање на „Parking“ копчето кое е сместено на централната конзола. Кога ќе се вклучи системот, сензорите скенираат помеѓу паркираните возила и мерат колку слободен простор е на располагање. Кога ќе се пронајде место за паркирање кое одговара, системот го советува возачот да застане преку аудио и визуелно известување. Потоа, возачот треба да го уфрли менувачот во „рикверц“, а возилото самото го контролира вртењето на воланот.

За да добиете подобра претстава што всушност се случува, погледнете го видеото кое го снимивме возејќи го новиот Ford Focus и тестирајќи ја оваа технологија.
(целата репортажа прочитајте ја тука)
 
T

Tetro

Гостин
Active Park Assist
Технологијата на Ford за активна асистенција при паркирање е дизајнирана да го направи едноставно паралелното паркирање.

Како работи?
Active Park Assist е полуавтоматски систем за паралелно паркирање кој користи ултрасонични сензори за да препознае место за паркирање, а потоа да го превземе управувачот за да го паркира возилото. Системот се активира со притискање на „Parking“ копчето кое е сместено на централната конзола. Кога ќе се вклучи системот, сензорите скенираат помеѓу паркираните возила и мерат колку слободен простор е на располагање. Кога ќе се пронајде место за паркирање кое одговара, системот го советува возачот да застане преку аудио и визуелно известување. Потоа, возачот треба да го уфрли менувачот во „рикверц“, а возилото самото го контролира вртењето на воланот.
Го читав пред некој ден, и сосема ми е јасно на кој начин работи. Ама, мислам дека јапонците го имаа презентирано многу порано овој систем, ако не се лажам.

И не, не ми прави ќејф паркирање под десет (10) сензори, додека сум способен да носам проценка при паркирањето сам. ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom