Доволно бев силна, всушност, незнам и зошто толку време се правев силна...можеби од срам од околината, за да не ме видат победена, засрамена, скршено его....безвезе....
Сакам да земам бело знаме, да, доста е веќе, се предавам...сакам да се осамам и да плачам....доста е залажување...можеби е подобро така, да си бидам пријателка сама на себе.
Been there.
До пред некој период бев искршена на илјада парчиња, чинам како да слушав како ми се крши срцето и душата, бев со променливо расположение, имаше денови кај што бев силна, исто и период кај што си дозволував да имам лош ден и сето тоа само поради една личност. Постојано слушав најди си хоби, нешто што нема да те тера да мислиш на се што ти се има случено, искрено, помага на почеток ама вистинскиот шит е кога ќе останеш сам со своите мисли. Често ќе се изгладнував или ќе се прејадам, доброто е што не се поправав па си останав на нормална килажа. Некогаш наоѓав утеха во храната, се случи пред некој период прв пат да посегнам и по алкохол или цигара а изгледот сосема го имав запоставено.
Ама кога размислив подобро, почнав да се борам, не се предадов, стиснав заби, да се ставам себе на прво место, затоа што никој не е поважен од мене и од моето здравје, од моите желби да се вратам на стариот пат ама понекогаш пак имам лоши денови, си дозволувам.
Знам дека е клише, не вреди да се замараш бла бла бла, ама знаеш како велат? Дај му време на времето, остави ги другите што велат, дали ти живееш за другите или за себе?
Небитни се, битна си само ти, твојот живот, дали ќе се спротиставиш или ќе дозволиш да потпаднеш?
Во ред е, не е страшно да имаш лоши денови, сите ги имаме, прашање е како ќе се соочиш со тоа.
Животот е борба, цело време, за некој мајка, за некој маќеа, за жал.
Најважно е сама себе да си бидеш пријателка, ако сама не си помогнеш, што и да прават другите, ќе биде залудно.
Не очекувај од некој да те ислуша, да ти помогне, пола ќе те тапшат по рамо, други ќе се радуваат за твоите проблеми, биди си доволна сама на себе, па ако е потребно, побарај стручно мислење, не е срамота да посетиш психолог/психијатар иако живееме во доба кога комшиите ќе те направат будала доколку дознаат дека посетуваш. Screw them.
Ако сакаш и ако мислиш дека ќе ти помогне, исплачи се, истерај го бесот од себе, не знам колку ќе биде од полза, ама вреди да се обидеш.
Ако ти треба разговор, тука сум да те ислушам.
Не знам колку ти помогнав со постот, ама само ќе ти кажам дека те сфаќам.
Држи се, знам дека можеш.