Кајгана психолог

Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Доволно бев силна, всушност, незнам и зошто толку време се правев силна...можеби од срам од околината, за да не ме видат победена, засрамена, скршено его....безвезе....
Сакам да земам бело знаме, да, доста е веќе, се предавам...сакам да се осамам и да плачам....доста е залажување...можеби е подобро така, да си бидам пријателка сама на себе.:(
Конечно падна маската. :bravobe:
 
Член од
27 јануари 2018
Мислења
375
Поени од реакции
1.231
Доволно бев силна, всушност, незнам и зошто толку време се правев силна...можеби од срам од околината, за да не ме видат победена, засрамена, скршено его....безвезе....
Сакам да земам бело знаме, да, доста е веќе, се предавам...сакам да се осамам и да плачам....доста е залажување...можеби е подобро така, да си бидам пријателка сама на себе.:(
Been there.
До пред некој период бев искршена на илјада парчиња, чинам како да слушав како ми се крши срцето и душата, бев со променливо расположение, имаше денови кај што бев силна, исто и период кај што си дозволував да имам лош ден и сето тоа само поради една личност. Постојано слушав најди си хоби, нешто што нема да те тера да мислиш на се што ти се има случено, искрено, помага на почеток ама вистинскиот шит е кога ќе останеш сам со своите мисли. Често ќе се изгладнував или ќе се прејадам, доброто е што не се поправав па си останав на нормална килажа. Некогаш наоѓав утеха во храната, се случи пред некој период прв пат да посегнам и по алкохол или цигара а изгледот сосема го имав запоставено.
Ама кога размислив подобро, почнав да се борам, не се предадов, стиснав заби, да се ставам себе на прво место, затоа што никој не е поважен од мене и од моето здравје, од моите желби да се вратам на стариот пат ама понекогаш пак имам лоши денови, си дозволувам.
Знам дека е клише, не вреди да се замараш бла бла бла, ама знаеш како велат? Дај му време на времето, остави ги другите што велат, дали ти живееш за другите или за себе?
Небитни се, битна си само ти, твојот живот, дали ќе се спротиставиш или ќе дозволиш да потпаднеш?
Во ред е, не е страшно да имаш лоши денови, сите ги имаме, прашање е како ќе се соочиш со тоа.
Животот е борба, цело време, за некој мајка, за некој маќеа, за жал.
Најважно е сама себе да си бидеш пријателка, ако сама не си помогнеш, што и да прават другите, ќе биде залудно.
Не очекувај од некој да те ислуша, да ти помогне, пола ќе те тапшат по рамо, други ќе се радуваат за твоите проблеми, биди си доволна сама на себе, па ако е потребно, побарај стручно мислење, не е срамота да посетиш психолог/психијатар иако живееме во доба кога комшиите ќе те направат будала доколку дознаат дека посетуваш. Screw them.
Ако сакаш и ако мислиш дека ќе ти помогне, исплачи се, истерај го бесот од себе, не знам колку ќе биде од полза, ама вреди да се обидеш.
Ако ти треба разговор, тука сум да те ислушам.

Не знам колку ти помогнав со постот, ама само ќе ти кажам дека те сфаќам.

Држи се, знам дека можеш. :)
 
Член од
25 август 2019
Мислења
263
Поени од реакции
471
Знам дека е клише, не вреди да се замараш бла бла бла, ама знаеш како велат? Дај му време на времето, остави ги другите што велат, дали ти живееш за другите или за себе?
Небитни се, битна си само ти, твојот живот, дали ќе се спротиставиш или ќе дозволиш да потпаднеш?
Toчно. Но како се тоа да го излеризиран во пракса? Теоретски, секој може да даде совет на друг, без ралика дали го познава проблемот...
 
Член од
27 јануари 2018
Мислења
375
Поени од реакции
1.231
Toчно. Но како се тоа да го излеризиран во пракса? Теоретски, секој може да даде совет на друг, без ралика дали го познава проблемот...
Ако се замарам што ќе мислат другите за мене, како ќе ме третираат нема никаде да стигнам туку ќе тапкам во место и нема да постигнам ништо.
Лесно е друг да каже, ама пак ако не се обидеш да мрднеш од место чекајќи решение да ти падне од небо, ќе бидеш во загуба.
Првиот чекор е секогаш тежок, после е полесно.
И јас размислував ко тебе дека во теорија е лесно во пракса тешко се додека не стиснав заби, затоа што ми беше преку глава да бидам во таква состојба.
Нема да помогне ако кукаш 24/7 без да пробаш да направиш нешто.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Ако се замарам што ќе мислат другите за мене, како ќе ме третираат нема никаде да стигнам туку ќе тапкам во место и нема да постигнам ништо.
Л
Во општества слични како нашето мислењето на другите е усталена догма и без оглед дали имаш психички нелагодности или не, се внимава. Дури тие што живеат по свое и не ги есапат мислењата на околината се „некакви бунтовници“.
Ти самиот и твоите најблиски се најважни. Научив одамна: сослушај ама не мора да послушаш.
На листи напиши се што те прави среќен и за секое едно нешто што би можел да направиш да си ги релизираш желбите.
 

Ejebajgasad!!!

Фукара
Член од
4 септември 2017
Мислења
677
Поени од реакции
1.116
Да се надоврзам на вашата дискусија. Во средина со ваков менталитет уште од мал те бомбардираат со реченицата : Што ќе речат комшиите. И кај тебе уште од мал се создава некоја психичка бариера односно започнуваш да се грижиш што мислат другите. Откако ја прекинав комуникацијата со сите во околината се чувствувам значително подобро. Порано знаев да направам муабет со соседите и да покажам грижа за тоа како се, оти знаев колку значи кога некој ќе те праша и ќе се загрижи за тебе. Сега не се замарам воопшто, како се однесуваат кон тебе така однесувај се кон нив. Дедо ми знаеше да каже: Внучко глеј си за тебе и ич да не се замараш со комшиите и дали некој е добар или ќе го копа гробар. И искрено после долго време решив да го послушам неговиот совет. Си гледам повеќе за себе и се однесувам со другите според заслуга. Затоа што да се понижуваш себе пред личности кои немаат образ е чиста глупост односно небулоза. Денес реално повеќето ќе ти глумат лудило се додека имаат некаква корист. Лицемерието е пуштено на најсилно во нашево бедно општество.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.336
Поени од реакции
4.925
....глеј си за тебе и ич да не се замараш со комшиите.....
.......гледам повеќе за себе и се однесувам со другите според заслуга......
Контрадикторно.
Ако се затвориш спрема околината како ќе дознаеш како се однесуваат према тебе па за да се однесуваш спрема заслуга?
Од каде тоа дека игнорирањето на околината те прави повесел и поспокоен? Тој игнорантен однос само ствара искривена слика за тоа колку е лош светот околу тебе/нас.
Многу го практикуваат тој егоистичен однос дека само самите на себеси сте си потребни и никој друг.
 

Ejebajgasad!!!

Фукара
Член од
4 септември 2017
Мислења
677
Поени од реакции
1.116
Контрадикторно.
Ако се затвориш спрема околината како ќе дознаеш како се однесуваат према тебе па за да се однесуваш спрема заслуга?
Од каде тоа дека игнорирањето на околината те прави повесел и поспокоен? Тој игнорантен однос само ствара искривена слика за тоа колку е лош светот околу тебе/нас.
Многу го практикуваат тој егоистичен однос дека само самите на себеси сте си потребни и никој друг.

Не е контрадикторно кога веќе си научил кој е каков во твојата потесна околина. Веќе кога познаваш кој е каков и како се однесувал со тебе во дадени ситуации нормално дека можеш кон него да се однесуваш според заслуга. Ме прави поспокоен кога не слушам луѓе кои се класичен пример за лицемерие. Кога ќе ги игнорираш нормално е да се чувствуваш подобро. Можеби за тебе тоа е егоизам, ама за мене воопшто не е. И не реков дека самите на себе сме си потребни односно доволни, сакав само да потенцирам дека треба да внимаваме со какви луѓе комуницираме и споделуваме нешто. Нормално е да ги игнорираме и да не комуницираме со луѓето кои не гушат. А како дојде до тоа дека јас сум егоист не ми е јасно.
 
Член од
27 јануари 2018
Мислења
375
Поени од реакции
1.231
Контрадикторно.
Ако се затвориш спрема околината како ќе дознаеш како се однесуваат према тебе па за да се однесуваш спрема заслуга?
Од каде тоа дека игнорирањето на околината те прави повесел и поспокоен? Тој игнорантен однос само ствара искривена слика за тоа колку е лош светот околу тебе/нас.
Многу го практикуваат тој егоистичен однос дека само самите на себеси сте си потребни и никој друг.
Откако научив кој каков е иако доста долг период толерирав, еден ден ќе ти пукне филм и постепено ќе се дистанцираш до степен да не сакаш да комуницираш со луѓе кои знаеш дека не се вистинските за тебе, кои се токсични и кои цело време ќе бараат начин да те заебат.
Баш вчера преќинав 15 годишно другарство без да ми трепне око, го имам правено и тоа порано и верувај, подобро е кога игнорираш.
За жал денес секој си гледа за себе, себични се луѓето, не те сфаќаат сериозно, те праваат луд ако посетуваш психолог/ психијатар, те праваат нарко доколку си блед, слаб, исушен и ти смислуваат триста дијагнозии како сакаш да се отвориш? Боље сама отколку со такви луѓе. Ретко ќе најдеш некој да те ислуша и даде искрен совет, кој нема да се подбива со тебе.
 
Член од
24 јуни 2015
Мислења
22
Поени од реакции
35
Не постои таков човек, барем јас не познавам и не верувам дека некогаш ќе запознаам. Биди силна. ;)

Јас пак се прашувам до кога ќе се разочарувам од луѓето? Кога ќе научам дека не треба да бидам наивен и да верувам дека секој има добри намери кон мене. Полека се затворам во некој сопствен свет од кој не сакам да излезам. Често сум тивок и сакам да уживам во тишината, далеку од сите проблеми и грижи и далеку од сите луѓе кои сакаат или имаат намера да ми наштетат.
Кај мене е сосема обратно, бев скроз затворен до сега и не дозволував никој да навлези во мојов свет, пошо видов кои ми се "вистинските пријатели" и останав сам на крај. Долго време ми требеше да почнам да верувам во личност од типот на пријател, и да ти кажам ич не сакам со резерва да се чувам кога кажувам нешто, не барем пред него. И сфатив дека доволно е еден пријател да имаш шо ќе верува во тебе и ќе те бодри во све што правиш, ќе те ислуша кога ти е тешко и ќе ти помогни, аку треба и ќе се испијани со тебе. Само еден. И не, не треба да го знаеш подолго време, и нема врска годините и разликата, се додека обострано се разбирате. Многу ми беше тешко што немав чоек пред кој да се искажам и сега се прашувам зошто цел живот трпев све во себе?! Не е убо. Еве со солзи онака го пишам текстов пошо после долго време ми се наврати тоа чувство да верувам во некој пријател (и се надевам и длабоко во себе верувам декс ова не е лажно чувство бидејќи многу добро знам да проценам човек) , ќе го оставам ова анонимно и ќе се заблагодарам само на то шо самиот јас си дозволив да се опуштам и да се искажам на чоек, а тој да не е психијатар.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
У право си. :angel:
Скоро као да имам право завршено, а немам. Битно ти земи изнапишувај се тука. И збори си сам со себе бе. Има да се изнаслушаш, и нема да бидеш прекинат и недоречен. ;)
 
Член од
25 август 2019
Мислења
263
Поени од реакции
471
Во мојот mood има драстични осцилации. Периодично немам капацитет да убедам некого дека 2 +2 е 4, а периодично си го формирам идното ми царство. И не сум само за ова контрадикторен, пример пред некое време се мислев дали да купам гитара и да почнам да свирам или да ковам шајки у гаража за да зеам боксерска вреќа и да тренирам. Кхм, гитара или боксерска вреќа... што се дешава еве не знам
 

Kajgana Shop

На врв Bottom