Кајгана миленичиња

Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
Ја сум Пако (Марчето понекогаш ме вика арслан и мастив ама не знам што е тоа). Имам 4 години. Роден сум во Гостивар ама кога имав три месеци дојде еден чичко од Велес да ме земе кај него (изгледа многу сум му се бендисал). Таму ја запознав мојата Марче и неа најмногу си ја сакам. Уште кога бев мал, она ќе ме земеше в скут и ќе ме галеше со саати. Сега пораснав, ама сѐ уште така правиме, само што сега ми ги собира само предните нозе.
Марчето некогаш ме шетка во паркот, и кога ќе ме видат луѓето многу се плашат од мене и ја прашуваат дали сум ротфајлер и лош, а таа негира и се смешка оти знае што лигуш сум всушност: многу се плашам од брзи точаци, лизгачки врати, луѓе што трчаат и топки.
Кога бев во пубертетските години бев многу неподнослив, и татко ѝ на Марчето мораше да ме носи со него на работа за да не им досаѓам на соседите. Тежок период за мене беше тоа, ама помина, сега сум многу мирен и сите во маалото ме сакаат.
А кога сме кај љубов, лудо сум заљубен во едно чупе со дамка на вратот во облик на срце - Џина. Она многу многу не ме
ферма, но јас сум упорен и се трудам.
received_982143035902813.jpeg

received_2590256027937423.jpeg
 
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
1629550016978.png

А јас сум Џина/ЏинЏин, лепотицата на Марче. Помала сум од Пако, пред еден месец наполнив две годинки, ама сум голема мома и спремна за (кхм кхм)....она...
Многу сум тивка и ненаметлива. Освен кога ќе видам друго животно. Тогаш се претворам во чудовиште и со најсилниот крик (како да ме колат) им давам до знаење на животните на минување дека јас сум чуварот на ова место. Затоа патем на Марчето ѝ е страв да ме шета во паркот. Знаете, она понекогаш помислува дека сум тревопасно животно, бидејќи сакам да јадам различни растенија: листови од смоква, сардели, чуваркуќа.. ама најомилени ми се нејзините џунџулиња, само годинава ги качила горе на прозорот и не можам да ги дофанам.
Затоа им крадам од грозјето.
Многу сакав да си играм со мојот дупнат баскет, но еден ден ми падна во Вардар и го изгубив. Оттогаш си играм со гугутките, ги бркам кога ќе слетаат во дворот.. и така ми поминува денот.
1629551698166.png
 
Член од
21 декември 2018
Мислења
169
Поени од реакции
75
Прегледај го приврзокот 304272

Прегледај го приврзокот 304274
najjako kuce dosega
 
Член од
20 јануари 2021
Мислења
401
Поени од реакции
4.411
Vuk и Bowie...
Здравје понатаму ќе напишам за неверојатната случка со Bowie.
Како од најверојатно лошата судбина која го следуваше, животот му се смени во сосем друга насока.
Само за моменти и делови од секунда...
IMG_20210826_220045_649.jpg
 
коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.056
Поени од реакции
13.554
Прегледај го приврзокот 304272

А јас сум Џина/ЏинЏин, лепотицата на Марче. Помала сум од Пако, пред еден месец наполнив две годинки, ама сум голема мома и спремна за (кхм кхм)....она...
Многу сум тивка и ненаметлива. Освен кога ќе видам друго животно. Тогаш се претворам во чудовиште и со најсилниот крик (како да ме колат) им давам до знаење на животните на минување дека јас сум чуварот на ова место. Затоа патем на Марчето ѝ е страв да ме шета во паркот. Знаете, она понекогаш помислува дека сум тревопасно животно, бидејќи сакам да јадам различни растенија: листови од смоква, сардели, чуваркуќа.. ама најомилени ми се нејзините џунџулиња, само годинава ги качила горе на прозорот и не можам да ги дофанам.
Затоа им крадам од грозјето.
Многу сакав да си играм со мојот дупнат баскет, но еден ден ми падна во Вардар и го изгубив. Оттогаш си играм со гугутките, ги бркам кога ќе слетаат во дворот.. и така ми поминува денот.
Прегледај го приврзокот 304274
пази колку грозје краде :) отровно може да биде за кучиња
 
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
пази колку грозје краде :) отровно може да биде за кучиња
Веќе ги изела сите гровчиња што можеше да ги досигне.. прилично мали беа ама сепак, не сум знаела дека може да биде отровно за нив, фала ти. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom