Кајгана избор: Најубава градба во Македонија

Младичот

House of Black and White
Член од
17 јуни 2010
Мислења
11
Поени од реакции
2
Од помодерните (барем во модерна македонска спаѓа) Македониумот е еден од најдобрите објекти кој е поддржан со концепти, скици и објаснување за буквално секој елемент кој е дел од него.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
Преку една друга тема на Кајгана налетав на ова.Објект на Планинарски Дом Дервен, некаде на трасата на планираниот нов пат меѓу Велес и Прилеп.Граден во период 1951 - 1955, изгорен во пожар поради застарена електрична инсталација и не е години обновен...Штета (n)


 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
би ги додал и:​
Филијала на Комерцијална Банка во Прилеп, во зима :) зезнато е плоштадчето во зима (лизгаво е)​
Новата општинска зграда во Прилеп, во позадина Телеком, напред споменик на Методија Андонов-Ченто​
Македониум - Крушево​
Крстот над Прилеп​
Манастир 'Света Петка' - село Лениште, Прилеп​
Црква 'Свети Никола' - Крушево​

најубава градба....стара нова сеедно
Се` тоа си е арно, само што убавина виде во крстот над Прилеп? Скромна копија на Скопскиот, кој само поради димензиите е забележителен и кој на крајот на краиштата е само куп железо во форма на крст што свети навечер (а понекогаш и не свети). Башка, врвот на Маркови Кули (или Маркукуле), наречен Тапанче (ако се сеќавам добро) е еден мошне мал простор кој овозможуваше еден убав поглед кон градот, сега и тоа во голема мера е запустено на сметка на крстов, кој зазема добар дел од тој простор. Според мене се работи за избрзано, неубаво решение кое е кич.
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
2.954
Поени од реакции
1.349
Преку една друга тема на Кајгана налетав на ова.Објект на Планинарски Дом Дервен, некаде на трасата на планираниот нов пат меѓу Велес и Прилеп.Граден во период 1951 - 1955, изгорен во пожар поради застарена електрична инсталација и не е години обновен...Штета (n)



Уште некои слики.
 
Член од
8 јуни 2013
Мислења
299
Поени од реакции
198
Мене најубава дефинитивно ми е новата катна гаража кај Ауто Македонија , посебно навечер кога е осветлена ми делува совршено, необична е , штосна , интересна , со еден збор нај нај, немам замерки. Мислам дека на Скопје му фалат такви нови, модерни згради, а не ова лудилово Скопје 2014. Исто така ми се свиѓа и зградата на новото седиште на комерцијална.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Сите стари Македонски куќи за мене претставуваат преубави градби:)



Исто црквата Св. Ѓоргија претставува една од најубавите градби во земјава:)





Друг пат ќе прикачам уште слики од прекрасни градби :)
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.224
Поени од реакции
6.697

Општина Кавадарци(многу јако изгледа,посебно навечер)


Ова требаше Бизнис центар,или нешто така да биде ама веќе 5-6 години како е направено и сеуште мислам дека е празно.



Новата црква у Кавадарци
 
R

Rigel Kent

Гостин

Крушево
Староградска куќа изградена од фамилијата Корнети.
На фасадата на куќата се насликани ламја во темнозелена боја и лав во сини тонови. Сите постари куќи во Крушево имаат такви симболи, како грб на семејството.
 
Последно уредено од модератор:

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Митрополија - Битола


црква Богородица Елеуса - с.Вељуса, Струмица


црква св. Кирил и Методиј - Струмица


Хотел Јадран (арабска куќа) - Скопје


куќата на д-р Александар Белев - Струмица
[DOUBLEPOST=1408272663][/DOUBLEPOST]куќата на стравот Црниче (за жал, срушена)
 
Последно уредено:
C

cige

Гостин
Што има толку закон во гробиштата цццц :D
Инаку има интересна приказна во врска со градењето на оваа црква уште во Турско време (нормално сега е пак реновирана, не е иста од тогаш) но се зборува дека едвај на Велешани им била дадена дозвола да се изгради црквата.. бидејки се наоѓа на повисочко место и од црквата директно накај долот се гледал (и сеуште се гледа) патот кој бил главен трговски за накај Солун па мислеле дека ќе го користат местото за да постават топови и го блокираат патот па така оние што сакале да го градат како одел пашата нагоре да види на кое место го полнеле со злато додека се качи до горе за потешко да му дојде и истиот се откажал од идеата да се искачи да види на кое место точно бидејки му тежело “златото“ и така им дозволил да градат црква.

Незнам колку е точна приказнава сепак така имам слушнато. Инаку за мене најдобра градбата новата црква во Велес исто ..

Еве еден многу убав Христијански настан што се случи денес во Св. Пантелејмон

 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
Не знам дали е обновено или е нова градба, ама ете...Еnglish Pub Corner - Кратово


ОУ Св. Климент Охридски - Делчево (ја снемало погоре сликата)
delcevo.png
Меморијален музеј 11-ти Октомври во Прилеп

Хотел Илинден Крушево (во реконструкција)

Хотел Бел Камен на Плачковица
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom