(Кајгана избира) Најдобри ситкоми на сите времиња

Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.052
Поени од реакции
17.686
Sitcom.jpg

За тие на кои им треба дополнително објаснување: ситком, или комедија на ситуации е поджанр на комедијата кој се карактеризира со следење на одредена група на ликови кои се ставени во разни комични ситуации. Конкретно за ситком сериите, постојат уште неколку параметри кои ги дефинираат како такви: кратки епизоди, најчесто снимени комплетно во студио, дури и сцените во кои ликовите се прикажани надвор, на отворено, често се придружени со laugh track, односно со смеа од публика во позадина, монтирана врз лентата со главното дејство, но, честопати и со жива публика во студиото во кое се снима, чија смеа е исто така снимена, заедно со главното дејство. Но, не мора да значи дека мора да има laugh track за да биде ситком. Понатаму: ситкомот може контрастно да се спореди со два други вида на комедија - скеч-комедија (пример како К15 на времето кај нас) и стенд-ап комедија, за што не мора подетално да образложувам, што е, верувам сите знаете. Ситкомот како поджанр потекнува од радиото, но денес доминантната негова форма е телевизијата.

Постојат многу полемики околу тоа што е, а што не е ситком. Многу од класичните американски комични серии денес се сметаат од страна на некои критичари за dramedy, друг поджанр на комедијата, а од други, за ситкоми. Исто така, честопати се полемизира дали анимираните комедии од типот на South Park, The Simpsons и Family Guy се ситкоми или не.

Во САД, за прв телевизиски ситком, се смета серијата Mary Key and Johnny, емитувана на DuMont, CBS и NBC во периодот 1947-1950. Не би сакал да продолжам со историјата на ситкомите и да почнам да ги набројувам најпопуларните, зашто тоа ќе го оставам на вас!

Знаете дека во изминативе неколку месеци на подфорумов за Филм и ТВ одржавме еден избор за најдобра серија на сите времиња. Истиот заврши вчера, со победа на Breaking Bad, над Lost, во финалето. Од тој избор, на барање на членовите на форумов, ги исклучивме ситкомите. Затоа, од денес, еве, почнуваме со нов избор, за најдобар ситком на сите времиња.
___________________________________________________________________________________________________
Најпрво, да разграничиме: од објективни причини (никој од нас ги нема гледано сите серии на овој свет за да знае дали некоја која некој од вас ја гледал е ситком, или не) за ситком ќе се смета секоја серија, БЕЗ ОГЛЕД ДАЛИ Е LIVE ACTION, АНИМИРАНА, или било која друга можна форма, кај која во описот на жанрот на IMDB СТОИ: КОМЕДИЈА, И ЕПИЗОДИТЕ НЕ СЕ ПОДОЛГИ ОД 30 МИНУТИ. Значи, било која комедија со епизоди подолги од 30 минути, не може да влезе во игра!

А сега правилата, кои ќе останат истите од претходниот избор:
1. Секој член на Кајгана кој сака да учествува ќе треба да постира листа со неговите најомилени ДЕСЕТ серии на сите времиња, подредени по редослед од најомилената кон најмалку омилената (или со поени, по Евровизиски принцип: 12, 10, 8, 7, 6, 5, 4, 3, 2, 1)

2. Тalk-шоуата, reality програмите, натпреварувачките шоуа, скеч и stand-up комедиите ќе бидат исклучени од игра.

3. Секој член, освен својот топ 10, ќе има право да напише уште максимум 10 други, бонус серии, кои во нашиот ранкинг ќе добијат сите по 0.5 бодови. И да се 2 серии, ќе добијат по 0.5 бодови секоја, и да се 10, пак ќе добијат по 0.5 бодови секоја. Ова не е задолжително. Значи оние кои не сакаат, не мора да пишуваат бонус серии, доволни се тие горе, од точката 1, ТОП 10. Но, ако во таа топ 10 фали 1 серија, или повеќе, тогаш гласот ќе се смета за неважечки.

4. Предложувањето ќе трае 3 дена, од денес, 22.05.2020, до понеделник, 25.05.2020, 19:00

5. Откако ќе ги сумираме гласовите, ќе добиеме листа на серии во која највисоко пласираните ќе се натпреваруваат подоцна во дуелите.

6. Доколку на листата има повеќе од 100 серии, тогаш првите 64 ќе одат во дуелите, а останатите ќе бидат рангирани од 65 до 100 место според бројот на гласови кој го освоиле при вашето предложување.

7. Доколку на листата има помеѓу 51 и 100 серии, тогаш првите 32 ќе одат во дуелите, а останатите ќе бидат рангирани од 33 до 50 место според бројот на гласови кој го освоиле при вашето предложување.

8. Во првиот круг дуели ќе се натпреваруваат сериите кои на листата се пласирале од 1 до 64 место (ова, нормално, не важи доколку има помалце од 100 серии предложени, како што вели точката 8). Дуелите ќе бидат составени така што серијата бр.1 ќе биде во дуел со серијата 64, 2 со 63, 3 со 62 итн. Секој член ќе може да гласа за една од сериите, во коментар во темава. Победник ќе биде онаа серија за која гласале повеќе членови. Потоа победниците во дуелите одат во следен круг, поразените 32 серии ќе бидат рангирани од 33 до 64 место според вкупниот број гласови кој го освоиле до тогаш. Истиот принцип продолжува натаму се до изборот на првото место.
И, МНОГУ ВАЖНО!!! Воведувам едно ново правило, и за подоцна, кога ќе се гласа, но и за сега:

9. Од игра се исклучени сите членови на Кајгана форум со помалку од 100 мислења и/или 100 допаѓања, и сите членови на Кајгана форум кои немаат напишано мислење на форумот во мај 2020, во било која тема, во било кој подфорум.
Нема да образложувам детално за оваа точка. Толку за неа. Веројатно сите сте доволно интелигентни и ќе сфатите.

Сега, да почнеме со вашите предлози. Имате 3 дена да постирате минимум 10, а максимум 20 наслови на ситкоми од кои првите 10 ќе бидат рангирани од прво до десетто место.

Ви посакувам пријатна забава!
 

Луси_Лу

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
4.830
Поени од реакции
9.399
12Big Bang theory
4Cheers
10 Every body loves Raymond
8Seinfeld
9Friends
3M.A.S.H.
2The Office
5That 70’s show
1Golden girls
7Third rock of the sun
6Will and Grace
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.052
Поени од реакции
17.686
1 Big Bang theory
2 Cheers
3 Every body loves Raymond
4 Seinfeld
5 Friends
6 Third rock from the sun
7 M.A.S.H.
8 Office
9 That 70’s show
19 Golden girls
По кој редослед се? 12 поени за Big Bang Theory или за Golden Girls?

И Office, која Office е?
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
105
Поени од реакции
127
Смее балкански серии?
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
11.184
Поени од реакции
7.122
Friends - 12
The Office (US) - 10
Seinfeld - 8
It's Always Sunny in Philadelphia - 7
The Big Bang Theory - 6
How I Met Your Mother - 5
Louie - 4
Modern Family - 3
Malcolm in The Middle - 2
Parks and Recreation - 1

____________________________________

The Simpsons
Eastbound & Down
Community
Joey
 
Последно уредено:
Член од
7 јули 2013
Мислења
676
Поени од реакции
2.145
12. Only Fools and Horses
10. Seinfeld
8. Blackadder
7. Friends
6. Frasier
5. Fawlty Towers
4. The Office(UK)
3. It's Always Sunny in Philadelphia
2. How I Met Your Mother
1. The Big Bang Theory

Bonus:
The IT Crowd, Allo Allo, Two and a Half Men, Scrubs, Yes Minister, Parks and Recreation.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
256
Поени од реакции
432
1. 70's Show

2. Family Guy
3. The Simpsons

4. Friends
5. How I Met Your Mother
6. Everybody loves Raymond
7. Malcom in the Middle
8. Fresh Off The Boat
9. Its Always sunny in Philadelphia
10. Modern Family
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
105
Поени од реакции
127
12. Entourage - Не знам зашто не сум ја знаел серијава до пред 1 месец, може дека свежо гледана ја ставам на прво место ама ајде :D
10. Lud, zbunjen, normalan
8. Anger Management
7. Two and a half men
6. Fresh Off the Boat
5. Friends
4. Seinfeld
3. War at home, многу андеррејтед серија и за жал кратка. Michael Rapaport е ѕверка глумец.
2. How I met your mother
1. Silicon Valley, може требаше и погоре да ја ставам ама ајде
Може и не се баш убаво подредени, ама нема врска.

Бонус: Malcom in the Middle, According to Jim, Naša mala klinika (Hrvatska), Rules of Engagement
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
11.184
Поени од реакции
7.122
@Zlatikevichius, претпоставувам ти се гледани, ама јас сепак да си кажам :D. Пази да не направиш грешка кај The Office, да ги сметаш како една серија, пошто ги има две, едната е US, другата UK. :smirce:

12. Entourage - Не знам зашто не сум ја знаел серијава до пред 1 месец, може дека свежо гледана ја ставам на прво место ама ајде :D


,
Entourage имаше и епизоди подолги од 30 минути мислам.
А и далеку е од ситком, повеќе е драма.
 
Последно уредено:

Skorp

That guy....
Член од
30 јуни 2010
Мислења
977
Поени од реакции
1.199
12.Entourage
10.The Office (US)
8.Two and a half men.
7.Parks and Rec
6.Friends
5.Everybody loves Raymond
4.'ALLO 'ALLO
3.70's show
2. How I met your mother
1. Rules of Engagement
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
412
Поени од реакции
385
12. How I Met Your Mother
10. Friends
8. Community
7. The Big Bang Theory
6. Allo, Allo
5. Modern Family
4. Everybody Loves Raymond
3. Frasier
2. The Simpsons
1. 3rd Rock from the Sun

Bonus:
That '70s Show
Brooklyn Nine-Nine
According to Jim
Married... with Children
The Fresh Prince of Bel-Air
Cheers
Family Ties
The Cosby Show
Fawlty Towers
Mr. Bean
 
На врв Bottom