(Кајгана избира) Најдобри серии на сите времиња

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
И јас доста гласав за ГоТ.
Мислам дека заслужи до овде да дојде, али за понатака (4 најдобри) не. Кога ќе ми текне на серијата, мило ми е дека е завршена. Целиот хејт што го доби за последните сезони е скроз оправдан. Ја завршија и не дознав кој е Ноќниот. Дали беше предок на Старк, ко што имаше еден куп теории, кој ли беше упм? Прашања кои уште ме мачат, а изгледа со откажувањето на проектите за молзење на причата, нема да се дознае никогаш.
Six feet under ми е најсериозен кандидат за гледање во блиска иднина.
 
Член од
4 февруари 2012
Мислења
5.943
Поени од реакции
5.139
Ај тие што гледале една а не ја гледале другата па гласаат за таа што ја гледале, ама да гласаш за серија што воопшто не си ја гледал? Нема да пропадне гласањето ако го прескокнеш, мислам њтф :pos:
Без оглед на тоа кои се околностите ние апсолутно имаме право на избор што да направиме со нашите одлуки и избори.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Пошто е веќе 1/4 финале ќе пишувам и по некој краток коментар...

Верувале или не, може е и срамота, ама за Six Feet Under прв пат слушнав на форумов. Како никогаш не сум ја фатил на радар немам појма ама ете тоа е... Ме изненади колку фанови има тука и ултра позитивни мислења и тоа од членови што како што гледам имаат солиден стаж во гледање серии. Така да се хајпнав и јас да ја гледам (ако најдам време за нова серија скоро).

Не сум некој фан на Game Of Thrones и стварно се надевам дека нема да победи тука на крај. Нешто покасно почнав да ја гледам од другите, дури и се мислев дали да ја почнувам пошто и не сум фан на ваков тип серии. Добра серија, сигурно со огромно влијание, но мене никогаш не ми беше во некој врв на листа за најдобри серии. Дури и сега се мислам дали да гласам за неа.

Ама пошто мојот глас како што гледам нема ништо да смени, а сепак SFU никогаш не сум гледал, гласот нека оди (веројатно за последен пат) за Game Of Thrones.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom