True Detective е серииште! Првата сезона ги смени од корен сите стандарди за добар трилер. Едно од ретките нешта на телевизија на кое не можев да најдам буквално никаква маана - почнувајки од најавните шпици со фотографии со двојна експозиција, преку камера, глума, приказна, ликови, сценарио, сценографија, музика... Втората сезона беше тешко потфрлање. Ама пред некој ден ја изгледав третата сезона, и повторно серијата се врати на старите патеки. Значи буквално без маана! Еве, дури сега се ежам кога пишувам за неа. И сосема заслужено се најде во осминафиналето, голема е веројатноста и да оди и во четвртфинале...
...но мојот глас сепак оди за Six Feet Under. Единствена карактеристика која Six Feet Under ја има, а True Detective не, е тоа што SFU е серија која дефинира и ултимативно менува животи. Толку.