[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
По учество во повеќе од 60 изданија на Кајгана готвач натпреварот, дојде денот кога и јас ќе победам:D:love: Меѓу другото и фала им на сите оние кои што гласаа за мене:)

Размислував што рецепт да зададам, дали нешто да месиме, дали благо да правиме, дали смути да правиме............., и на крај дојдов до идеја да правиме едно јадење кое можеме да го правиме во текот на целата година и кое можеме да го јадеме кога сме излезени надвор во текот на целата година. Така да рецептот за оваа недела е.............

Пастрмајлија

Рецепт:

За тесто:
1200гр. брашно
750мл. вода
3 - 4 лажици зејтин
1 лажица сол
1 лажиче шеќер
1 коцка квасец
1/2 пакетче пециво

За фил:
1 кг. свинско месо
1 голема лажица црвен пипер
1 лажица сол
150 гр свинска маст/маргарин (за премачкување)

Месото се сече на ситни коцкички, се меша со солта и црвениот пипер и се остава да отстои. За тестото се мешаат сите состојќи, се замесува тесто и се остава да порасне/скисне во рок од еден час. По тој еден час тестото повторно се замесува и се дели на 8 топчиња кои се оставаат едно 20 минути за и тие да стасаат. Постоа со прсти се прави форма за пастрмајлија, поплиткиот дел се исполнува со филот/месото и одозгора се става маста или маргаринот. На замастена тепсија се ставаат пастрмајлиите и одат на печење. Пастрмајлиите подоцна одлично одат со луто феферонче:D

Но затоа што постојат повеќе варијанти на рецептот за пастрмајлија, што со свинско месо и маст, што со јајца, што со овчо месо и пастрма, овој пат нека може да се направи и некоја вегетеријанска верзија на пастрмајлија, така да @Perdika I те очекувам:D И секако деновиве и јас ќе се пријавам.

1.PNG
 
shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Сладолед не е за у декември, пиво не е за зимоска, пастрмајлија не е за летоска... :sramezliv::P
П.С. ако стигнам ќе напраам деновиве... видеќемо. :D
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Еве ги и моите пастрмајлии:D

Рецептот е сличен на оној погоре. Тестото се замесува, се дели на повеќе топчиња кои требаат да пораснат/стасаат. Месото се сечка на коцкички, се меша со сол и црвен пипер, се чека и тоа да ги впие зачините. Со прстите се обликува форма за пастрмајлија и поплиткиот простор се исполнува со месото/филот. Вака пастрмајлиите се ставаат на претходно намастена тепсија и одат на печење.

Па пријатно јадење Кајганџии.................:)

1.png

2.png
 
shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
^ Боби немој да се лутиш, ама вакви скроз исти (готови) пастрмајлии има во Стокомак. Сигурно не се од таму?
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
^ Боби немој да се лутиш, ама вакви скроз исти (готови) пастрмајлии има во Стокомак. Сигурно не се од таму?
Знам на кои мислиш, ама не се од таму. Имам јадено од нив пред некоја година ипол две и не ми се свиѓале, тестото им е тврдо, а месото им е жилаво, но формата им е нешто идеално, па од тогаш ја правам таа форма. Во секој случај, ако мислиш дека се готови или дека прекршуваат некое правило, не се лутам, повлечи ги од натпреварување.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
И месото ли исто си го сечиш ко оние во Кам/Стокомак?
Јас ги јадам често, 99% се исти ко од продавница. Но ко да има повеќе месо на овие фрлено, може се негови.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Една работа сакам јасно и гласно да ја потенцирам. Пред некои четири години се излажав на натпреваров да учествувам со слика од Интернет, за истата грешка бев осудуван, а и за истата грешка вистински се покајав, иако некој нема на тоа да поверува, затоа што ова е форум.

Така да никогаш повторно не би направил таква грешка, од тогаш, па навака се пријавувам само со мои приготвени јадења и со мои слики, што може и да се види по сликите. Не викам не, навистина пастрмајлиите личат на оние од Стокомак, но не се тие. Кој често ги јаде самиот ќе знае дека нивното тесто по печење е тврдо, посуво, месото е полно со жили и го има во мала количина. Кај моите и не личи баш така, ако подобро се анализира сликата. Единствено начинот/изгледот на правење е како тие.

Во секој случај ако мислите дека овие пастрмајлии се купечки, дека прекршуваат некое правило или дека ќе поминат како ,,простени", па нема да биде фер кон останатите кандидати, не е проблем, слободно нека бидат избришани и поништени од натпреварот. Па јас ако треба ќе направам и нови, со поинаква форма.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557

Не се предавај сунѓерче, никогаш да не признаваш, па дури и ако навистина си ги купил од Кам/Стокомак и си ги ставил во рерна. Батали ги овие, во кафеана по 150 денари им ги наплаќаат истите тие од продавница, па ги порачуваат и јадат, тебе ќе те гњават дека со такви се такмичиш ;)
 
shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Моја грешка луѓе, @Sungerot Bob пушти слика од пастрмајлиите пред печење, тие се, домашни се.
Мала збрка, али продолжуваме даље. :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom