[Кајгана готвач]

Дискусија во форумот 'Кајгана готвач' започната од Ilumious, 7 април 2013.

Статус на темата:
Затворена за нови мислења.
  1. Goodfella

    Goodfella

    Член од:
    1 декември 2010
    Мислења:
    1.224
    Допаѓања:
    2.436
    Ќе пробам да направам овие денови, ако не стигнам, ќе учествувам со стара слика.

    Спањак со ориз и јајца.
    IMG_20161229_200446.jpg IMG_20161229_200537.jpg IMG_20161229_200700.jpg
    + јогурт = мх, мх... :D
     
    На Џонтра Волта, Jas., Tender Girl и уште 3 други им се допаѓа ова.
  2. Sungerot Bob

    Sungerot Bob Живеј го животот

    Член од:
    7 август 2012
    Мислења:
    29.112
    Допаѓања:
    35.492
    Се важи пита со спанаќ?:D
     
  3. shumecha.tableta

    shumecha.tableta Модератор

    Член од:
    26 декември 2013
    Мислења:
    2.428
    Допаѓања:
    12.445
    Може. =)
     
    На Sungerot Bob му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sungerot Bob

    Sungerot Bob Живеј го животот

    Член од:
    7 август 2012
    Мислења:
    29.112
    Допаѓања:
    35.492
    Се мислев дали да се пријавам со пита со спанаќ или со чорба од спанаќ, но бидејќи сликата со питата ми излезе поубаво од онаа со чорбата, се пријавувам со пита со спанаќ:D

    Тестото е од брашно, вода, сол, шеќер и квасец, сето тоа се замесува и се остава да отстои за тестото колку толку да порасне. Кога тестото ќе стаса се дели на повеќе еднакви делови кои се расукуваат, помеѓу нив се става растопен маргарин и пак се расукуваат со цел да се добие еден вид на грубо лиснато тесто. На намастена тепсија се става првото тесто/кора, врз него се нанесува филот, т.е. спанаќот кој претходно е пропржен со малку зејтин и од озгора се става и другата кора/тесто. Вака тепсијата оди во рерна и се пече. По печењето питата се јаде и ништо не останува:D Бонус во позадина имате и пита со зелка и со праз, а мистериозната тревка за декорација е магдонос:D


    Па пријатно јадење Кајганџии....................:)

    Пита со спанаќ.png
    Пита со спанаќ 2 by Sungerot Bob on Кајгана форум

    3.PNG
    Пита со спанаќ by Sungerot Bob on Кајгана форум
     
    На Patience, Dallas Mavericks, Џонтра Волта и уште 7 други им се допаѓа ова.
  5. Agda Beata

    Agda Beata (A)

    Член од:
    12 февруари 2014
    Мислења:
    4.416
    Допаѓања:
    11.881
    Млад спанаќ, кромид, ориз, тиквичка, мелено месо и доматно пире.
    Се удавив во манџава.

    ^BA1B622A665E5E56BCDEEFB411ABDE738A2CBC7D95CED11248^pimgpsh_fullsize_distr.jpg
     
    На Dejan <3 Viola, Patience, katinakatalina и уште 6 други им се допаѓа ова.
  6. shumecha.tableta

    shumecha.tableta Модератор

    Член од:
    26 декември 2013
    Мислења:
    2.428
    Допаѓања:
    12.445
    Ја идам со стара слика (од пред три недели де). :D
    Пошто врло, веома могуќе е да не праам неделава.
    IMG_20170417_155943.jpg
     
    На Patience, Krstev, Sungerot Bob и уште 5 други им се допаѓа ова.
  7. shumecha.tableta

    shumecha.tableta Модератор

    Член од:
    26 декември 2013
    Мислења:
    2.428
    Допаѓања:
    12.445
    Следна тема: Сѐ од варени јајца, може?
    Да се искористат тие што останале од Велигден. :P

    Има доста идеи на Моирецепти, баш претходниве недели истава тема беше зададена таму за натпреварот, па може малку да ви олесни. :P

    Еве некои предлози:
    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Krstev, gurman2, katinakatalina и уште 3 други им се допаѓа ова.
  8. Sungerot Bob

    Sungerot Bob Живеј го животот

    Член од:
    7 август 2012
    Мислења:
    29.112
    Допаѓања:
    35.492
    На Goodfella му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Goodfella

    Goodfella

    Член од:
    1 декември 2010
    Мислења:
    1.224
    Допаѓања:
    2.436
    Треба со оризот тоа да се проба :DСамо ептен мрза сум овој период, тешко да направам. :unsure:
     
    На bijons и Sungerot Bob им се допаѓа ова.
  10. Sungerot Bob

    Sungerot Bob Живеј го животот

    Член од:
    7 август 2012
    Мислења:
    29.112
    Допаѓања:
    35.492
    Еве јас да го скршам мразот:D

    Се пријавувам со мимоза салата. Марулата се сечка, јајцата се сечат на кругови, сето тоа се меша со малку оцет, зејтин и сол, но во мојава салата имам ставено и малку роквица.

    Па пријатно јадење Кајганџии...............:)

    2.png
     
    На Patience, Џонтра Волта, bijons и уште 4 други им се допаѓа ова.
  11. Goodfella

    Goodfella

    Член од:
    1 декември 2010
    Мислења:
    1.224
    Допаѓања:
    2.436
    Сепак не ме мрзеше.. направив... нешто... :D

    Варен ориз со некоја мешавина зеленчук, малку пилешко филе насецкано на ситни парчиња, па во тава, наредив некое јајце врз оризот, попрскав со зејтин, вегета, бибер и чили, се потпече малку...
    IMG_20170419_160107.jpg

    ...и беше вкусно :D ама не ми се верува во иднина пак да комбинирам варени јајца со ориз, боље само ориз ќе јадам :D
     
    На Patience, Факе, Џонтра Волта и уште 3 други им се допаѓа ова.
  12. Perdika I

    Perdika I

    Член од:
    22 август 2006
    Мислења:
    352
    Допаѓања:
    715
    Поради многу обврски ме немало тука, али повторно се погодува нешто што не готвам, јајца не јадам ниту готвам нешто со јајца, така да се надевам следна тема ќе се погоди ;)
     
  13. Agda Beata

    Agda Beata (A)

    Член од:
    12 февруари 2014
    Мислења:
    4.416
    Допаѓања:
    11.881
    Мислев да учествувам со стара слика од салата, ама ми текна што имам во фрижидер и решив да си правам појадок. :)

    Јајца, зелена салата, краставица, авокадо и ракчиња во ајоли сос.

    ^4DAE63152FD2CF6F035649187FF5DA63FFED733C1ED9E3BC28^pimgpsh_fullsize_distr.jpg
     
    На wot, Patience, Tender Girl и уште 4 други им се допаѓа ова.
  14. shumecha.tableta

    shumecha.tableta Модератор

    Член од:
    26 декември 2013
    Мислења:
    2.428
    Допаѓања:
    12.445
    Мене ми беше жал да ги скршам последните три јајца од Велигден, многу се слатки, па нови си сварив. :oops:

    Мини тортички. Внатре има патлиџан, кашкавал, тиквички на скара, варени јајца, пилешко филе и краставица. Премазот е комбинација од павлака, топено сирење и путер за да се стврдне малку. Турли тава (торта) де.
    И ондак то. :D

    [​IMG]
     
    На Patience, Џоли_06, Sungerot Bob и уште 2 други им се допаѓа ова.
  15. shumecha.tableta

    shumecha.tableta Модератор

    Член од:
    26 декември 2013
    Мислења:
    2.428
    Допаѓања:
    12.445
    На Sungerot Bob му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sungerot Bob

    Sungerot Bob Живеј го животот

    Член од:
    7 август 2012
    Мислења:
    29.112
    Допаѓања:
    35.492
    По учество во повеќе од 60 изданија на Кајгана готвач натпреварот, дојде денот кога и јас ќе победам:D:love: Меѓу другото и фала им на сите оние кои што гласаа за мене:)


    Размислував што рецепт да зададам, дали нешто да месиме, дали благо да правиме, дали смути да правиме............., и на крај дојдов до идеја да правиме едно јадење кое можеме да го правиме во текот на целата година и кое можеме да го јадеме кога сме излезени надвор во текот на целата година. Така да рецептот за оваа недела е.............


    Пастрмајлија

    Рецепт:

    За тесто:
    1200гр. брашно
    750мл. вода
    3 - 4 лажици зејтин
    1 лажица сол
    1 лажиче шеќер
    1 коцка квасец
    1/2 пакетче пециво

    За фил:
    1 кг. свинско месо
    1 голема лажица црвен пипер
    1 лажица сол
    150 гр свинска маст/маргарин (за премачкување)

    Месото се сече на ситни коцкички, се меша со солта и црвениот пипер и се остава да отстои. За тестото се мешаат сите состојќи, се замесува тесто и се остава да порасне/скисне во рок од еден час. По тој еден час тестото повторно се замесува и се дели на 8 топчиња кои се оставаат едно 20 минути за и тие да стасаат. Постоа со прсти се прави форма за пастрмајлија, поплиткиот дел се исполнува со филот/месото и одозгора се става маста или маргаринот. На замастена тепсија се ставаат пастрмајлиите и одат на печење. Пастрмајлиите подоцна одлично одат со луто феферонче:D

    Но затоа што постојат повеќе варијанти на рецептот за пастрмајлија, што со свинско месо и маст, што со јајца, што со овчо месо и пастрма, овој пат нека може да се направи и некоја вегетеријанска верзија на пастрмајлија, така да @Perdika I те очекувам:D И секако деновиве и јас ќе се пријавам.

    1.PNG
     
    Agda Beata, shumecha.tableta, Goodfella и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Затворена за нови мислења.

Сподели преку: