Мојот глас оди кај
@shumecha.tableta. Можеби изгледа суво, но изгледа и вкусно
Иначе што се однесува до коментарите дали јас сум го правел, да не сум го купил........... Доста! Знам, на почетокот на натпреваров со моите учества направив грешка, но за истата се покајав и се извинив. Пред таа грешка и по таа грешка се што пријавувам е мое. Во над 50 мои учества во натпреваров се коментирало дека тоа не е мое, јас сум го купил или не знам што ти таму, па треба да докажувам, да покажувам слики од подготовката и на крајот пак се докажувало дека зготвеното е мое. Па дури и сега ако ја здогледате сликата ќе видите дека тањирот на кој се наоѓа колачето го има неколку пати на сликите со кои учествувам. Сигурно нема јас да купам готово колаче, па дома да му подготвувам чоколадна глазура, па да го украсувам или да го купам готово, па тоа со магија да се пренесува на тањирот со сите состојќи според редоследот од продавница. Згора на се веќе не сликам сликам со слаба камера како тоа што го правев порано, па нормално поинаку и попрофесионално ќе личи сликата, како што згора на се на втората слика ѕиркаат јаболките со кои декорирам при секој натпревар
Ама не, битно е да се промрчело........