Кајгана готвач vol. 128 [гласање: Италијанска паста со сос]

Гласам за:


  • Вкупно гласачи
    53
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
31.900
Поени од реакции
36.464
Јас се мислев помеѓу @Благоев и @shumecha.tableta и на крајот гласав за @shumecha.tableta , а сега ќе кажам/пишам и зошто. Кај @Благоев ми се свиѓа тоа што направил една богата мешавина, посебно ми се свиѓа тоа што ставил брокула, но со готвени суви тестенини (читај тестенини кои не се во чорба) некако не ми иде скоро свеж патлиџан и морков, а и нешто многу не сакам скоро не приготвени чадени меса од типот печеници, вратови, дебели парчиња сланина и останати такви други меса, посебно во комбинација со тестенини. Кај @shumecha.tableta посебно ми се свиѓа спојот помеѓу добро сварените тестенини со сосот, со што јадењево изгледа како една добра хомогена смеса, како и што треба да изгледа, каде ќе ги осетиш вкусовите на сите состојќи, па затоа и гласав за неа:)
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.338
Поени од реакции
2.084
Очигледно не знаеш како се готви со сланина/пршута, и како добро се сврзува крем фреш со обарен/бланширан зеленчук.

....или....
Никогаш немаш пробано добро приготвен рецепт со тие состојки. Кај нас во ресторан, многу ретко ќе добиеш пристојно и квалитетно приготвено јадење.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.943
Поени од реакции
2.049
Јас сум помеѓу @Agda Beata и @Благоев . Сепак Агда го добива мојот глас затоа што помеѓу морска храна и нешто друго, секогаш бирам морска храна :).

Благоев има направено одлична сочна паста, единствено не ми се свиѓа тоа што има ставено морков и домат, но и покрај тоа изгледа убаво.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
31.900
Поени од реакции
36.464
Очигледно не знаеш како се готви со сланина/пршута, и како добро се сврзува крем фреш со обарен/бланширан зеленчук.

....или....
Никогаш немаш пробано добро приготвен рецепт со тие состојки. Кај нас во ресторан, многу ретко ќе добиеш пристојно и квалитетно приготвено јадење.
Другар јас кажав само што ми се свиѓа, а што не ми се свиѓа, бар за мојот вкус. Не кажав дека има нешто лошо во твоето јадење..........., поточно да имаше такво нешто воопшто немаше да размислувам дали за тебе да гласам:D Иначе се согласувам за тоа дека во секој ресторан нема пристојно и квалитетно подготвено јадење, посебно тестенини во/со сос. А за тоа како се готви со сланина/пршута и зеленчук, во случајов при припрема на сос за тестенини, имам доволно искуство од претходното работно место каде научив многу за подготовката на храна:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.
На врв Bottom