Не дека сум дајхард фан на Скопско, иако споредено со Даб го преферирам (особено Даб лименка, па уште ако не е ладна, има вкус на шампон). А и не дека сум некој дегустатор на пиво, али ваква трпеза заслужува Ердингер. Малку е поскапичко ѕидарско (140 е мислам во Веро), ама ем лизга, ем нема афтертејст од кој се прави гримаса.
Веро не ми е баш во близина, ама чим се работи за пиво, ќе го пробам.
Јас ретко кога го менувам Дабчето, не ни погледнувам други, освен чат пат Хајнекен, многу си го сакам.
Од Скопско бегам, и смут нека е, што сака нека е, нејќам.
Дабче си е Дабче.
Да не забегам ептен од темава, и ја си признав дека увијачите ми се растур систем.
Вкусни беа да, ама дека беа шашави - беа.
Прво ги печев во рерна во фолија, до тогаш беа до негде океј, после ги ставив на скара, па коа почна тоа сланината да се лепи, да прска, да паѓа меѓу решетки... а викам батали, печурки само на скара, не мора и увијачите.