[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Во договор со модераторката Олимпија а и еден од најнадежните готвачки таленти во подем на форумов leandra решивме да направиме еден интересен натпревар меѓу форумџиите кои сакаат да се врткаат околу шпоретот.

Реализацијата ќе иде вака. Најпрво Олимпија ќе става што треба да се зготви во временски рок од една недела. Потоа, пријавените, зготвеното со неговиот декор ќе го сликаат, сликата ќе биде постирана и ќе се отвори нова тема со гласање, ќе избереме најдобар труд на таа тема.

Знаеме дека поентата е да се проба јадењето за да се дегустира, но кога веќе сме на далечина ќе гледаме од око кој што направил. :)

Ајде да видиме дали ќе има интерес :D


Правила за учество на Кајгана Готвач:

1. Се задава еден основен рецепт, којшто ќе може да го измените како вам ви одговара, модификации и варијации се дозволени, но сепак тоа да биде во рамките на темата и да не се отстапува од суштината на рецептот.
2. Ќе се ресетира листата со рецепти, што значи дека ќе може повторно да се искористат рецептите коишто веќе еднаш биле зададени.
3. Со тоа што ќе се ресетираат рецептите, не мора да значи дека треба да се избира само од веќе претходно искористените теми, бидете малку покреативни во избирањето на нова тема. Бидејќи истите нема да може да се повторат по третпат.
4. Нема да може да се пријавувате со фотографија која што веќе учествувала во некој од претходните натпревари и покрај тоа што некои теми ќе се повторат, но не и фотографиите.
5. Новиот рецепт го поставува победникот од претходната недела.
6. Истиот има право да се натпреварува таа недела кога го кажал рецептот.
7. Доколку никој не зготвил ништо на зададената тема и нема гласање, следната тема ја бира победникот од последниот натпревар. А потоа, тој што ја задал „неуспешната“ тема.
8. Доколку има само еден пријавен, тој ја кажува следната тема за готвење.
9. Се гласа во посебна, ново отворена тема која ќе ја најдете во овој подфорум.
10. Се готви две недели, што значи што значи исто толку дена трае рокот за пријавување. Една недела за гласање.
11. Доколку некој има желба но, нема време да го приготви рецептот, ќе може да го причекаме ден/два по рокот за пријавување, притоа претходно да најави.
12. И најважно, пријавувајте се со исклучиво ваши фотографии и приготвени јадења.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Секој натпревар носи и симболична награда. Наградата за првиот натпревар е (не се зафркавам - сериозен сум): џебен алкохол тестер :)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.034
Поени од реакции
106.826
Одлична идеја, иако сум машко сепак многу голема љубов имам кон готвењето, но поради недостаток на време нема да можам да учествувам во натпреваров. Сепак ќе ги следам готвачите кои ќе се пријават и секако ќе гласам за најдобрите. Среќно на сите што ќе учествуваат, со лесно нека е во кујната. :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Ајде, ако ми погодите некој рецепт кој можам и јас да го консумирам, ќе се напреварувам :) :D
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
Лајк за идејата, а посебно за дрегерот :icon_lol:
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Еве го првиот рецепт за готвење :)

Потпечени макарони со мелено месо

Потребни состојки:
- Пакетче макарони
- 500 гр. мешано мелено месо
- 1 главица кромид
- 100 мл. кечап или доматно пире
- 2 јајца
- 200 мл. млеко
- 200 мл. павлака
- сол
- црвен пипер
- бибер
- зејтин
- вегета

Подготовка:
Во длабок сад ставете 2 литри вода, сол и малку зејтин да зовријат. Истурете ги макароните во тенџерото и оставете да се сварат. Додека се варат макароните, во друг сад ставете зејтин да се загрее и додадете ја главицата кромид ситно исецкана. Откако ќе зарумени кромидот, месото измешајте го со малку вода за да не ви се прават грутки и додајте го во тавата со кромид. Додадете малку бибер, вегета, сол и оставете да се динста. Кога ќе испари водата од месото ставете го кечапот или доматното пире и нека се потпржи уште 2-3 минути. Потоа тргнете го од оган месото и додадете 1-2 лажици црвен пипер.
Кога ќе се сварат макароните исцедете ги во цедалка, истурете ги во намрсена тава со зејтин и ставете ги во предходно загреана рерна на 250 степени. Нека се запечат 5 - 10 минути и потоа извадете ги од рерна, меленото месо убаво распоредете го и измешајте го низ нив. Оставете да се пече 20 минути. Потоа искршете ги јајцата и посолете. Убаво изматете ги и постепено додавајте млеко и павлака. Извадете ги малку потпечените макарони и посипете ги со павлака, јајца и млеко. Нека се печат уште 10 минути, а потоа уживајте ;)




Епа дечки со среќа. Имате рок една недела да ги напраите макароните по рецептот, да ги сликате и да ги поставите во новоотворена тема за гласање. Сликата со најмногу гласови, добива симболична награда.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
Реализацијата ќе иде вака. Најпрво Олимпија ќе става што треба да се зготви во временски рок од една недела.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Баба ќе биде гејммастер :D треба ли ацц да и направам ?
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Леле макарониве шо филм ми прает... Со око ќе ги изеам...
бтв, супер идеа... и јас ќе учествувам.. секако ме бива за готвење.

Е сега, овај рецептов со макарониве...
Ние треба да зготвиме нешто наше (ново) - користејќи ги истите стостојки.., или пак треба и ние да правиме макарони, само во друг стил?
Ова слабо го разбирам...
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Еден предлог, до зготвеното да се напише кајгана.com , за да се идентификува дека е сегашно и нивно дело. :)
Сакам да дегустирам :D
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Ја подржувам идејата максимално. Но доловувањето на моментот и вкусот и се општо за претстава на визуелнен делишес во главата го прави сликата. Инстаграм и скапи апарати можат да го овозможат тоа. Мојот 2 мега пиксели, неверувам дека на некого ќе направи да му протечат лиги ...
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Одлична идеја ви е оваа (y)
Можеби ќе учествувам не се знае.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Леле у макарони ќе ве "убијам" :) Ќе ги јаде комшијава, али важно е да се учествува. Собирам навивачи и гласачи на профил, само CafeDelMar; да не ми е конкуренција:D
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Леле макарониве шо филм ми прает... Со око ќе ги изеам...
бтв, супер идеа... и јас ќе учествувам.. секако ме бива за готвење.

Е сега, овај рецептов со макарониве...
Ние треба да зготвиме нешто наше (ново) - користејќи ги истите стостојки.., или пак треба и ние да правиме макарони, само во друг стил?
Ова слабо го разбирам...
Вие имате рок од недела дена да го зготвите поставениот рецепт - во случајов Потпечени макарони :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Супер идеја (y) (y) (y)
Ама сметам дека треба да се предложи што рецепт треба да се направи ( пр. потпечени макарони, вегетаријанска пица и др. ) и сите кои ќе учествуваат ќе си ги постираат сликите и својата рецепта од јадењето, пример некој не јаде кашкавал и ќе ги направи макароните со биено сирење или слично ...Идејата е да биде истото јадење, а начинот, зачините секој ќе си го прави по свој тек.
Сега првиот пат ќе предложи рецепт Олимпија, а понатаму правилно е да предложува рецепт победникот за претходното јадење :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom