[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Чорба

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
2.684
Поени од реакции
14.002
Темава пица стои уште од минатата година. Наредно уклучување ќе отворам тема за гласање, а до тогаш кој сака, нека се пријави. :angel:

Измислено тесто, зденка, кечап, пилешки гради, печурки, кашкавал, оригано.
ivRu9dzm.jpeg le-fLG8L.jpeg
 
Член од
15 март 2010
Мислења
4.914
Поени од реакции
4.018
Да скршам мраз јаЗ, прво пријављење така да и да не добијам ниту 1 јебен глас, не ми е криво. Сите продукти сем пивото се мејд ин и купени ин Итали . Тестото е по Наполетански рецепт подпечена на дрва + моцарела,мортадела,џуџе доматки,маслинки и пиперче. У позадина се гледа Италија-Полска до21година Европско , жабарите губат 0-1 , а мене ми е пунорамно.
20190619_220858.jpg
20190619_221327.jpg
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
2.684
Поени од реакции
14.002
Неколку теми по ред беа солени работи, сега нека биде трилече. :D
Последниот пат се имам водено по овој рецепт. Сечен, монтиран, склопуван. :D

Состојки:
6 јајца
300 гр шеќер
1 ванилин шеќер
400 гр брашно
1 пециво
200 мл кондензирано млеко
500 мл слатка павлака
900 мл млеко
500 гр готов карамел
Белките се матат пенасто, со постепено додавање на шеќерот. Се додаваат и жолчките една по една, со непрекинато матење. Се додава брашното и пецивото, се меша со лажица. Се пече во загреана рерна на 180 степени, во тавче обложено со хартија за печење. Кога ќе се излади 20тина минути, се вади од тавчето, во тавчето се става затопленото кондензирано млеко со 100 мл слатка павлака во него, па се враќа пандишпанот во тавчето кој се пробушува со вилушка на повеќе места. Одозгора се прелева со затопленото млеко, па се премачкува со преостанатата изматена слатка павлака. Најодозгора се премачкува со карамел (претходно отстоен на собна температура).

Сликава е од интернет. Ако има пријавени, ќе прикачам и моја. :angel:
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.041
Поени од реакции
11.748
Во животот ниту имам јадено ниту правено трилече. :)

Ако се убедам, ќе ве дружам. :)
 
На врв Bottom