Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
- Член од
- 29 јануари 2007
- Мислења
- 84.962
- Поени од реакции
- 195.489
Во договор со модераторката Олимпија а и еден од најнадежните готвачки таленти во подем на форумов leandra решивме да направиме еден интересен натпревар меѓу форумџиите кои сакаат да се врткаат околу шпоретот.
Реализацијата ќе иде вака. Најпрво Олимпија ќе става што треба да се зготви во временски рок од една недела. Потоа, пријавените, зготвеното со неговиот декор ќе го сликаат, сликата ќе биде постирана и ќе се отвори нова тема со гласање, ќе избереме најдобар труд на таа тема.
Знаеме дека поентата е да се проба јадењето за да се дегустира, но кога веќе сме на далечина ќе гледаме од око кој што направил.
Ајде да видиме дали ќе има интерес
Правила за учество на Кајгана Готвач:
1. Се задава еден основен рецепт, којшто ќе може да го измените како вам ви одговара, модификации и варијации се дозволени, но сепак тоа да биде во рамките на темата и да не се отстапува од суштината на рецептот.
2. Ќе се ресетира листата со рецепти, што значи дека ќе може повторно да се искористат рецептите коишто веќе еднаш биле зададени.
3. Со тоа што ќе се ресетираат рецептите, не мора да значи дека треба да се избира само од веќе претходно искористените теми, бидете малку покреативни во избирањето на нова тема. Бидејќи истите нема да може да се повторат по третпат.
4. Нема да може да се пријавувате со фотографија која што веќе учествувала во некој од претходните натпревари и покрај тоа што некои теми ќе се повторат, но не и фотографиите.
5. Новиот рецепт го поставува победникот од претходната недела.
6. Истиот има право да се натпреварува таа недела кога го кажал рецептот.
7. Доколку никој не зготвил ништо на зададената тема и нема гласање, следната тема ја бира победникот од последниот натпревар. А потоа, тој што ја задал „неуспешната“ тема.
8. Доколку има само еден пријавен, тој ја кажува следната тема за готвење.
9. Се гласа во посебна, ново отворена тема која ќе ја најдете во овој подфорум.
10. Се готви две недели, што значи што значи исто толку дена трае рокот за пријавување. Една недела за гласање.
11. Доколку некој има желба но, нема време да го приготви рецептот, ќе може да го причекаме ден/два по рокот за пријавување, притоа претходно да најави.
12. И најважно, пријавувајте се со исклучиво ваши фотографии и приготвени јадења.