[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Следна тема нека биде: Печурки.
Какви сакате, со што сакате, на каков начин сакате, печурки да се. Ај поздрав.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Измислена салата со пржени печурки.

Потребно е: рукола, кубети, кругови црвен/бел кромид, сечкани црни маслинки, домати, пржени печурки (добро оладени), сол, бибер
За дресинг: сенф, маслиново, јаболков оцет, кари, капка лимон.
Се чисти руколата, се меша со сите претходно исечени зеленчуци и се прелева со дресингот. Мене ми служи како целосен оброк. salata.jpg
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Динстани печурки, туна со зеленчук и брокула.
16990496_1220392191414140_1406135157_o.jpg

Следна тема: Потпечен зеленчук

Глупаво или не, не ми текнува на ништо друго. Сега барем има избор на зеленчук. (=
Пријавувањето трае до наредната недела.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.701
Поени од реакции
24.161
Ај да се приберам и ќе ве дружам. Ако не успеам, ќе ставам стара слика.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Еве го и мојот потпечен, т.е. полупотпечен зеленчук:D

Станува збор за потпечени патлиџани, пиперки и кромид, но не во рерна туку во нешто како импровизирана скара да речеме. Во истиот сад во кој е потпечен зеленчукот отпосле е потпечено и сирењето, затоа на некои места е така жолтеникаво. Од озгора има сол, рузмарин и по малку ,,свежо" сирење.

Па пријатно јадење Кајганџии............................:)

Потпечен зеленчук.png
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
ЕеееЕееееее........., вака ли ќе се дружевме:cautious::D
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Извинете вака што одолговлекувам, само малку пократко стојам со време...
Би ја замолила ако може @Medea да ја соопшти следната тема за готвење. :oops:
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Ајде нека се угоде. Нека биде неконвенционална паста со сос по избор.
Баш сабајлево готвев р'жани тестенини со сос од лук и домати.
Рецепт + фотки во прилог:
Домашна паста од р'жано брашно
Подготовка, за двајца:
2 јајца
220 гр брашно
малку сол
лажиче маслиново

Сос по избор, мојот е со лук, маслиново, доматен сос и нане/босилек/што сакате.

На едно јајце оди околу 110 гр брашно. Правите вулканче од брашното и во него ги сипате двете јајца. Ставете сол, лажиче маслиново и нежно мешајте за да добиете хомогена маса, како паста, и по потреба додавајте брашно. Топчето убаво замесете го и оставете го 30 минути во фрижидер да одмори.
Потоа се дели на два дела и се прават топчиња. Секое топче се расукува најтенко што можете. Посипувате со брашно и со остар нож, внимателно сечете јуфки/долгнавести форми, а ако ве примрзи, како мене - едноставно сукате виенски нудли, односно тие црвчињата на првата слика.
Во тенџере со вода што врие во која сте ставиле малку сол и масло, се истураат тестенините и треба да се варат 10 минути. Тргнете ги од оган, процедете ги и оставете ги да се оладат.
Сосот е најпрост - во маслиново пропржив едно месечинче лук, додадов доматен сос (може томатело, може и домашен), сол, нане и ги истурив тестенините. Прокрчкувате уште 5-6 минути и толку!
Првпат правам со р'жано брашно, не беа лоши. Само совет за нареден пат - екстремно тенка кора за тестото, како би биле и самите тестенини тенки и повкусни.
making.jpg done.jpg
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Јас изгледа вторник, евентуално среда ќе можам да стигнам. Само ако нема никој пријавено, мислете му ја. :P
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Бев до Рамстор, Кам и Стокомак, ама нигде нема. :cautious: Ако прави уште некој, утре ќе побарам и по други маркети, ако не, @Medea бирај следна тема. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom