[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.702
Поени од реакции
24.166
Утре ми е роденден, правете ми торта. :) Каква сакате, рецептот по ваша желба.[DOUBLEPOST=1493843235][/DOUBLEPOST]Еве ја мојата, роденденска. :D Внатре има чоколаден крем со рум и ореви и бел крем со бело чоколадо.


20170503_220211.jpg
 
Последно уредено:

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Еве ја точно во 24 часот, (само без 10 минути поминувајне :ROFLMAO:)... Среќен нека е Агда! :D До 101 да тераш, па назад. :D



Се мислев за која, ајт оваа нека биде. Со чоколадни палачинки, а филот имаше нешто еурокрем, слатка павлака... везе неам искрено, од толку торти више кој да памти, ни рецепти не пратам ни ништо. Само памтам дека ја сечев дур беше замрзната, за да не шетаат многу палачинките натака навака. Затоа кај подолните слоеви мава накај бело (замрзнато). :icon_mrgr:

 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Лесна, проста несовршена торта. Ко мојата врска, од таму ѕвездичките иницијали:love:

Пандишпан со чоколадо стопено во него + фил од пудинг од ванила измеѓу и свежо насечкани јагоди, а најгоре целата покриена со чоколаден пудинг во кој ставив малку рум и портокал свежо исцеден.
18275070_10155209981248516_8757332842492356030_n.jpg
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755
Лесна, проста несовршена торта. Ко мојата врска, од таму ѕвездичките иницијали:love:

Пандишпан со чоколадо стопено во него + фил од пудинг од ванила измеѓу и свежо насечкани јагоди, а најгоре целата покриена со чоколаден пудинг во кој ставив малку рум и портокал свежо исцеден.
Прегледај го приврзокот 170497
Не сум по тортите, ама описот многу ми се допадна
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Втор пат победувам, а уште неможам да си поверувам за првата победа:D



Размислував, размислував и мислев смути или пинџур оваа недела да правиме, ама не. Нека биде нешто што речиси секој ден го јадеме и го правиме, а баш одговара за на времево..............


Сендвич

Конкретен рецепт нема и не станува збор само за ладен сендвич или само за домашен хамбургер. Можете да направите ладен сендвич, некој топол сендвич/бургер, клуб сендвич, некој вегетеријански сендвич, туна сендвич..................., уствари каков сендвич сакате, таков:D Јас деновиве ќе се пријавам.

Предлог рецепт

1 лепиња
1 мал патлиџан
половина краставица
1 круг мартадела
2 мали листа марула
мајонез

Лепињата се сече на половина и се мачка со мајонез. Листовите марула се
ставаат на долниот дел од пресечената лепиња. Патлиџанот и краставиците се сечат на кругови и се редат врз марулата. Мартаделата се става врз патлиџаните и краставиците, лепињата се затвара со горниот дел и сте спремни за учество во натпреварот Кајгана готвач:D

41.JPG
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Ајде јас да го скршам мразот:D

Состојќите за мојот сендвич се тркалезно лепче, павлака, марула, патлиџан, краставица и салама. Лепчето се сече на два дела и истите се мачкаат со павлака. На долниот дел се ставаат листовите марула, а врз нив се редат претходно исечканите кругови патлиџан и краставица. Кругот салама се сече на ленти и се пржи и откако ќе се испржи се става врз патлиџанот и краставиците. Сендвичот се затвара и е готов. Тоа во позадина во чашата е јогурт. Мислев да ставам Кока Кола, ама ем видов дека немав:D, ем не пијам, ем не е здраво, а комбинацијата со јогурт е полн погодок за добар и здрав доручек.

Па пријатно јадење Кајганџии...............:)

Сендвич1.png
Сендвич by Sungerot Bob on Кајгана форум

Сендвич2.png
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Не правам мн често и ретко кога два пати правам ист сендвич, сакам да експериментирам, па прв пат таква комбинација ставам во сендвич. Зденка, тиквички, домати, краставици и сирење...
Прво намачкав 2 зденки, наредив тиквички...

IMG_20170512_155411.jpg

Па домат, краставици, сирење...
IMG_20170512_155539.jpg

И уште еднаш исто, само без зденка и ставив буковец...
IMG_20170512_155927.jpg

И то е то... вкусно :P

IMG_20170512_155952.jpg


@Sungerot Bob тоа црното што ти е, ептен ми боди очи... а и целиот сендвич не е по мој вкус баш, ако ти стаив лајк :D некако многу дебело ми изгледат насечено доматите, а и тоа црното, што и да е :confused:
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
@Goodfella , тоа црното му е краставица, не ја излупил па затоа темно изгледа. :D
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
@Sungerot Bob тоа црното што ти е, ептен ми боди очи... а и целиот сендвич не е по мој вкус баш, ако ти стаив лајк :D некако многу дебело ми изгледат насечено доматите, а и тоа црното, што и да е :confused:
Тоа црното што во суштина е темно зелено е краставица. А иначе ова со дебелината донекаде е оптичка илузија, а донекаде е ствар на вкус:D
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
чекај па ти веднага да гласаш, може друг ќе постира сендвич туууууу , чекај да се испеат сите песни може допрва ќе дојде фаворитот со сендвич во уста ... :D
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.765
Поени од реакции
29.042
чекај па ти веднага да гласаш, може друг ќе постира сендвич туууууу , чекај да се испеат сите песни може допрва ќе дојде фаворитот со сендвич во уста ... :D
,,,dodeka da dojde favoritot,,,:pos:,,,natprevarot ke pomine,,,:icon_mrgr:,,,:icon_lol:,,ke barame nekoe chare,,,,:ROFLMAO:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom