Вегански сендвичи со грав.
За почеток сварив околу 10 големи лажици грав и една црвена пиперка, која подоцна ја исецкав и ја ставив во садот каде што го пасирав гравот со обична рачна алатка за пасирање. Потоа зачинив со хималајска сол, црн бибер, мелен ким (преовладува), морско оревче, јенибар, малку оригано сушено, малку буковец, малку лук во прав, неколку капки ворчестер, неколку капки соја сос, малку црвена пипер. Потоа за добро да се соедине смесата додадов мелено ленено семе и 'ржано брашно околу една лажица, потоа повторно мешате пробувате ако ви фали некој вкус додавате. Ги навлажнувате рацете со вода и почнувате да ги формирате, со водени раце воопшто не се лепат и многу брзо се формираат, се ставаат на плех со хартија за печење, не ви треба воопшто масло, евентуално малку со четкица за ги намачкате ако сакате боја, додадов семки од тиква на крај и малку изронив гранче рузмарин, при што го ставив и внатре.
До овај момент заборавив целосно дека има натпревар во бургери и немав направено фотографија, па реков ај да сликам.
Втора етапа додека ми се вареше гравот јас исецкав кромид на кругови и му ставив малку јаболков оцет и некое зрно коријандер и сол. Исецкав домати на кругови и спремив сосче со тахини 2 лажици, 2 лажици мед и 1 мало оган лутп суво пиперче го испеков на плинско и го исецкав комплет сосе семки и тоа е лутиот сос. Сенфот е спремен не чека.
Трета фаза 'ржани лебчиња ги потпеков на тостер (побарав убави лебчиња 'ржани за бургерчиња, ама не најдов и беше многу жешко за да одам до поголеми маркети да барам) и од едната страна од лутиот сос, од другата страна од сенфот, потоа следи бургерот од грав, потоа парче од закиселениот кромид (pickled onion), парче домат и затвораме радња.
Сервираме и бујрум.
пс. сосот беше оган лут, али како што бев гладен маф направив се!
ппс. долго време ме немаше на темава али некако еве со веганска импровизација влегувам во комбинација за сендвич.