Ајде нека се угоде. Нека биде неконвенционална паста со сос по избор.
Баш сабајлево готвев р'жани тестенини со сос од лук и домати.
Рецепт + фотки во прилог:
Домашна паста од р'жано брашно
Подготовка, за двајца:
2 јајца
220 гр брашно
малку сол
лажиче маслиново
Сос по избор, мојот е со лук, маслиново, доматен сос и нане/босилек/што сакате.
На едно јајце оди околу 110 гр брашно. Правите вулканче од брашното и во него ги сипате двете јајца. Ставете сол, лажиче маслиново и нежно мешајте за да добиете хомогена маса, како паста, и по потреба додавајте брашно. Топчето убаво замесете го и оставете го 30 минути во фрижидер да одмори.
Потоа се дели на два дела и се прават топчиња. Секое топче се расукува најтенко што можете. Посипувате со брашно и со остар нож, внимателно сечете јуфки/долгнавести форми, а ако ве примрзи, како мене - едноставно сукате виенски нудли, односно тие црвчињата на првата слика.
Во тенџере со вода што врие во која сте ставиле малку сол и масло, се истураат тестенините и треба да се варат 10 минути. Тргнете ги од оган, процедете ги и оставете ги да се оладат.
Сосот е најпрост - во маслиново пропржив едно месечинче лук, додадов доматен сос (може томатело, може и домашен), сол, нане и ги истурив тестенините. Прокрчкувате уште 5-6 минути и толку!
Првпат правам со р'жано брашно, не беа лоши. Само совет за нареден пат - екстремно тенка кора за тестото, како би биле и самите тестенини тенки и повкусни.