Неколку теми по ред беа солени работи, сега нека биде
трилече.
Последниот пат се имам водено по овој рецепт. Сечен, монтиран, склопуван.
Состојки:
6 јајца
300 гр шеќер
1 ванилин шеќер
400 гр брашно
1 пециво
200 мл кондензирано млеко
500 мл слатка павлака
900 мл млеко
500 гр готов карамел
Белките се матат пенасто, со постепено додавање на шеќерот. Се додаваат и жолчките една по една, со непрекинато матење. Се додава брашното и пецивото, се меша со лажица. Се пече во загреана рерна на 180 степени, во тавче обложено со хартија за печење. Кога ќе се излади 20тина минути, се вади од тавчето, во тавчето се става затопленото кондензирано млеко со 100 мл слатка павлака во него, па се враќа пандишпанот во тавчето кој се пробушува со вилушка на повеќе места. Одозгора се прелева со затопленото млеко, па се премачкува со преостанатата изматена слатка павлака. Најодозгора се премачкува со карамел (претходно отстоен на собна температура).
Сликава е од интернет. Ако има пријавени, ќе прикачам и моја.