[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Мекици/пишии

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
2.999
Поени од реакции
16.481
Домашни лепчиња, преполовени па тостирани внатрешно. Сос од мајонез, кисело млеко, сенф и пармезан. Марула, печена плескавица со праз, топен кашкавал, патлиџан.

Утре ќе отворам тема за гласање, па ако уште некој сака да се пријави... слободно. :D
IMG_1116.JPG IMG_1155.JPG
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
2.999
Поени од реакции
16.481
Темава пица стои уште од минатата година. Наредно уклучување ќе отворам тема за гласање, а до тогаш кој сака, нека се пријави. :angel:

Измислено тесто, зденка, кечап, пилешки гради, печурки, кашкавал, оригано.
ivRu9dzm.jpeg le-fLG8L.jpeg
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.345
Поени од реакции
5.171
Да скршам мраз јаЗ, прво пријављење така да и да не добијам ниту 1 јебен глас, не ми е криво. Сите продукти сем пивото се мејд ин и купени ин Итали . Тестото е по Наполетански рецепт подпечена на дрва + моцарела,мортадела,џуџе доматки,маслинки и пиперче. У позадина се гледа Италија-Полска до21година Европско , жабарите губат 0-1 , а мене ми е пунорамно.
20190619_220858.jpg
20190619_221327.jpg
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
10.545
Поени од реакции
4.326
Купено тесто, кечап, лутко макало, кашкавал, само едно парче шунка, домати, кромид, печурки, сирење, пак кашкавал, рукола, сусам.

IMG_20190620_180031~2.jpg
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
2.999
Поени од реакции
16.481
Неколку теми по ред беа солени работи, сега нека биде трилече. :D
Последниот пат се имам водено по овој рецепт. Сечен, монтиран, склопуван. :D

Состојки:
6 јајца
300 гр шеќер
1 ванилин шеќер
400 гр брашно
1 пециво
200 мл кондензирано млеко
500 мл слатка павлака
900 мл млеко
500 гр готов карамел
Белките се матат пенасто, со постепено додавање на шеќерот. Се додаваат и жолчките една по една, со непрекинато матење. Се додава брашното и пецивото, се меша со лажица. Се пече во загреана рерна на 180 степени, во тавче обложено со хартија за печење. Кога ќе се излади 20тина минути, се вади од тавчето, во тавчето се става затопленото кондензирано млеко со 100 мл слатка павлака во него, па се враќа пандишпанот во тавчето кој се пробушува со вилушка на повеќе места. Одозгора се прелева со затопленото млеко, па се премачкува со преостанатата изматена слатка павлака. Најодозгора се премачкува со карамел (претходно отстоен на собна температура).

Сликава е од интернет. Ако има пријавени, ќе прикачам и моја. :angel:
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.420
Поени од реакции
14.271
Во животот ниту имам јадено ниту правено трилече. :)

Ако се убедам, ќе ве дружам. :)
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
2.999
Поени од реакции
16.481
Некој да покаже интерес готвачов да го живнеме малку или слабо? :angel:
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.420
Поени од реакции
14.271
И така сме повеќето дома, да си поиграме периодов со натпревари, м? :)

Салата, да биде натпреварот за следната недела, може?
Без ограничувања, дури и овошна салата се важи. :X3:
 
На врв Bottom