Чизкејк
1. Подлога
400г мелени бисквити
150г стопен путер
100мл сок(било каков)
Се соединува се и се става во округло тавче и се натиснува доле и од страните и се става во фрижидер. Тавчето да не е многу големо за да не биде низок колачот. Обично се прави во тавче на кое му се вади страничниот дел.
2. Фил
150мл слатка павлака(хопла за благо)(ладна)
350г крем сирење(препорачливо филаделфија)(собна температура)
150г маскарпоне(собна температура)
150г шеќер во прав
1 ќесичка ванилин шеќер
1 ќесичка желатин
40мл вода
40 мл млеко
Хоплата се мати додека не стане ко шлаг. Се додава крем сирењето, маскарпонето и шеќерот во прав и ванила шеќерот и се мати убаво.
Желатинот го истураме во чаша, додаваме водата, чекаме да упие 5 минути и после го ставаме во врело млеко. Убаво се меша па се додава во филот и матиме со мала брзина.
Филот го ставаме во калапот со бисквити и во фрижидер чекаме да се стврдне(за побрзо може и во фриз)
3.Прелив
300г смрзнати малини(или вишни/јагоди)
Малку шеќер
Малку густин
Смрзнатото овошје директно на тавче и го посипуваме со шеќер. Чекаме да се растопи како за џем, а после по вкус се додава плус шеќер, а густин се додава за подесување на густината на преливот.
Кога ќе се излади преливот го истураме врз стврднатиот фил.
После јадеме