- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 1.000
- Поени од реакции
- 8
Доколку пиете кафе секој ден, ќе ја намалите шансата да заболите од рак на црниот дроб, велат новите истражувања.
Истражувачи на Универзитетот во Токио, Јапонија, открија дека кафето помага да се намали ризикот од цироза, како и тоа дека хлорогенската киселина што ја има во зрната кафе го намалува ризикот од рак на црниот дроб.
Научниците проучиле 61.000 луѓе на 40-годишна возраст или повозрасни и ги анализирале податоците врз база на возраста , полот и други фактори. Од податоците што ги добиле заклучиле дека шансите за рак на црниот дроб се 0.58 за оние што пијат повеќе од еден филџан кафе дневно и 0.71 за оние кои внесуваат помало количество кафе. Оние пак, кои воопшто не пијат кафе, шансите за заболување од рак на црниот дроб се 1.
Луѓето кои имале некои полесни заболувања на овој орган, оние постари од 60 години, како и оние кои пушеле во минатото имаат поголеми шанси за заболување од рак на црниот дроб.
Шансите за рак на црниот дроб кај „кафеџиите“ се подеднакво мали, без разлика на годините, полот или навиките во конзумирањето.
izvor