wild dolphin
Мал човек а голем ждерач
- Член од
- 12 мај 2009
- Мислења
- 1.702
- Поени од реакции
- 229
Веќе подолго време кај нас кафеавиот шеќер е повеќе на цена отколку белиот. Кога одиме на кафе, угостителите ни ги нудат обата типа. Во продавниците и маркетите ги има и едниот и другиот. Некои го користат кафеавиот шеќер, бидејќи е поздрав од белиот, други поради помодарство, трети ги читаат декларациите на кои е наведена неговата енергетска вредност и состав.
Но, која е вистината? Дали кафеавиот шеќер го оправдува епитетот „поздрав“, во однос на белиот?
Според некои доктори, не постои никаква разлика помеѓу овие два типа на шеќер. Кафеавиот има за нијанса повеќе минерали и витамини. Меѓутоа, со оглед колкава дневна количина консумираме, тоа е занемарливо. Докторите сметаат дека ова е само добар маркетинг трик на трговците и производителите за поголем профит.
Од друга страна, според статистиките, секој од нас консумира околу 2 тони шеќер во текот на својот живот, така што не е толку занемарливо што кафеавиот шеќер содржи повеќе витамини и минерали отколку белиот шеќер.
Изборот останува на нас, но имаме и една забелешка која се однесува на цената на кафеавиот шеќер. Фактот дека тој е полу-производ, би требало да го направи поевтин од белиот, а не три пати поскап.
КАКОВ ШЕЌЕР КОНЗУМИРАТЕ НАЈМНГОУ? КОЈ ПОВЕЌЕ ВИ СЕ ДОПАЃА АКО СТЕ ГИ ПРОБАЛЕ И ДВАТА ТИПА? ШтО МИСЛИТЕ КОЈ Е ПОЗДРАВ И ДАЛИ СТЕ ВИДЕЛЕ НЕКОЕ ПОДОБРУВАЊЕ КОНЗУМИРАЈЌИ КАФЕАВ ШЕЌЕР?