Кафана или кафански филм

Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.770
Поени од реакции
8.193
Ова нема врска со биртиите како појава, укажува само на тоа дека ти си ужасно површен пријател.

Ништо не било погрешно во неговиот „рецептор за обработка на световното“, погрешен е твојот концепт во кој очигледно вредностите на еден човек се отелотворени во форма на една единствена ТФ група као Кисми.
Нема врска.
Самиот тој бла бла дел у твојот цитат треба да ти укаже дека се работи за проблем далеку поголем од Кисми,и дека се работеше за трансформација на карактер,барем во тој случај.За другите ме мрзи да мислам,малиот се заеба,а кафаните и Кисми+сите клонови на тоа срање беа зачетна фаза која практично ја прави и преодна во неговата трансформација.
Не елаборирав,да,ама немаше ни потреба дотолку да ја тупам таа работа која му се се случи на батето и која морончина стана.
Имав и побитни работи да пишувам во постот.
Ама кој ќе ги цитира нив.
Површни низаедни.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Сакале не сакале кафаната за жал во Македонија е институција, и тоа на ниво на Претседател на Држава или Премиер на Влада.

PSYtisfaction како девојка и како една од помладите во оваа дискусија невидено добро го има сватено овој општествен феномен. Но се запрашувам кој е тој момент на сеќавање на време пред Југославија, затоа што кога нејзината генерација добила свест Македонија веќе беше самостојна?
Се што ние знаеме за тоа време е колнењата од нашите баби и дедовци а не ретко и родители, за тоа како било во нивно време кога иделе на одмор се идело и се прeстојувало со своите директори-што само по себе кажува колку имало перење на мозок во тоа време (но тоа е друга тема).

Sussaro во негов стил го кажа историјатот, притоа-не избрзувајќи да напаѓа и да дава коментари дали е тоа добро или лошо-мудро чекајќи ги реакциите за да се доискаже.
Кришо, сме разговарале на оваа тема повеќе пати и сам знаеш. Ти како човек кој во голема мерка не го оправдува Социјализмот (Комунизмот) поради апсурдниот став кон пазарната економија т.е. командитна економија. Но сепак знаеш дека едно од ретките позитивни работи што произлегло од тоа време е социјалниот систем, но и тебе да те прашам! Како ли ја оправдуваш кафаната како една од индиректните алатки за перење мозок што ја користеле во КПЈ?

Јас не ги оправдувам членовите што пљукаат по кафаната, затоа што и сами знаеме дека тоа е донекаде само дел од некој бес што по-некое време ќе го снема.
Се разбира дека сум исто така свесен дека во оваа или наредната недела не чека барем едно седнување во кафана, сепак Гаго се врати од Германија плус ние одамна не сме седнале, и јас немам ништо против тоа. Но сакам еден реален објективен став од ваша страна.
Тоа не подразбира искажување на носталгични тендеции за нешто што никогаш не сме го доживеале.

Сега морам да идам на работа:pos:, а кога ќе се вратам се надевам на конструктивна дискусија за оваа одлична тема што UnholY ја отвори.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
98
Но сепак знаеш дека едно од ретките позитивни работи што произлегло од тоа време е социјалниот систем, но и тебе да те прашам! Како ли ја оправдуваш кафаната како една од индиректните алатки за перење мозок што ја користеле во КПЈ?

:pos2: :pos2: :pos2:

Abe ovoj se zaebava ili ozbilen e ????

Da be Tito gi otvoril kafanite , najvechi kafandzija u gradot JBT hahahahaha

Abe more deca... kafana ti e vo genot na sekoj od nas ...muzika melos ima nesto sto e poraka koja ide od generacija do generacija ... aj idi nacukaj se na onie Bavarskite pesnicki koga si mavaat shamari tamu i skokaat ...Tirolci bea mi se cini...

Kakvi muabeti se svrtele na masa u istorijatov toa na nieden koncert ne e mozno...

Ides u kafana od vreme na vreme da se potsetish deka si covek ete toa e moe mislenje
 
Член од
21 февруари 2006
Мислења
132
Поени од реакции
9
Има кафани и кафани... не може сите да ги ставиме во исти топ...
на пример на кафана како Мементо ако може да се нарече кафана каде што нашава ни младина се праи земја-ваздух и ги слуша Турбо фолк хитовите ми доаѓа да :pov: ама има кафани кај што има жива музика свират наши стари песни :music5:,добра атмосфера,добро друштво... мераци
ете видиш одамна не сум бил у кафана мора нешто да се организира викендов :)
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Абе не џабе викаат..не се наоѓаш во кафана
Кафана ти е место каде ќе се опуштиш, таа ти е политички азил од домашните проблеми, ќе го пуштиш мозокот да пасе трева, ќе се орасположиш, ќе ја фатиш конобарката за гс и ќе ја тераш до сто и една и назад и што е најважно за одење во кафана не се прави договарање, стално некој има дежурен таму... а не како што некои овде како расипана плоча мелат..комунизмот па комунизмот, ебате комунизмот и кафана, не оди тоа заедно, и за малите деца што мочаат во гаќи тој е крив?
 

Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Кулминација на депресивно расположение и фрустрации од страна на присутните, надополнето со звукот од некоа српска шабанерија, или можеби и нешто олд скул, од типот на Лепа Брена, Душко Кулич и сл.
Дали кафаните или било кој објект или место се добри или не нема општоприфатен одговор, тоа е индивидуално и прашање на вкусови :toe:

Во целава дискусија мислам дека е претставена тотално погрешна слика за кафаната и треба да разграничиме некои работи :nesvest: Зошто? Да почнеме со описот од погоре како место со:
“Кулминација и депресивно расположение на присутните“ што е апсолутно неточно, затоа што кафаната најчесто е место каде луѓето одат да сврзат убав муабет со пријателите, да уживаат, да се напијат некое пиво со славенички повод или без, да се напијат чашка ракија додека листаат денешна штампа после пазарење и слично.

“Место полно со квазиинтелектуалци, женкари и љубовни депресивци“ овие луѓе исто така ги има во работните организации, кафичите, спортските клубови, парковите, насекаде... тие ниту никнуваат во кафана ниту живеат таму.


Сакам да кажам дека кафаната не треба да ја претставуваме и доживуваме толку црно. Секој што знае да одржи баланс во животот може да ужива во кафаната исто како и во диското, бркањето девојки, играњето фудбал и читањето книга, а притоа и многу да научи.. тие што не знаат која им е целта може да забегаат на покер, на курви, на дрога, кражби или да не завршат ни средно.. :jaj:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Каква феноменална дискусија. :) Еве мој краток придонес...

Да отвори Unholy тема за кафана и да ја нападне како институција, е исто како Chombe United да отвори тема за Електрични гитари и да каже дека се срање од инструмент.
Во нашето опкружување, кафана е исто што и паб за англичанец... се поистоветува со тоа. И во Англија не сите одат по пабови, има и такви кои уживаат во индиски ресторан со набиени цени, кој веројатно во Бомбај никој не би го ни приметил но... добро.

Од мој агол, кафана ми е изгустирана работа. Јас сум роден во една таква, и раните детски денови ги поминав по биртии какви што денес веќе нема. Не се повеќе за мене, атмосферата не е онаа која ми е најблиска, ама да бидам искрен, со пријатели низ добра чашка попрво би седнал во една таква шупа каде никој нема да има потреба да ме погледне попреку дали сум рекол дека Грујо е опинок, дека хип хопот е срање или дека сите жени се исти... отколку со истите луѓе да се плеснам во кинески ресторан.

Се` си има своја намена, фала богу што македонците кафаната ја сфаќаат исправно.
 

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Off topic ke bidam ama moram da prasam, me fati inat so ovaa moja zatupena 'rgosana glava sto vise na nisto ne se sekava... dali nekoj se sekava kako se vikase i od koj avtor bese edno delo kade sto celiot nastan se slucuvase vo edna kafana, koja sto postoela porano tuka negde kaj sto e sea vladata? Ne me prasuvajte za poveke informacii okolu knigata, posto ne se sekavam, iako ja imam citano. Poznato delo na poznat avtor e. Pomos?
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Off topic ke bidam ama moram da prasam, me fati inat so ovaa moja zatupena 'rgosana glava sto vise na nisto ne se sekava... dali nekoj se sekava kako se vikase i od koj avtor bese edno delo kade sto celiot nastan se slucuvase vo edna kafana, koja sto postoela porano tuka negde kaj sto e sea vladata? Ne me prasuvajte za poveke informacii okolu knigata, posto ne se sekavam, iako ja imam citano. Poznato delo na poznat avtor e. Pomos?
Еј, баш добра книга, се работеше за една кафана во Дебар Маало, тука блиску кај Зоолошката.
Ама фак, ни мене не ми текнува. :)
 
U

UnholY

Гостин
Дали кафаните или било кој објект или место се добри или не нема општоприфатен одговор, тоа е индивидуално и прашање на вкусови :toe:

Во целава дискусија мислам дека е претставена тотално погрешна слика за кафаната и треба да разграничиме некои работи :nesvest: Зошто? Да почнеме со описот од погоре како место со:
“Кулминација и депресивно расположение на присутните“ што е апсолутно неточно, затоа што кафаната најчесто е место каде луѓето одат да сврзат убав муабет со пријателите, да уживаат, да се напијат некое пиво со славенички повод или без, да се напијат чашка ракија додека листаат денешна штампа после пазарење и слично.

“Место полно со квазиинтелектуалци, женкари и љубовни депресивци“ овие луѓе исто така ги има во работните организации, кафичите, спортските клубови, парковите, насекаде... тие ниту никнуваат во кафана ниту живеат таму.


Сакам да кажам дека кафаната не треба да ја претставуваме и доживуваме толку црно. Секој што знае да одржи баланс во животот може да ужива во кафаната исто како и во диското, бркањето девојки, играњето фудбал и читањето книга, а притоа и многу да научи.. тие што не знаат која им е целта може да забегаат на покер, на курви, на дрога, кражби или да не завршат ни средно.. :jaj:

Бати, со првата реченица всушност ја доловуваш поентата.
Инаку, точно е кафаната дека на прв поглед би била наменета за тоа, ама за жал е далеку од тоа.
Во ред, да не глобализирам, пошто поентата ми е во контекст пред се за нашите хардкор биртии и кафани, кои во никој случај не можат да се постават на исто рамниште со кафани кои ги имаме на пример во земји со далеку повисок стандарт и менталитет.
Тука се појавува оној исклучок.

Класификациите кои ги направив се најкарактеристичен тип на луѓе за кафаните и биртиите, факт кој не може да го негира никој.
Верифициравме и сите сме доволно свесни дека исклучоци постојат и во овој случај, ама воглавно горенаведените групации се типични посетувачи на кафаните.

И уште ќе наведам, целата поента ја долови во првата реченица.
Мислам дека сум доволно јасен со тоа.


Каква феноменална дискусија. :) Еве мој краток придонес...

Да отвори Unholy тема за кафана и да ја нападне како институција, е исто како Chombe United да отвори тема за Електрични гитари и да каже дека се срање од инструмент.
Во нашето опкружување, кафана е исто што и паб за англичанец... се поистоветува со тоа. И во Англија не сите одат по пабови, има и такви кои уживаат во индиски ресторан со набиени цени, кој веројатно во Бомбај никој не би го ни приметил но... добро.

Од мој агол, кафана ми е изгустирана работа. Јас сум роден во една таква, и раните детски денови ги поминав по биртии какви што денес веќе нема. Не се повеќе за мене, атмосферата не е онаа која ми е најблиска, ама да бидам искрен, со пријатели низ добра чашка попрво би седнал во една таква шупа каде никој нема да има потреба да ме погледне попреку дали сум рекол дека Грујо е опинок, дека хип хопот е срање или дека сите жени се исти... отколку со истите луѓе да се плеснам во кинески ресторан.

Се` си има своја намена, фала богу што македонците кафаната ја сфаќаат исправно.
Вики, најискрено, очекував коментар од тебе.
Периодов, колку и да посакуваш да прикриеш дека претендираш да лечиш фрустрации кон се што потекнува од Велес, вклучувајќи ги и формуџиите од Велес и нивните теми, не можеш.
Ти треба помош Вики...знаеш дека ти стоиме на располагање.
Знам дека моментално седиш пред монитор, залутан со мислите, креирајќи еден мисловен процес кој ти навраќа спомени, а притоа иницирајќи една солзичка на твоето лиценце, во меѓувреме на Winamp оди Nothing Compares To You од Sinead O' Connor
Ја нема...Помири се со тоа.
Во една од класификациите кои ги креирав ти имаш почесно место.
Љубовни депресивци...И тоа како си за таму, немаш престава ни самиот.
Ама ајде, не е тоа поентата.

Упорно цепите и цепита глупости, сметајќи дека темата ја отворив за на некој начин да го докажувам и верифицирам моето идолопоклонство кон метал музиката, а воедно и да ја докажувам мојата одбивност кон се што не е поврзано со мојот вкус, а кафаната несомнено влегува тука како елемент.
Значи и покрај тоа шо ви дадов дознаење дека не се работи за тоа, и пред се дека воопшто не е тоа причината ти упорно тупиш.
А, Чомбе ако сака нека отвори тема за Електрични Гитари и нека се изјасни, не му забранувам.
Во два поста се изјаснив и ви потврдив дека поентата не ми беше да предизвикам судир помеѓу две групации со спротивен став, туку да прочитам сопствено гледиште и изјаснување од секој кој ќе се реши да постира.
Укажав и дека се се базира на субјективна гледна точка, и дека не постои теорија, останатите да имаат идентична престава за кафаната како мојата.
Тоа шо мене кафаната ме вметнува во инфериорна ситуација и глупо расположение, воопшто не значи дека на некого му преставува живот и втор дом.

Кафанaта ја сфаќаат исправно?
Какво е тоа исправно сфаќање?
Такво нешто пред се, не постои.
Тука доаѓа до израз мојата поента.

Се се базира на субјективна гледна точка
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
98
Abre sto go vrtite ovoj unholy u kafana imalo i ke ima
uvek najasalni i najeblesti pichinja posebno nakon litro alkohol

Pravilno e da u kafanata se slavi zivotot , se zali smrtta, razdelbata to ti e nesto ko crkva kade umesto ikoni imas litro so litro , namesto popovi imas dobra kelnerica i lugeto se splotuvaat ...

A ti decko zborish za ekstremi za bash alkosi ... iskinati edvaj gledaat sto sedat u nekoe koshe i cekaat nekoj da im frli cashka rakija , zborish za deca sto ne ja razbrale kafanata i idat samo da pijat do besvest a nemaat pojma zasto otishle ...toa ima sekade i megu metalci i skinovi i kurcevi kariki isti kurac e sve toa.

Najgolemite pisateli, umetnici, glumci bile boemchini najgolemi ... rasprashaj se malce za restoranceto vo Dramski ...

Kafana ne e pomodarstvo , za nekoj e toa stil na zivot vo koj toj nekoj UZIVA .

Bolje u zivot sum pominal so odbrano pijano drustvo u kafana negoli so najubavite picki u zivot moi sto sum bil , zatoa sto spomenite od kafanskite sluchki ostanuvaat i ne bledneat.

Si skrshil nekada chasha u kafana , flasha ?
Znaesh kakvo e cuvstvoto koga te pogodila pesna i davash zadnji pari da ti ja peat na uvo 3 pati po red ?
Znaesh kakvo e cuvstvo da ti pijan letva ti naraca drustvo pesna i da ti dojde peachkata u skut da ti sedne ?
Znaesh kakvo e cuvstvo ti pijan da si a da te pratat cigani do kola i ti sviraat za tvoja dusha ?


Neznaes ...i zatoa imas takov nastap kon sevo ova kao tamu idat groto bednici , glupaci i zabegani propali ljubavdzii

Aj da ne zboram da vidime novive generacii do kaj se so problematikava
 
U

UnholY

Гостин
Нема да го удостојам горенапишаното со реплика.
Ни докажа дека си закоравено напален кафански тип.

А, и напишав дека не сакам да предизвикам конфротации, ама сепак Апокалипто беше во право...тие си доаѓаат сами по себе, спонтано.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom