Катче за инспирација - мудри/поучни/мотивирачки текстови

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ова е за мене едно од најубавите нешта некогаш напишани за љубовта! :)

Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски,
штом љубов немам, ќе бидам бакар што ѕвони,
или кимвал, што ѕвечи.
Да имам пророчки дар и да ги знам
сите тајни, да го имам сето знаење,
а и така силна вера, што и планини да преместувам,
- ако љубов немам, ништо не сум.

И да го раздадам целиот свој имот,
да го предадам телото да ми изгори, -
штом љубов немам, ништо не ми користи.

Љубовта е великодушна, полна со добрина,
љубовта не завидува,
љубовтане се превознесува,
не е горделива,
не е непристојна,
не бара свое,
не се срди,
не памти зло,
не се радува на неправда,
туку се радува на вистина,
се покрива,
во се верува,
на се се надева,
се поднесува.

Љубовта никогаш не пропаѓа.
А пророкувањата? Ќе минат.
Јазиците? Ќе замолкнат.
Знаењето? Ќе исчезне.
Зашто само делумно спознаваме и
само делумно пророкуваме;
а кога ќе дојде совршеното, тогаш
ќе исчезне делумното.

Кога бев дете, зборував како дете,
како дете мислев, како дете размислував;
а кога станав маж, го оставив детското.
Сега гледаме како низ огледало, нејасно,
а тогаш - лице в лице; сега спознавам
делумно, а тогаш ќе спознаам
совршено како што и сум спознаен.
А сега остануваат овие три работи:
верата, надежта и љубовта; најголема
меѓу нив е љубовта.
 
G

Giggles

Гостин
Петиот ден, повторно благодарение на овцата, ја открив оваа тајна од животот на малиот принц. Одеднаш, без размислување, ме праша, како да ми поставува проблем за кој долго време размислувал во тишината:

- Ако овцата јаде гранки, таа исто така јаде и цеќиња?
- Овцата јаде се што ќе сретне.
- Дури и цевќињата што имаат трнчиња?
- Да, дури и цвеќињата што имаат трнчиња.
- Добро, а за што им служат трнчињата?

Јас тогаш не го слушав. Бев многу зафатен околу одвртувањето на еден престегнат шраф од мојот мотор. Бев многу загрижен, оти дефектот почнуваше да ми се чини многу сериозен, а водата за пиење, што се докрајчуваше, ме тераше да се плашам од најлошото.

- Трнчињата, за што им служат тие ним?

Малиот принц не се откажуваше од прашањето кога веќе еднаш ќе го поставеше. Бев налутен поради мојата работа и му одговорив било што.

-Трнчињата не им служат за ништо, тие се таму само од лошотијата на цвеќињата!
- Оф!

И по мала пауза, тој ми дофрли малку пакосно:

- Јас не ти верувам! Цвеќињата се слаби. Тие се наивни и се осигуруваат како што можат. Тие мислат дека се страшни со своите трнчиња...

Јас не му одговорив ништо. Во тој момент си велев: "Ако овој шраф се протиставува, ќе го истерам со чекан". Малиот принц пак ги вознемири моите размислувања.

- И ти мислиш дека цвеќињата...
- Ама не, јас не мислам ништо!

Му одговорив што било:
- Јас сум зафатен со сериозни работи.
Тој ме гледаше вчудоневидено.
- Со сериозни работи!

Тој ме гледаше, бев со чекан во рака, со прсти црни од маслото, наведнат над предметот што нему му изгледаше толку грозен.

- Ти зборуваш како возрасен.

Се засрамив малку од таа забелешка. Но, немилосрден, тој додаде:
- Ти побркуваш се...Измешуваш се!
Тој навистина беше многу лут. И неговата златеста коса потреперуваше од ветрот.

- Јас знам една планета на која живее еден господин, целиот црвен. Тој никогаш не помиирисал убав цвет. Никогаш не погледнал во некоја ѕвезда. Никогаш не правел ништо друго освен што сметал. И цел ден повторувал како ти: "Јас сум сериозен човек!". Но, тој не беше човек. Беше една печурка.

-Едно што?
Малиот принц беше сега сосема блед од лутина.
- Со милиони години цвеќињата произведуваат трнчиња. Со милиони години, покрај сето тоа, овците ги јадат цвеќињата. И не било сериозно да се бара причина зошто тие толку се мачат да ги прават своите трнчиња што не им служат за ништо? И не била важна војната помеѓу овците и цвеќињата? И сето тоа не било посериозно и поважно од сметањето на црвениот господин? Ако јас познавам еден единствен цвет во светот што не постои никаде освен на мојата планета и ако една овчичка го уништи одеднаш, едно утро, без да знае што прави, сето тоа за тебе не е важно!

Тој поцрвени, потем продолжи:
- Ако некој сака цвеќе што постои само во еден примерок помеѓу милиони и милиони ѕвезди, за него е доволно само да ги гледа ѕвездите па да биде среќен. Тој ќе си рече: "Моето цвеќе е таму некаде..." Но, ако овцата го изеде цветот, тогаш одеднаш за него сите ѕвезди ќе бидат угаснати! И сето тоа не било важно!

Тој ништо веќе не можеше да проговори. Почна несопирливо да липа. Ноќта веќе беше паднала. Јас ги оставив моите алати. По ѓаволите чеканот, работата, жедта и смртта. Имаше на една ѕвезда, на една планета, на мојата, на Земјата, еден мал принц што требаше да се утеши! Го зедов в раце. Го лулав. Му велев:
"Цвеќето што го сакаш не е во опасност...Јас ќе и нацртам на овцата мрежа на муцката, и ќе ти нацртам еден заштитен покрив за твоето цвеќе...И јас...Јас не знаев веќе што да му речам. Се чувствував многу несмасен.
 
Член од
14 февруари 2010
Мислења
264
Поени од реакции
52
Си бил еден самурај и отишол кај еден свештеник, бидејќи бил доста љубопитен го запрашал "почитуван свештенику дали би можел да ми одговориш што е рај, а што е пекол?". На другиов му одговорил "а пак каква полза би имал ти од тоа и онака си глуп ко точак и да ти кажам нема ништо да разбереш, само знаеш да мавташ со тоа катаната". На тоа бесно изреагирал самурајот и го извадил мечот, а пак свештеникот му рекол "е тоа е пекол", потоа засрамено самурајот го повлекол мечот и свештеникот му рекол "е тоа е рај".
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.260
Поени од реакции
27.642
- Пружи им на луѓето повеќе отколку што очекуваат,и прави го тоа со волја.
- Научи ги напамет стиховите кои ги сакаш.
- Не верувај во се што ќе слушнеш.
- Не го троши времето на спиење.
- Кога ќе кажеш некому дека го љубиш,кажи го тоа бидејќи така се чувствуваш...и дека е вистина.
- Кога че кажеш “жал ми е“, “извини“, “прости ми“,гледај ја особата во очи.
- Биди најмалку верен/на шест месеци пред да се венчаш.
- Верувај во љубов на прв поглед.
- Не ги исмејувај туѓите сонови.
- Љуби длабоко и страсно.Можеш да бидеш повреден,но тоа е единствениот начин да живееме комплетен живот.Ако не се сложуваш,сепак биди лојален.
- Не осудувај никого поради неговите роднини.
- Зборувај полека,мисли брзо.
- Не навредувај.
- Ако те праша некој нешто,а ти не сакаш да одговориш,прашај го со насмевка:“Зошто тоа те интересира?“
- Јави и се на мајка ти.
- Кажи “на здравје“ кога некој ќе кивне.
- Не заборавај на три работи:Почитувај се себеси.Почитувај ги другите.Одговорен си за се што правиш.
- Не дозволувај да еден мал неспоразум расипе големо пријателство.
- Кога ќе приметиш дека си погрешил,исправи го тоа брзо.
- Одговарај на телефон со насмевка.Оној кој ти јавува сака да слушне дека се смееш.
- Стапи во брак со особа која сака да разговара.Во староста разговорот ќе ви биде поважен од било што друго.
- Не биди потполно сам.
- Молчењето е понекогаш најдобар одговор.
- Читај повеќе книги и гледај помалку телевизија.
- Живеј добар и достоен живот.Покасно во староста ќе можеш да уживаш во сеќавањата.
- Верувај во Бог,но заклучувај си го автомобилот.
- Важно е атмосферата во домот да биде исполнета со љубов.
- Секогаш прави така да створиш мир и хармонија во својата околина.
- Ако си во неспоразум со партнерот,посматрај ја ситуацијата каква е сега,а не како била некогаш.
- Читај помеѓу редови.
- Подели го со другите она што го знаеш.Така се прави бесмртност.
- Биди грижлив кон нашата Планета.
- Никогаш не го прекинувај некого кој заправо пробува да ти ја докаже својата доверливост.
- Не биди премногу радознал.
- Не и верувај никогаш на особата која не мижи додека ја бакнуваш.
- Еднаш годишно патувај некаде каде што не си бил.
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Биди како карпа од која се прекршуваат брановите.Таа стои неподвижна, а морето што беснее околу неа, постепено се смирува. никогаш не вели . Несреќен сум , зарем мораше тоа да ме снајде. Секогаш вели ." Среќен сум што живеам безгрижно и не сум погоден од тоа што сега ми се случува, ниту се плашам за иднината !" Такво нешто може секому да му се случи , но не секој во извесна прилика може да остане безгрижен. Зошто тогаш да мислиме дека нешто е поголема несреќа а друго среќа? Дали под среќата на еден човек подразбираш нешто што не е неуспех на човечката природа ? Или пак ти се чини дека неуспех на човечката природа е тоа што не е спротивно на нејзината волја? Што тогаш ? Таа волја ти ја познаваш. Дали таа на некој начин те спречува да бидеш праведен и несебичен, да се совладуваш, да бидеш разумен, да бидеш свесен, вистинољубив,скромен,,слободен или имаш други доблести. Не заборавај во иднина кога ќе те вознемири нешто да се управуваш според начело ." Тоа не е никаква несреќа , а среќа е тоа да се поднесе храбро".
 
F

FilipMacedon

Гостин
Битно е да преживееш,се друго се менува...:wink:
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
534
Се лизнав и паднав од вознимирената планината во тивкото море. Но дали бев тоа јас или пак тоа беше само уште еден камен што се одронуваше од карпите.

Отидов, бев . Но не видов, не почусвтував. Не можам, не знам да кажам како беше во таа проклета ноќ во шумата.

Пишувам. Читам. Но пак сеуште тебе те нема. Колку ли треба да пишувам? Колку ли треба да читам за да те видам.

Не сум слеп ама пак не гледам, не сум глув ама пак не слушам. Или пак само си мислам дека е така.

Те нема, не те гледам. Ти не постоиш, ти си само илузија. Илузија со која ќе живеам долго време, вечно ? Да не се надевам.

Трчај... ќе трчам, плачи... ќе плачам, смејсе... ќе се смеам, љуби... ќе љубам . Но пак никојпат не лажи бидејќи не ќе можам повеќе да те следам.

Се се случува со причина. Ти си причината.

Не иди по широкиот пат бидејќи по тој пат сите ги бере да пројдат. Иди по потесниот пат бидејќи по тој пат ретко кој успеа да го помине. Но затоа наградата на крајот е поголема.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
За среќа се одлучува однапред

Еден човек стар 92 години, со добро држење и горд, кој секое утро во осум часот бил целосно облечен, со модерна фризура, совршено избричен, иако е сосема слеп, се вселил во дом за стари лица.
Неговата седумдесет годишна жена неодамна починала и затоа се преселил во домот за стари лица.
После неколку часа трпеливо чекање во ходникот на домот, пријатно се насмевнал кога му кажале дека собата му е подготвена.

Додека одел кон лифтот, лицето за нега на старците му опишало како изгледа неговата соба.

"Ми се допаѓа", му рекол со ентузијазам и без да ја види собата.

"Господине вие сеуште не сте во својата соба, почекајте уште малку" рекло лицето вработено во домот.

"Тоа нема никаква врска со ова", одговорил старецот, додавајќи:

"Среќата е нешто, за што одлучувате однапред.Дали ќе ми се допадне собата или не, не зависи од тоа како е распореден мебелот, туку како јас ќе ги распоредам своите мисли...Веќе одлучив дека ми се допаѓа.Тоа е одлука која ја носам секое утро кога ќе се пробудам.Јас имам избор:можам да го поминам денот лежејќи во кревет и броејќи ги тешкотиите кои ги имам со делови од телото кои веќе не ми функционираат или да станам од кревет среќен поради оние делови од моето тело кои сеуште функционираат.Секој ден е подарок и додека ми се отворени очите ќе мислам на секој нов ден и на сите среќни спомени кои сум ги одложил.Староста е како банкарска сметка.Со неа го подигнувате она што сте го вложиле.Мој совет до вас е да вложувате многу среќа во банката на спомените".
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.667
Поени од реакции
4.750
Искористете ги шансите.
Кажете ја вистината .
Кажете НЕ кога не ви се сака.
Потрошете го заштедениот кеш!
Препуштете се во љубовта.
Запознајте се со некој случаен минувач.
Кажете - ТЕ САКАМ.
Пејте на цел глас.
Насмевнете се на глупава шега.
Плачете.
Одмаздете се
Извинете се.
Кажете му на некого, колку тој/таа значат за вас.
Кажете им на кретените што чувствувате.
Нека знаат другите што испуштаат
Насмејте се ,се додека не ве здоболи стомакот.

Живејте го животот ! =)
 
Член од
14 февруари 2010
Мислења
264
Поени од реакции
52
Ова е една индијанска приказна.

Седат внук и дедо покрај огништето и дедото започнува да раскажува "внучко, во нас има постојана борба помеѓу двајца волци. Едниот ги претставува радоста, надежта, ведрината, несебичноста, алтруизмот, љубовта, надежта додека другиот ги претставува омразата, пакоста, љубомората, себичноста и бесот". Внукот збунето го загледува својот дедо и го прашува "а кој од нив победува?" Дeдото му одговара "оној кој повеќе го храниш".
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
ЖИВОТОТ Е ПОДАРОК

И ДЕНЕС

Пред да кажеш некој лош збор,
- Помисли на оние кои не можат да зборуваат
Пред да почнеш да се жалиш за вкусот на храната
- Помисли на оние кои немаат ништо за јадење
Пред да се пожалиш на својот дечко или девојка
- Помисли на оние кои го молат Бога да им подари сопатник.
Пред да се пожалиш на животот
- Помисли на оние кои умреле прерано.
Пред да се пожалиш за своите деца
- Помисли на оние кои сакаат деца, но никогаш нема да имаат.
Пред да почнеш да се расправаш со некој кој не ја исчистил или средил куќата
- Сети се на оние луѓе кои живеат на улица.
Пред да почнеш да се жалиш за должината на патот кој мораш да го поминеш возејќи
- Сети се на оние кои истата оддалеченост ја одат со своите нозе.
И кога си уморен и се жалиш на својата работа
- Сети се на неврабоените, инвалидите, оние кои би дале се да ја имаат твојата работа.
И пред да го впериш прстот во некој и почнеш да го осудуваш
- Сети се дека никој не е безгрешен.
И кога лошите мисли ќе почнат да те фрлаат во депресија
- Ти стави си насмевка на своето лице и помисли:
Јас сум жив и се уште сум тука!
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Сакај за да бидеш сакан. Ако сакаш Бог да те сака, сакај како Бог. Се! Сите! Себеси.
Искрено.
Бидејќи се е во твој интерес.

Друга формула за успех не знам.
 

Marionka_z

Omnia mea mecum porto
Член од
16 јануари 2009
Мислења
208
Поени од реакции
29
Оние што знаат нека им кажат на оние што не знаат

Насрадин е главен јунак на многу мистични приказни со порака. Еве една од нив.
Насрадин доаѓа во едно мало место каде што сите до еден го измешале со некој голем мудрец. За да не ја разочара толпата што се собрала на плоштадот, Насрадин ги раширил рацете и рекол:
"Претпоставувам дека, со оглед на тоа што сте тука, веќе знаете што имам да ви кажам".
A луѓето одговориле:
"Не знаеме! Што е тоа што имаш да ни го кажеш? Не знаеме. Кажи ни!"
Потоа Насрадин одговорил:
"Ако сте дошле тука без да знаете што имам да ви кажам, тогаш не сте ни подготвени да слушнете".
Одговарајќи така, станал и си заминал. Публиката останува зачудена поради таквиот пресврт. Веќе се подготвуваат да го прогласат за лудак, кога некој викнал:
"Навистина е паметен! И сосем има право. Како се осмелуваме да дојдеме без да знаеме ништо што ќе слушнеме? Навистина излеговме глупаци. Загубивме одлична можност. Каква просветеност, каква мудрост. Ајде да го побараме овој човек да одржи уште еден говор".
Неколку мештани отишле да го најдат. Кога го нашле, го преколнуваат да се врати велејќи му дека неговот знаење е премногу големо за само еден говор. По многу инсистирање Насрадин се вратил во местото. Сега на плоштадот имало двапати повеќе народ. Пак им рекол:
"Претпоставувам дека веќе знаете што дојдов да ви кажам!"
Со оглед на тоа дека ја научиле лекцијата, публиката кимала во знак на потврда, а еден гласноговорник одговорил:
"Се разбира дека знаеме, затоа сме тука."
Слушајќи го тоа, Насрадин ја наведнал главата и рекол:
"Добро, ако веќе знаете што имам да ви кажам, нема потреба да се повторувам."
Веднаш потоа го напуштил плоштадот и си отишол. Публиката останала вчудовидена, а еден фанатик пошнал да вика:
"Одлично! Чудесно! Сакаме уште! Сакаме овој човек да ни даде уште од својата мудрост!"
Делегација угледни луѓе отрчале да го најдат и на колена го молеле да одржи и трет, последен говор. Насрадин не сакал, но толку го молеле и преколнувале, што прифатил да зборува трет и последен пат. Кога доаѓа на плоштадот, го дочекуваат извиците на толпата. Пак им се обраќа со истата реченица:
"Претпоставувам дека веќе знаете што дојдов да ви кажам."
Овојпат луѓето се договориле и го избрале старешината на местото да зборува од името на сите. Тој рекол:
"Некои знаат, а некои не знаат".
Во публиката настанала долга тишина. Сите гледале во Насрадин, кој заклучил:
"Во тој случај, оние што знаат нека им кажат на оние што не знаат."
Велејќи го тоа си заминал.
 

host_kb

manjak
Член од
4 мај 2010
Мислења
35
Поени од реакции
8
Исповест на човек преку подсвест



Беше одамна, како низ магла се сеќавам дека тој ден беше Четврток, станав уморен и со вкочанет врат. Седнав во фотељата сакајќи да ги отпуштам мускулите, не знам зошто но ме обвзема една напнатост како кога бев пред завршниот испит во училиште од самата помисла дали ке положам, сосема без причина сосема без никакво значење. Се почуствував немоќен моите мускули сеуште се вкочануваа небаре целиот неможев да се мрднам. Ја земав иглата која стоеше боцната на црната макара која стоеше мирно на масичката покрај мене, и почнав да си ја боцкам кожата длабоко до мускулот на нозете, наеднаш почуствував благосостојба, продолжив се до мускулите на вратот, наеднаш цело тело се опушти а умот ми влезе во длабока состојба на медитирање. Никогаш не сум бил во оваа сотојба, а многу пати сум се обидувал. Мислите ми одлетаа некаде, не бев свесен за присутноста на моето тело, како кога душата при смрт го напушта телото, е тоа ми се случи но бев жив. Барем доволно жив да отпатувам на далечно место на кое ке бидам сам со себе а сепак со сите околу мене. Бев слободен. Тишината ја натера мојата имагинација да го направи она што обичниот човек не би го разбрал, и не би бил во таква умствена состојба кога умот прави свој свет, невистински а сепак во мојата потсвест толку реален. Беше едноставно и знаев се како и каде е, чуствата за перцепција беа одамна без корисни , само визуелизацијата беше она што ги надмина допирот, слухот,вкусот и мирисот. Чуствата беа измешани па веќе не знаев што чувствувам, само знаев дека сум ослободен од сите грижи од сите обрски, и тогаш го здогледав Пегаз, ех како плод на мојата имагинација беше доста реален, моите сетила се вратија го галев Пегаз, го чувствував ветерот во мојата коса. Се врати и мирисот тогаш во мојата глава како полимеризација се измешаа неколку мириси, но совеста ме водеше кон најсилниот. Се качив на Пегаз а тој ги следеше моите мисли и чувства. Кога стигнав кај мирисот имаше и што да видам златни плодови , кои во мојата уста го оживуваа она сетило за вкус кое одамна не било така активно и толку важно целиот мој живот. Стигнав до еден балкон како што земјата престануваше да се гледа така во видикот доаѓаше до израз белиот мермер и а на рабовите ограда во вид на онаа виенската во осумнаести век. Беше долг да не претерам седум до осум метри, во правоаголна форма од должина... отприлика еден метар, изодев до крајот погледнав надолу знаев на оваа висина во реалноста ке ме фатеше страв но тука беше нереално. Целата инфраструктура на мостот беше толку проста а толку сложена, целта на мостот беше да го одведе минувачот на она таму место кај што завршува мостот а над кој висеше гранката полна со сочни златни јаболка, сега нека проба вашата имагинација да го замисли ова : дрвото заглавено во воздухот во дупката која нема дно, една негова гранка се протегаше по должината на мостот. Поитав кон неа го скинав јаболкото, го извадив ножот и го пресеков нежно, земав еден дел и го изедов наеднаш мостот се урна самиот од себе. Се фатив за гранката во обид да го спасам својот живот, но беше доцна, моето шупливо тело во кое ја немаше совеста веќе ја сече гранката, со едната рака го изедов и второто парче јаболка, тоа ми беше најслатката јаболка во животот. Почнав да паѓам моето тело гордо стоеше на дрвото и со горда насмевка гледаше како јас пропаѓам во дупката без дно. Одеднаш се отвори вратата, бев целосно буден и надвор е оној реален невистински свет, или пак можеби не. На вратата стоеше моето тело со злобна насмевка, ја лупна вратата и ме заклчи во темната соба, од тогаш па се до ден денес немам видено светлина.
 

ChocolateBuddha

one of a kind
Член од
4 мај 2010
Мислења
47
Поени од реакции
11
Стрпете се. Среќата ќе ве обземе полека, но сигурно.

1. Трчајте – спортот е најдобар лек против депресија,
а ништо не е така едноставно достапно како трчање макар
и по маалските улици.

2. Хаику – ова е кратка поезија со потекло од Јапонија,
а се состои само од 3 стиха и најчесто говори за природата.
Напишете песна и поделете ја со пријателите.

3. Напишете писмо – сигурно имате пријател некаде далеку
со кој контактирате на мејл или скајп или фејсбук. Гарантираме
дека писмо по пошта ќе го израдува повеќе.

4. Подарете насмевка – ендорфинот е лек за се.

5. Запејте – пуштете го радиото гласно и пејте на глас.
На момент ќе заборавите на се и ќе се опуштите.

6. Пријавете се на квиз – ако ви е страв да не се осрамотите,
сетете се дека вашиот неуспех ќе биде заборавен за 2 дена.

7. Донирајте крв – не ве чини ништо, а може да спасите живот.

8. Откријте го тантричкиот секс – ставете нагласок на блискоста,
довербата и емоционалната поврзаност.

9. Разгледајте го градот во кој живеете – откријте ја моќта
и убавините кои можеби одамна сте ги заборавиле во недостиг на време.

10. Читајте – позајмете од пријатели или од библиотека.
Читање за момент ќе ве одведе во сосема нов свет и ќе ве направи среќни.

--- надополнето ---

Наш најголем проблем е тоа што ние се оптеретуваме со минатото,
ја запоставуваме сегашноста,а се грижиме за иднината,па каде е
нашиот памет и нашата мудрост?

***
Сe е лага, само вистината е една....

Вистината постои. Да се... измислува само лагата може..

***
Сакаш ли да бидеш мудар? Научи се разумно да прашуваш,
внимателно да слушаш, мирно да одговараш - и престани
да зборуваш кога веќе ништо нема да се каже!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom