Катче за инспирација - мудри/поучни/мотивирачки текстови

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Еден мудрец рекол: "Најдобриот лек за човекот е - љубовта и грижата...
Кога некој го запрашал :"А доколку не помогнат ?
Мудрецот му одговорил: - "зголеми ја дозата !
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
394
Поени од реакции
222
Зошто "нештото" што не прави поздрави ние го викаме Вирус
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Си живееле еднаш маж и жена, кои имале дванаесетгодишен син и едно магаре.

Одлучиле да заминат на патување, да работат и да го запознаат светот, и такатргнале на пат.

Кога дошле во првото село, луѓето коментирале:

„Погледнете го ова невоспитано момче. Тоа седи на магарето, додека неговите кутри родители го влечат.“

Тогаш жената рекла на својот маж: „Нема да дозволиме луѓето да зборуваат лошо за нашиот син.“ Мажот го симнал детето од магарето и седнал на него.

Кога дошле во друго село, луѓето мрмореле:

„Погледнете го ова, нека се засрами човекот што дозволува неговата жена и неговото дете да го влечат магарето додека тој седи.“ Тогаш одлучиле дека жената ќе седи на магарето, а мажот и детето да ги држат уздите.

Така тие пристигнале и во трето село каде што луѓето повторно коментирале: „Кутар човек! Цел ден работел, а неговата жена седнала на магарето. И кутро дете, којзнае што уште го чека со таква мајка.“ После ова одлучиле сите тројца да се качат на магарето и продолжиле да патуваат.

Кога дошле во следното село, слушнале како луѓето коментираат дека грбот на сиротото магаре ќе пукне од преголема тежина. И тогаш сите тројца одлучиле да се симнат и да пешачат. Кога поминувале низ следно село, не можеле да поверуваат на коментарите од луѓето кои им се смееле: „Видете ги овие три будали… пешачат, а имаат магаре кое што може да ги носи. Зар не би било нормално еден да поштедите од пешачење, а само двајца да пешачат.“
Секогаш ќе те критикуваат и ќе зборуваат лошо за тебе што и да
направиш. Тешко е да им удоволиш на сите, а и тешко е да пронајдеш личност на којашто ќе ѝ бидеш добар таков каков што си. Пушти ги луѓето нека зборуваат, живеј си го животот.
 
Член од
30 јули 2011
Мислења
589
Поени од реакции
246
некои инпиративни слики,фаворити
тоа би било,се надевам дека ви се допаднаа;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom