Кастинг Талент Шоу ,,Тајно моја"

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.778
Поени од реакции
7.515
Денис Димоски и Антонија Гиговска се победници.

И другите финалисти ќе учествуваат во мјузиклот.
 
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
Кочењето беше навистина нервоза, но другото си беше ок. Што е тоа преефтино што на некои им пречи? Кај Сајмон да не има којзнае што поинакво? Да не треба нешто како Евровизијата демек „гламурозно“ да биде?

Исто така, судиите си беа коректни, со конструктивни образложенија а сепак секој со своја „субјективна објективност“. Најнакрај, целта е културна забава и позитивна енергија. Немаше простотилаци како кај Крлеуша, Лукас и друштвото.

Дечките што водеа воопшто не пречеа со нивните одвреме-навреме недоквакани духовитости - баш внесуваа баланс да не биде премногу „фино“.
Изборот на победниците беше реално одличен.
Со среќа и понатаму на носителите на проектот.[DOUBLEPOST=1485387963][/DOUBLEPOST]
Срамота за ваква продукција и реализација на Канал 5! Го оплескаа комплетно, што од прикажување, што од кочење при пренос, од катастрофа продукција итн.

Инаку воопшто не ми се свиѓа финалево. Право мртвило. Ги тераа да пејат поп песнички во текот на два три круга, за сега во финалево да пејат мјузикли, опери, со кои се мачат и грешат сите што пејат. Срамно за целата реализација.
Воопшто не се согласувам со таквото негативно гледање. Се разбира дека во првите кругови е полесно а после потешко. Се прави кастинг за мјузикл, а не за училишна приредба и мора да поминат низ сито и решето. Како инаку ќе се направи селекција? Со „Шест кокошке сам заклала“?

Отворете малку таа душа, не ја полнете само со катастрофи и срамови. На ливадите освен тртолаци од крави има и полско цвеќе :smirce:
 
Последно уредено:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Кочењето беше навистина нервоза, но другото си беше ок. Што е тоа преефтино што на некои им пречи? Кај Сајмон да не има којзнае што поинакво? Да не треба нешто како Евровизијата демек „гламурозно“ да биде?
Не е работата во тоа дали чини или нечини, битно е да се плука по се што е наше.

Иначе јас сум презадоволен од суперфиналето. Можеби во моменти кочеше преносот, имаа послабо озвучување и не толку добри кадри кои ги фаќаше камерата, но воглавно суперфиналево личеше светски. Толку сцени сменија, жирито беше поставено на идеално место во салата, хоровите, сценографијата, се на се беше добро, а посебно издоминираа водителите со нивниот хумор за кои реално мислев дека се катастрофа, но и не биле толку лоши.

Што се однесува до победниците, Денис заслужено победи, добро пее, а за Антонија немам зборови. Страшно моќен глас, страшно добар изглед и страшно добра за на сцена. Она е тоа што до сега и фалеше на нашава музичка сцена. Она беше добра и позната по Пинк Ѕвездички, но со ова шоу го достигна максимумот. Сега останува да и се направи страшно добра песна и страшно добар спот, тоа се одлично да се испромовира, песната по неколку пати на ден да се врти на телевизија и Македонија ја има новата музичка ѕвезда.

:)
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Сунгер ти никако да разбереш дека децата ги бираа за мјузикл а не да им прават песни.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Сунгер ти никако да разбереш дека децата ги бираа за мјузикл а не да им прават песни.
Ти никако да разбереш дека кога го најавуваа шоуво, Игор Дурловски изјави дека освен учеството во мјузиклот ќе им помогнат да изградат музичка и долготрајна кариера во земјава и дека истите најверојатно ќе ги вработат во МОБ:)
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
Ти никако да разбереш дека кога го најавуваа шоуво, Игор Дурловски изјави дека освен учеството во мјузиклот ќе им помогнат да изградат музичка и долготрајна кариера во земјава и дека истите најверојатно ќе ги вработат во МОБ:)
Ама тоа викаше, а за што станувало збор не објасни.

После 1 круг мислам дека излезе и рече дека само 1 машко и 1 женско ќе пееле во мјузиклот тајно моја кој го пишувале, тогаш уште не беа планирани децата, подоцна им текнало,

значи само тие 2 планирале да ги вработат.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Еве го интервјуто со Антониа Гиговска и Денис Димовски по победата на телевизија Т21:)

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.778
Поени од реакции
7.515
Во тек подготовките за мјузиклот „Тајно моја“, во чест на Тоше - денешен.мк

Во Македонската опера и балет се подготвува мјузиклот „Тајно моја“, во чест на Тоше Проески. Екипата на мјузиклот почна со читачки проби со режисерот Тони Михајловски, а главните улоги ќе ги толкуваат Антонија Гиговска и Денис Димоски.

Во мјузиклот, кој премиерно ќе биде изведен на 10 март на сцената на Македонската опера и балет, учествува целиот ансамбл, оркестарот, хорот и балетот при МОБ, детскиот хор „Фалесто“. Дел од актерската екипа се Игор Џамбазов и Весна Петрушевска. Либретист е нашиот текстописец и драматург Огнен Неделковски, а автори на новите аранжмани на песните на Тоше се композиторите Кокан Димушевски и Сони Петровски.

Проектот е дел од Годишната програма на Министерството за култура. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на денешната прес-конференција во МОБ информира дека се работи за еден исклучително значаен проект, со кој, како што рече, оваа 2017 година ќе ја одбележиме 10-годишнината од смртта на нашата музичка легенда Тоше Проески.

– Ова е проект кој повторно ќе не наврати на спомените, на нашиот Тоше Проески, на неговиот лик и дело, кои и по толку долго време од неговото заминување останаа силно да живеат во сеќавањата на нашата нација. Пораките на неговите песни, искреноста со која ги интерпретираше, неговата хумана и благородна мисија допреа со брзината на мислата до сите генерации и затоа слободно можеме да кажеме дека Тоше ни остави непроценливо наследство со кое ја задолжи македонската култура, не задолжи сите нас, потенцира Канческа-Милевска.

Таа нагласи дека во изминатите десет години се реализирани огромен број проекти во чест на Тоше, како Спомен-домот на Тоше Проески во Крушево, кој досега го посетиле повеќе од 400.000 посетители.

Министерката за култура најави дека во текот на целата 2017 ќе се реализираат и други проекти во чест на Тоше, како традиционален концерт со кој ќе биде одбележана 10-годишнината од неговата смрт, изложбата „Спомени за Тоше“, изложба на животното дело на Тоше, џебно издание на книга за Спомен-куќата и разгледници. Годинава третпат ќе бидеме домаќини и на многу млади музичари од регионот, кои ќе бидат дел од третата музичка работилница во Спомен-домот на Тоше Проески во Крушево.

Режисерот Тони Михајловски потенцира дека за него претставува огромна чест да го работи овој проект и додаде оти ова е вторпат како е во функција на режисер. Тој потенцира дека е прекрасно да се работи со деца, кои, како што рече, се одлични, талентирани и музиката им е во душата.

Делото на Тоше, како што нагласи, најверојатно ќе остане вечно зашто музиката е вечна.

Огнен Неделковски појасни дека „Тајно моја“ е љубовна приказна за двајца млади кои живеат во времето на Тоше Проески, кога тој ги прави најголемите успеси, концерти, албуми…

Уметничкиот раководител на Операта Сони Петровски, кој соработувал со Тоше на повеќе проекти, истакна дека за него претставува предизвик повторно да се пристапи на неговите музички теми и во една ваква форма тие да се оживеат. Публиката ќе може да слушне 20-тина песни од Тоше, како Немаш ни благодарам, Тајно моја, Полско цвеќе, Усни на усни…

Според директорот на МОБ Игор Дурловски, обожавателите на Тоше кои би сакале да го видат мјузиклот би било најубаво и најсоодветно да го гледаат во МОБ.

– Сцената нуди огромни можности и најубаво е да се гледа интегрално, така како што е поставено, рече Дурловски и додаде дека не е исклучена можноста за претставување во други градови. Во преговори се следното лето да направат регионална турнеја низ државите од поранешна Југославија.

Младите пејачи Антонија Гиговска и Денис Димоски истакнаа дека за нив Тоше е мотив и инспирација за музиката и оти имаат безрезервна поддршка од тимот со кој работат многу часови.

Кореограф на мјузиклот е Олга Панго, сценограф Марија Ветероска, а костимограф Марија Пупучевска.
 
Се е тоа убаво, но една работа ич не ми се свиѓа. Кажаа дека картата ќе била 1000 или 1200 денари, што мислам дека е премногу. Знам дека многу ќе вложат, знам дека сите тие луѓе кои ќе учествуваат во мјузиклот треба да се платат, но што е премногу, премногу е.
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.717
Поени од реакции
1.469
Се е тоа убаво, но една работа ич не ми се свиѓа. Кажаа дека картата ќе била 1000 или 1200 денари, што мислам дека е премногу. Знам дека многу ќе вложат, знам дека сите тие луѓе кои ќе учествуваат во мјузиклот треба да се платат, но што е премногу, премногу е.
Може толку ќе биде за премиерата плус што е многу ? Колку е карта за на Цеца во Борис или Чолиќ 800 најефтината така ?! Па да се надоврзам дека Ноќ со ѕвездите кое се одршуваше во МНТ 3-4 пати по ред беше тоално распродадено со цена од 1200 денари за билет па види ти сега.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Може толку ќе биде за премиерата плус што е многу ? Колку е карта за на Цеца во Борис или Чолиќ 800 најефтината така ?! Па да се надоврзам дека Ноќ со ѕвездите кое се одршуваше во МНТ 3-4 пати по ред беше тоално распродадено со цена од 1200 денари за билет па види ти сега.
Па требале да ја направат поевтина, затоа што секој неможе да си приушти толку пари, башка истата нема да ја емитуваат на телевизија. Иначе во истиот месец, т.е. во март ќе се одржи премиерата на мјузиклот ,,Тајно моја", но и концертот на Цеца во салата Борис Трајковски................, па ти види нашиов народ за каде попрво би ги дал тие 1200 денари.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.778
Поени од реакции
7.515
Па требале да ја направат поевтина, затоа што секој неможе да си приушти толку пари, башка истата нема да ја емитуваат на телевизија. Иначе во истиот месец, т.е. во март ќе се одржи премиерата на мјузиклот ,,Тајно моја", но и концертот на Цеца во салата Борис Трајковски................, па ти види нашиов народ за каде попрво би ги дал тие 1200 денари.
И март има концерт Оливер и Џибони,
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.778
Поени од реакции
7.515
Мјузиклов сигурно ќе има и некоја реприза барем јас така мислам.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Би било добро ако го емитуваат на телевизија, затоа што сепак мјузиклот е она за кое се направи целото Кастинг талент шоу кое се емитуваше на телевизија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom