Кастинг Талент Шоу ,,Тајно моја"

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.891
Поени од реакции
5.724
На јутјуб ги нема овие новиве од вториот круг.
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.460
Поени од реакции
1.252
Се емитуваше полуфиналето искрено освен децата Марија и Андреа кои беа феноменални баш ко за мјузикал и заслужено поминаа понатаму и Јовче и незнам како се викаше другиот се друго беше еј знаеш оваа е студент по опера и лошо пееше ама оди понатаму. Оваа е Тања Б на времето што снимаше песни ааа ај ќе гласаме за неа што и да е нема рамен критериум.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
31.898
Поени од реакции
36.491
Искрено позитивно бев изненаден од тоа како го спремиле полуфиналето. Голема сцена, еден куп кадрови што ги фаќа камерата, добро осветлување, добро озвучување, добра организација, а и добра атмосфера.

Посебно е добро што во подготовките и во жирито ја ставија и Тања Кочовска. Посебно ме насмеа она со личната карта. Игор Џамбазов прашува од двете кандидатки која има лична карта, едната кажува јас и и вика многу си секси и Тања Кочовска вика и јас имам лична карта:ROFLMAO:

Како и да е, полуфиналево е доказ дека и ние можеме да направиме нешто светски:)
 
MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.891
Поени од реакции
5.724
И мене ме изненадија али слабо публика и немаат бенд или оркестар во позадина да ги прати натпреварувачите.

Треба натпреварувачите да осетат што значи целосен настап во живо со оркестар, со голема публика. Публика можеле да соберат повеќе бројна. Ете жирито да собереа пријатели и одма ќе се зголемеше публикат.
Водителите Тино и Атанас и водителкава Цаци слаби ептен немаа хумор интересен али Тања Кочовска беше ептен позитивна и ги учеше многу добро учесниците.

Точно пиша Сунѓер Боб дека може да направиме добро музичко шоу но само треба подобра организација и повеќе маркетинг.
 
Наспроти, баш добро е што пејат само на матрица. Сите ѕветски натпреварувачки талент шоуа, па и сите шоуа од соседниве држави, им ја пуштаат само матрицата. Редно време е да ги оставиме виолините, гитарите и останатите лонци за на Скопски фестивал и да одиме напред со музичката индустрија.

Водителите единствено го прават шоуто малку неозбилно, но и они не се лоши. Цаци е добар водител на радио, но на телевизија некако личи ладна, но сепак не е толку лоша. Од друга страна сепак се нешто поразлично сите тројца од она што кај нас е познато за водител, т.е. уштиркана статична личност што зборува тивко и без сила.

Сега за финалево треба само добар маркетинг, повеќе публика и доста помоќна сцена и атмосфера. И добро би било на победниците да им снимат квалитетни песни со скапи спотови и да им дадат добар маркетинг.
 
MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.891
Поени од реакции
5.724
Треба повеќе македонска музика. Колку добра македонска музика имаме што може да се пее но сите запнале странска музика.

Не дека не треба и странската да ја има но сепак ова е македонско шоу треба почит кон македонската музика.

Треба пријавувањето да е на интернет со што би се намалило во аудициите повторувањето на песни. На интернет ќе си наведеш две песни кој ќе ги прееш и таму ќе се ограничи ако една веќе е пишана искористена песна да не може друг да ја избере.

Кога онаа фаза со пијаното би се снимало дел во пролет би можело да се искористи некоја природна убавина во државава. Пијаното монтирај го на планина или на плажа во Охрид/ Струга. Ем музички таленти ем природните убавини да се прикажат снимени со дрон.
 
Член од
21 јуни 2010
Мислења
136
Поени од реакции
98
Сунѓеру мој за какви песни и спотови ми зборуваш??? ... шоуто не е Икс Фактор, Идол или овие балканските па кога ќе победиш да ти снимаат песни и спотови да ти прават ... ајде поубаво прочитај тоа таканаречено шоу зошто го направи овој кастинг ;)
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.054
Поени од реакции
6.440
Шоуто како шоу не е лошо. Кандидатите и жирито се повеќе од добри. Водителите мислам дека на Тино и Дино (или како и да се викаат двајцата) не им е место во шоуто (но не се ни до толку трагични) а Цаци е ок. Андријана Јаневска како експерт многу ја ценам од неа може да се научи нешто, а особен шмек на шоуто му даде Лидија Кочовска царица е жената. Но онаа што е ДНО е продукцијата која не го смислила концептот баш како што треба. Сепак најголема ТРАГЕДИЈА е телевизијата на кое се пренесува шоуто. Едноставно за вакво шоу си треба телевизија која има капацитет за реализација на вакво нешто а не телевизија која нема капацитет да реализира пренос во живо. Телевизија буквално без концепт кога се пушта реклама, кога почнува шоуто, кога завршува. Телевизија на која разноразни балкански продукции на слични шоуа им се побитни од оваа нашето врз кое патем имаат есклузивитет. Едноставно неможе ваков настан да има споредна улога не а малечката невеста и ѕвезде гранда да се носители на програма. Па така ниту полуфинале, ниту финале нема да гледаме во живо и ќе ни г пуштат на лажичка во некој си термини во понеделник и вторник. Навистина е штета што телевизија НОВА не се занимава со забавна програма затоа што мислам дека се единстени кои технички можат да резализират ваков настан да изгледа колку толку светски. А тоа што не ги објавуваат комплетните настапи ни на фаце ни на youtube да не го ни спомувам.
 
MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.891
Поени од реакции
5.724
Aко збориме за добра продукција мислам дека Авалон може да организираат вакво шоу но они си имаат дигнато раце од се друго освен организирање концерти и менаџирање на Каролина.[DOUBLEPOST=1485041162][/DOUBLEPOST]
Шоуто како шоу не е лошо. Кандидатите и жирито се повеќе од добри. Водителите мислам дека на Тино и Дино (или како и да се викаат двајцата) не им е место во шоуто (но не се ни до толку трагични) а Цаци е ок. Андријана Јаневска како експерт многу ја ценам од неа може да се научи нешто, а особен шмек на шоуто му даде Лидија Кочовска царица е жената.
Мислиш на Тања. Лидија е сестра и.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
31.898
Поени од реакции
36.491
Сунѓеру мој за какви песни и спотови ми зборуваш??? ... шоуто не е Икс Фактор, Идол или овие балканските па кога ќе победиш да ти снимаат песни и спотови да ти прават ... ајде поубаво прочитај тоа таканаречено шоу зошто го направи овој кастинг ;)
Целта е одбирање на едно машко и едно женско за учество во мјузиклот Тајно моја, но исто така беше кажано дека на победниците ќе им се помогне да направат добра кариера во државава, а под кариера не се подразбира само играње на сцената на МОБ, туку снимање на песни, спотови и се останато што се подразбира под музичка кариера.

Меѓу другото, се виде колку Икс Фактор и Идол им помогнаа да снимат песни и спотови и колку ги избија како пејачи, така да за вакво шоу кое се појавува прв пат неможе да си толку сигурен што ќе направат.

Шоуто како шоу не е лошо. Кандидатите и жирито се повеќе од добри. Водителите мислам дека на Тино и Дино (или како и да се викаат двајцата) не им е место во шоуто (но не се ни до толку трагични) а Цаци е ок. Андријана Јаневска како експерт многу ја ценам од неа може да се научи нешто, а особен шмек на шоуто му даде Лидија Кочовска царица е жената. Но онаа што е ДНО е продукцијата која не го смислила концептот баш како што треба. Сепак најголема ТРАГЕДИЈА е телевизијата на кое се пренесува шоуто. Едноставно за вакво шоу си треба телевизија која има капацитет за реализација на вакво нешто а не телевизија која нема капацитет да реализира пренос во живо. Телевизија буквално без концепт кога се пушта реклама, кога почнува шоуто, кога завршува. Телевизија на која разноразни балкански продукции на слични шоуа им се побитни од оваа нашето врз кое патем имаат есклузивитет. Едноставно неможе ваков настан да има споредна улога не а малечката невеста и ѕвезде гранда да се носители на програма. Па така ниту полуфинале, ниту финале нема да гледаме во живо и ќе ни г пуштат на лажичка во некој си термини во понеделник и вторник. Навистина е штета што телевизија НОВА не се занимава со забавна програма затоа што мислам дека се единстени кои технички можат да резализират ваков настан да изгледа колку толку светски. А тоа што не ги објавуваат комплетните настапи ни на фаце ни на youtube да не го ни спомувам.
За тоа што не ги ставаат редовно настапите на Јутуб се согласувам, но не и за телевизијата. Ако сакаш да направиш гледан телевизиски производ кај нас, истиот мораш да го емитуваш на Сител или на Канал 5, затоа што во спротивно тешко дека народот ќе дознае дека го емитуваш на телевизија, посебно ако го емитуваш на Нова, МТМ, Алфа, па дури и МТВ.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.054
Поени од реакции
6.440
На кој начин е емитувано и како е склопено како телевизиски производ незнам дали има потреба да зборуваме. Самиот факт што ниту за финалето нема директен пренос (се сомневам дека канал 5 воопшто и има таква технологија) доволно зборува за капацитетот на телевизијата. А колку е промовирано јасно е по тоа што скоро никој не зборува за шоуто а згора на тоа во полуфиналето салата која собира 700 луѓе беше полупразна значи дошле само најблиските на кандидатите.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.054
Поени од реакции
6.440
Настапите редовно ги ставаат на фејсбук страната.
https://www.facebook.com/CastingTalentShow
Знам затоа пишав на лажичка ги сервираат и без никаков концепт. Кога им текне тогаш ги ставаат видеата и тоа само настапот без подготвителниот дел и коментарите на жирито. Се на се личи како канал 5 и продукцијата да се трудат што помалку луѓе да дознаат за шоуто. Јас случајно почнав да го гледам и тоа само затоа што познавам двајца од натпреварувачите а и затоа што е наша продукција.
 
MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.891
Поени од реакции
5.724
Знам затоа пишав на лажичка ги сервираат и без никаков концепт. Кога им текне тогаш ги ставаат видеата и тоа само настапот без подготвителниот дел и коментарите на жирито. Се на се личи како канал 5 и продукцијата да се трудат што помалку луѓе да дознаат за шоуто. Јас случајно почнав да го гледам и тоа само затоа што познавам двајца од натпреварувачите а и затоа што е наша продукција.
И јас го гледам ради тоа што има учесници кој предходно ги имам видено на телевизија, на фестивали, фејсбук и слично дека имаат талент. Исто така почнав да го гледам шоуто затоа што ми се гледа нешто наше македонско и ми се слуша македонска музика која за жал во шоуво ја има се помалце и помалце.
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.460
Поени од реакции
1.252
Утре прва финална вечер искрено ова се мои фаворити.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom