Скрининг
... секое машко како и женско мора барем еднаш годишно да направи лабораториски преглед т.е. скрининг, што се подразбира примена на лабораториски тестови за рана детекција на болести, во момент кога не се присутни симптомите на болеста,
... како што секоја жена мора да направи барем еднаш годишно контролен гинеколошки преглед без разлика во која возраст се наоѓа, иако нема никакви симптоми така и мушкото мора да посети уролог, посебно ако се сомнева околу изгледот на тестисите.
Тестикуларно самоиспитување на тестисите
...постапка со која секое машко треба да го проверува изгледот и конзистентноста на неговите тестиси да не содржат некакви сомнителни грутки или други неправилности, кои би можеле да се знаци на некоја инфекција или туморозни промени.
... така да, како жената си парви самоконтрола на градата за време на туширање, така и мажот треба да направи самоиспитување на тестисите под топол туш кога кожата е мека и нешно со двете раце да се направи контрола на тестисите со нежно подигање на скротумот, нормално е да едниот тестис биде поголем од другиоти да бидат обесени на различни нивоа, но така треба и да останат, а не да има постојано растење и разлика меѓу двата тестиса, тестисот не треба да содржи никакви грутки, неправилности и оток, трди подвижни или неподвижни творевини, затоа што тоа може да биде знак за некоја инфекција, но и за некои туморозни промени.
Тестиси- симптоми поради кои мажите мора да се јавуваат кај урологот :
„... оток или јазол во тестисот кој најчесто е безболен или минимално болен, потоа непријатно чувство, чувство на стегање во пределот на тестисите, промена на бојата на кожата на скротумот над тестисите, болна ејакулација и крв во ејакулатот, болки на препони и долниот дел на абдоменот, многу голема разлика во големина на тестисите.
... може да се напипа и некоја грутка во тестисот, но ако таа е мала како зрно и во длабина на тестисот тпогаш тешко да се напипа, а и нема да покаже никакви симптоми, па затоа треба да се направи ултразвук (како најпрецизна дијагноза), иако карцином на тестисите обично не покажува рани симптоми.
... но постојат и испитувања на крвта кои ги нарекуваме „туморски маркери за карцином на тестиси“ кои се покачени во подоцнежен стадиум, додека во почетна фаза може да покажат нормални вредности т.е. негативен резултат.
Одредување на тумор маркери
...со земање на венска крв и секој тумор маркер е специфичен за определен дел од телото, односно за определен орган, па со оглед на покачените вредности на одреден тумор маркер може да се добие сомнение за постоење на малигна промена на ткивото за кое тој е специфичен доколку добиеме повисоки вредности од референтната граница, што не мора да биде веднаш дијагнозстицирано како канцер, туку едноставно за некоја патолошка промена која мора да се испита до крај.
- HCG (Хорионски Гонадотропин) (референтна вредност до <2 U/L) овој тумор маркер нормално е покачен за време на бременоста, како што сите знаеме се заснова најчестите тетови за докажување на бременост бидејќи се лачи од постелката, но има и други случаеви кога може да биде знак за некоја туморозна промена на многу органи, па и кај тестиси.
- LHD (Лактат Дехидрогеназа) (референтна вредност 105 – 333 IU/L) како протеин го има во секој организам, но може да биде покачен при воспалителни процеси, но и при тумурозна промена на тестиси.
-AFP (Алфа-фето протеин)25ng/ml AFP во серум, како протеин кој нормално се наоѓа во феталната крв за да веднаш после раѓањето неговата вредност се нормализира е зголемен и кај тумори на тестиси се зголемува рапидно и над 500ng/ml, се користат моноклонални антитела за идентификција на АФП специфичност, тестот трае10-20 мин и со него се детектира, кај пациенти со АФП-секретирачки тумори, серумските нивоа на АФП често се совпаѓаат со големината на туморот.
- NSE (Невроспецифична Енолаза) (референтна вредност < 12.5 ng/ml) негово покачување често се забележува и кај туморозни промени на тестисите.