Каролина Гочева

Член од
5 февруари 2014
Мислења
138
Поени од реакции
60
Кое е вашето мислење за Каролина? Која ви е омилена/неомилена песна од неа? Мене Каролина ми е најдобра пејачка од нашава естрада, и речиси сите нејзини песни ми се допаѓаат!

Мене најмногу ми се свига ,,Не се вракаш" песната од Каролина
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Што беше Македонско девојче 1?
ЛИСТА НА ПЕСНИ
1. За кого?
2. Македонска партизанска
3. Птицо малечка
4. Пролет лето, есен зима
5. Ти, златно Сонце
6. Скопска магла
7. Јас сум несреќница
8. Ружа, ружица
9. Дојде време, дојде
10. Ај беше мај​
Во јуни 2008, Каролина го издаде својот петти албум, „Македонско девојче“.
Ова ЦД, соработка со познатиот македонски композитор Златко Ориѓански (поранешен член на групата Анастасија), е сосема поинаков албум од се' што таа работеше претходно.
Сите песни поместени на овој албум се инспирирани од македонската традиционална музика, а првиот сингл од изданиево, „Птицо малечка“ стана огромен хит во Македонија.
Покрај Златко Ориѓански, на албумот свират неколку врвни македонски инструменталисти: Иван Бејков, Александар Секуловски, Дино Милосавлевиќ, Благојче Трајковски, Петар Христов, како и Мандолинскиот оркестар при МКЦ под диригентска палка на маестро Сашо Татарчев.
Албумот е комплетно снимен во музичкото студио „Ентерпрајз“ на Валентино Скендеровски.
„Македонско девојче“ е најпродаваниот албум во Македонија за 2008.​
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Инаку, пак да кажам, денес цел ден ја слушам “Две лири“ и навистина не знам зошто толку не ви се допаѓа. Песната уште на прво слушање ме освои, а денес цел ден се ежам кога ја слушам. Каков прекрасен текст, музика, се...

Дури, еве баш ми текна дека во однос на текстот, песнава ми е женска верзија на Свирајте ми Јесен стиже дуњо моја од Балашевиќ, односно тематиката на песната е иста, само што едната ја пее машко, другата женско. Прекрасно нешто...

Ако не сте ја чуле пуштете ја, ќе видите за што ви зборувам.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Инаку, пак да кажам, денес цел ден ја слушам “Две лири“ и навистина не знам зошто толку не ви се допаѓа. Песната уште на прво слушање ме освои, а денес цел ден се ежам кога ја слушам. Каков прекрасен текст, музика, се...

Дури, еве баш ми текна дека во однос на текстот, песнава ми е женска верзија на Свирајте ми Јесен стиже дуњо моја од Балашевиќ, односно тематиката на песната е иста, само што едната ја пее машко, другата женско. Прекрасно нешто...

Ако не сте ја чуле пуштете ја, ќе видите за што ви зборувам.

мислев единствен сум на кого му се допаднала песната, неможам да престанам да ја слушам од петокот па навака, креација ипол одлично.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
мислев единствен сум на кого му се допаднала песната, неможам да престанам да ја слушам од петокот па навака, креација ипол одлично.
Неверојатна е. На repeat ми е цел ден, во моментов буквално ми се насолзени очите. Толку има тага и болка во песнава, Каролина совршено ја има доловено, баш онака емотивно. На концертот има океан од солзи да исплачам на песнава... :)

Еве го текстот, совршено нешто...

Две златни лири ни остави,
мојата баба да нѐ поздрави,
свадбата кога ќе ја правиме
од неа песна да нарачаме
Живот мина, таа замина
само зборот со нас остана
Но љубов летна од дворови,
кај друга денес носиш сватови.
Одамна ти ме заборави
и да ме сретнеш немаш зборови.
Јас ти носам тајфа свирачи,
стара желба да не ме мачи
(припев)
Среќа ќе ти посакам
и ќе ти нарачам за две лири
песна да ти прозбори.
Ќе ти пеам од срце,
со солзи на лице за две лири
тага нека изгори
Од баба дар е дарувано,
но за нас, не ни било пишано.
Две златни лири, две судбини,
по парче желба ќе ни остани.
Јас ти носам тајфа свирачи
стара желба да не ме мачи
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Но љубов летна од дворови,
кај друга денес носиш сватови.

оуф. Replay, replay..
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Јас не чувствувам тага во песната, текстот е тажен, а јас ја доживувам па весело.[DOUBLEPOST=1392631000,1392544980][/DOUBLEPOST]Нова рецензија на албумот

Почитувани,
Во продолжение е најновата рецензија на албумот „Македонско девојче 2“ од реномираниот музички новинар Љупчо Јолевски која исто така ќе биде објавена и на Радио Слободна Европа како и на slobodnaevropa.mk.

КАРОЛИНА - „Македонско девојче 2“


„Македонско девојче 2“ на Каролина е магичен и повеќеслоен албум. Остварување кое ја има инстантната допадливост, но кое го окривате со секое идно преслушување. Вистински следбеник на обнародената деби објава што ја потпишаа пејачката и големиот автор и ововремен музички преродбеник Златко Ориѓански.
Албумот доаѓа по речиси шест години од обелоденувањето на проектот „Македонско девојче“ со кој Каролина трепетливо зачекори во една нова, на публиката дотогаш непозната звуковна авантура, но од друга страна и потврда дека ги победила сите непознаници и сега стамено ќе може да чекори низ портите што патем ќе и се отвораат. Вистински показ дека нејзината моќна и умешна интепретација со ништо не може да биде оградена и сведена единствено во еден сегмент на локалново буниште. Напротив, поразличен од деби објавата, со екипа која авторски трга од едно поинакво одредиште и со свирачи кои сериозно го испекле занаетот, „Македонско девојче 2“ не само што донесува оригинални творби кои извираат од нашата заумна фолклорна традиција, туку и интригира со потребата да ги побара врските со некои други музики од океанот на звуци во глобални рамки. И, сето тоа да не биде изнудено, изнасилено, туку сосема природно оти ниту една музика по белиот свет ( а најмалку овде во околу Средоземиево) не настанала посебно и не постои сама за себе туку била изнедрена од катадневните соборни вкрстувања и звуковни ишарети.
Згора на тоа, ако се има на ум дека осумте оригинални авторски композиции ги потпишуваат Никола Мицевски, Валентин Соклевски и Весна Малинова, а во тимот се инструменталисти како кларинетистот Благоје Трајковски, басистот Оливер Јосифовски (ЉУБОЈНА), феноменалниот трубач Џамбо Агушев, гитаристот Зоран Костадиновски (КАБАДАЈАС), виолинистот Влатко Крстев, Бошко Мангаровски на канон (ЧАЛГИЈА САУНД СИСТЕМ), саксафонистот Стефан Тасевски, Благоја Антовски, Зоран Ристевски и Гоце Узунски (СИНТЕЗИС) на удиралки, тогаш повеќе од јасно е дека овде ништо не е препуштено на случајот и дека целата екипа го дала најдоброто од себе во креирањето на објавата.
Ним, повеќе од јасно им било дека тргнуваат да создаваат нова, современа македонска популарна ( независно дали ќе ја именувате фолк или поп) музика која што во основа се потпира на традиционалниот канон, но која наедно се интернационализира и која на моменти ќе се воздигне во дива џез импровизација ( обрнете внимание особено на воведната „Кој да ми запее“, на „Смеј ми се смеј“, лудо игривата „Ќе пијам љубов до крај“ ...) која до вистински израз ќе треба да дојде токму на претстојните концертни настапи.
Од друга страна, со два веќе сигурни хит-синглови какви што се „Чалгиска“ и уште повеќе „Две лири (не ни било пишано)“ и две емотивно доживеани обработки – народната „Те видов и се заљубив“ и класиката на големиот Пепи Бафтировски - „Ако згрешам нека изгорам“ ( еден од бисерите на Миле и Ѓорѓи Барбаровски), „Македонско девојче 2“ се воздига до прекрасна колекција од песни која и се противи на сета грдотија од ритми и припрости стихови која катадневно не засплиснува.
Со него Каролина, за која и досега знаевме дека е одлична пејачка и несекојдневна појава на македонската музичка сцена, на најубав начин потврдува дека го достигнала својот изведувачки зенит. Таа е убедлива дека стамено стои и на ова тло, дека поседува мазна и заводлива интерпретација, дека може да ве одведе во различни расположенија и конечно, дека влегла во простори каде што несомнено и органски припаѓа. Дури ќе се осмелам да кажам дека, сепак на свој специфичен начин, дури може да ги следи стапките на пејачки легенди како што се Виолета Томовска или Нина Спирова. Нека биде јасно и тоа дека Каролина, токму во овој домен на песната која длабоко извира од македонскиот музички јазик, е вокално комплетно подготвена и за новите исчекорувања кои и не мора да бидат условно врзани за дадениов простор. Напротив, сега веќе со дефиниран проект и богата колекција на песни од двата вонвремени албуми, таа и нејзиниот тим нималку не смеат да запрат и да и се препуштат на маглата од ловорики.
Пред нив се идните сценски патешествија и звуковни искушенија на кои трпеливо и трудољубиво треба да се работи. Впрочем како и досега, со забелешка дека во случајов со силината на својот творечки израз влегоа во редот на оние кои ја чинат убавата сегашност на современата македонска музика во која никогаш немало, а денес уште помалку има место за неуките и дробните.
И, уште малку (ако сакате) од моите, сепак, лични промисли. „Македонско девојче 2“, заради потеклото на повеќемината уметници кои зедоа учество во него и кои така оставија делче од сопствениот творечки идентитет, локално може да се смета и за “битолски албум“. Тој ги донесува звуците и обичаите на битолската чаршија, на градот кој некако и во ововремиево им одолева на турбо-атаците од сите страни. Со тоа, пак, оваа објава го довикува урбаниот дух на онаа поинаква Македонија која има потреба да не се чувствува како слепо црево на Балканот, ами како здрава мултикултурна средина чии двери биле секогаш отворени за добронамерниците и за талентираните.
И, во името на тоа, сега знам дека некаде од Горе, шеретски како што тој само знаеше, ни се насмевнува великанот и народниот творец Јонче Христовски – по чиј наслов на песна е именуван проектот пред кој дефинитивно е светла иднина.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Вчера беше Каролина дел од МРТ за најдобрите и ја пееше Две лири..... е стварно песната е убава :)
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Исечоци од песните на Македонско девојче 2



Кој да ми запее :love:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Оваа една минута на Кој да ми запее ја слушам цел ден. Ова е изгледа песната која трае 7 минути.

Неверојатна песна :cuc: :cuc::cuc:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Интервју со Каролина пред концертите

Преку проектот „Македонско девојче“ публиката имаше можност да ја запознае во едно сосема поинакво светло. Урбаната и тренди девојка со ултра популарни поп песни пред пет години музички се насочи кон македонските музички корени и сите ги обзема со нејзините „чалгиски“, што беа како создадени за љубов со чаша вино доцна во ноќта. Во неверојатно пријатниот разговор со неа, таа ни ги откри нејзините тајни, за тоа како се подготвува за петте концерти во претстојниот, љубовен месец февруари, во просториите на МОБ, ни раскажа дека не е склона кон промени во стилот, зашто си се допаѓа онаква каква што е и ни посочи дека уште еднаш, парчињата за концертите и ги доверува на нејзината долгогодишна пријателка Цаци Паковска. Вели, во последно време ги обожува шеширите па успеала да си купи дури осум! Дизајнерските чевли ги носи најмногу на настапите, но сепак сака да си ги гледа по дома. За ова и уште многу модни моменти разговаравме со единствената и неповторлива – македонската поп дива Каролина Гочева!

Разговорот би го почнале со она што е најактуелно за Вас, проектот „Македонско Девојче 2“ и концертите што се најавени за истиот. Ова е втор албум со поинаков музички стил што одлично знаете да го донесете пред публиката, кој од правците полесно се прилепува кон Вас како личност, оној во поп призвук или староградски и етно?
-Се чувствувам подеднакво добро во секој правец, доколку ми се допаѓа песната. Изминативе две години голем дел од времето насочив кон „Македонско девојче2“ и одлично се чувствувам изведувајќи ги и уште поважно, слушајќи ги песните.
Околу пет години по објавувањето на првиот дел на „Македонско девојче“ кој постигна феноменален успех, го објавувате и продолжението. Зошто помина толкав период и дали беше тешко да се дојде до вистинските композиции?
-Цел овој период беше потребен затоа што на првиот дел му требаше доста време да се приближи до публиката и да заживее, веројатно зашто во тој момент беше потполно неочекувано да се појавам во таков стил на музика, но затоа па и денес звучи свежо. За вториот дел, публиката е веќе подготвена да ме види во тоа светло и затоа правите две песни заживеаја толку брзо.

Многумина што можеби не често слушаат музика како онаа што Вие ја гаите, знаат да кажат дека етно звуците од „Македонско девојче“ едноставно им влегуваат во уво, па дури се и „заразни“. Други пак, ја истакнуваат автентичноста што ги потсетува на старите народни традиционални песни, но на нов модерен начин. Какви беа очекувањата кога го објавивте првиот дел, а какви се сега, дали коментарите на луѓето се ваша насока?
-Првиот пат не знаевме што да очекуваме, а и албумот го објавивме како пауза меѓу два поп албума,затоа што за мене беше една вид излет во сосема нови води, па не можевме да предвидиме со сигурност како публиката ќе реагира. После некое време, како што албумот почна да заживува, а песните ги слушавме насекаде, сама по себе почна да се наметнуваат идеите за втор дел.

Најавивте пет концерти во месец февруари, како се подготвува една ѕвезда како Вас за турбулентните денови што доаѓаат?
-Како и за секој друг концерт, со многу работа, секојдневни проби, здрава храна, изолација од работи што можат да ме изнервираат и доволно квалитетен сон.
Пред да го заокружиме делот поврзан за претстојните концерти, нашите читатели сигурно ќе ги интересира како ќе изгледа Каролина во МОБ, колку сценски стајлинзи се предвидени и во која модна насока ќе се движат?
-Сѐ уште е рано да откриваме. Но, сигурно мојата Цаци повторно ќе смисли нешто ново и досега невидено кај нас.
Важите за девојка чиј моден стил е вреден за почит, како оној индивидуалниот така и сценскиот. Долги години соработувате со вашата пријателка и стилистка Цаци Паковска, колку таа ви помогна да го пронајдете вашиот моден идентитет?
-Секако ми помогна многу. Цаци е еден од најдобрите познавачи на светските модни трендови и за една минута знае да направи неверојатни комбинации, а и да спојува на прв поглед неспоиви парчиња. Работиме повеќе од 10 години, а и приватно доста се дружиме и секогаш избираме стајлинзи и комбинации во кои се чувствувам добро, а мојот стајлинг приватно не се разликува премногу од сценскиот, освен што на сцена секако имаме малку поекстравагантни моменти.

За Вас никогаш не сме прочитале негативни критики околу стилот што го негувате,а медиумите ве прогласуваат за најдобро облечена естрадна личност. Секако, имате помош од професионален стилист, но колку се плашите од модни промашувања и дали сметате дека Ви се случиле?
-Секако дека ми се случиле, нормално дека и јас кога ќе видам некоја своја фотографија од пред неколку години, ми се случува да посакам да ја запалам(се смее), но секој прави грешки, тоа е потполно природна работа. Секогаш сум облекувала парчиња во кои се чувствувам добро и никогаш не сум сакала слепо да следам модни трендови.
Професијата ви налага често па патувате во странство. Која е Вашата омилена модна метропола за шопинг и дали сте присуствувале на некоја модна недела и ревија на познато дизајнерско име?
-Не сум била на модни ревии, годинава прв пат бев на скопскиот моден викенд. Искрено, кога сум во странство, многу повеќе посетувам концерти отколку модни ревии. И се случило специјално да отпатувам некаде за да гледам некој концерт, но не и за да присуствувам на модно шоу.

Минатата 2013-та година се фотографиравте за календарот на „Пелистерка“ во едно провокативно светло. Независно колку и да се провокативни парчињата што ги носите, па дури и да сте само во долна облека, воопшто не изгледате вулгарно, кој e успешниот моден трик за таква суптилна сексапилност?
-Ви благодарам. Мислам дека не постои моден трик за тоа, едноставно, секој со својот карактер. Фотосесијата за „Пелистерка“ беше можеби и најпровокативното мое издание досега, но на крај бев многу задоволна од финалниот производ.
Fashionel за годината што измина ве прогласи за една од припадничките на понежниот пол од македонската јавна сцена, со најдобар стил. Вешто умеете да го практикувате минималистичкиот пристап кон селекцијата на парчињата од комбинациите и секогаш вметнувате впечатливи детали. Кои парчиња и аксесоари се Вашиот заштитен знак?
-Не би знаела да кажам, можеби вие подобро би знаеле да издвоите што ми е заштитен знак, бидејќи јас мислам дека не сум се врзала за ниедно парче гардероба или аксесоар. Ок, во последно време сакам да носам шешири, па изминативе пар месеци купив осум различни бои и модели.

Дали Каролина би направила драстична трансформација, сметате ли дека една јавна личност треба да биде модно автентична или треба да експериментира за да не и досади на публиката?
-Експеримент само за да се биде интересен може да биде неуспешен експеримент. Сите промени треба да се во скад со карактерот, без разлика дали се работи за јавна личност или не. Ние правиме минимални промени, кои нема да ми пречат да функционирам нормално, а кога на пример би се потстрижала кратко и би ја обоила косата во друга боја, тоа би била промена, но во мојот случај сигурно неуспешна, затоа што тоа не сум јас.
Речиси секоја жена има одреден моден фетиш, кој е Вашиот?
-Немам ниту еден. Сакам убави работи, но не сум опседната ниту зависна од некој тип на модни додатоци и слично.
Колку ја следите македонската и светската модна сцена, кои се вашите омилени светски брендови и дали сте спремни да платите „дебело“ за одредена етикета?
-Ја следам колку што имам време, јас навистина не сум моден зависник. Секако, поради природата на мојата професија поседувам и дизајнерски парчиња, особено чевли, но иако приватно не ги носам често, туку главно на сцена и за разни фотосесии, ми претставува задоволство да знам дека си ги имам по дома, а знаеме дека секое задоволство чини доста(се смее).

Што се случува со Вашата стара облека?
-Дел подарувам, дел чувам, па чекам да се „врати“ модата(се смее).
Важна модна препорака до сите наши читателки и ваши обожавателки, како топ совет за модерно и уникатно „Македонско девојче“?
-Само да бидат свои, оригинални, да не копираат никого и да не носат копии од дизајнерски чанти, чевли и слично. Затоа што колку и да е убава девојката, тоа потполно го уништува впечатокот.

за крај, дали Каролина чита Fashionel и кои содржини Ви се најинтересни?
-Секако дека читам, ми се допаѓа што ги следите сите важни настани, а сум забележала дека постојано имате интервјуа со интересни личности.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
И третиот концерт на Каролина - комплетно распродаден !


Почитувани,

Со големо задоволство сакаме да Ве информираме дека и третиот од петте промотивни концерти на Каролина за „Македонско девојче 2“ е комплетно распродаден, а за останатите два концерти 70 проценти од влезниците се веќе распродадени. Бидеќи е повеќе од очигледно дека сите пет концерти ќе бидат распродадени, набавете ги вашите влезници на време со што ќе го имате во раце први и новиот албум „Македонско девојче 2“.

Концертите ќе се одржат во Македонската Опера и Балет од 20ти до 24ти февруари.

Цена на пакетот, влезница плус луксузно дигипак издание е 600 денари. Влезниците се продаваат преку продажната мрежа на “Купи Карти За Се”, online како и на билетарата на МОБ.

Како што претходно Ве информиравме албумот “Македонско Девојче 2” ќе биде во слободна продажба од 25 ти февруари низ цела Македонија.

Ваша,

Авалон продукција
 

Kajgana Shop

На врв Bottom