Каролина @ Борис Трајковски - 13.12.2014

Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086

Големо скопско затворање на проектите
"Македонско девојче" и "Македонско девојче 2"

По распродадените шест последователни концерти во Македонската опера и балет (МОБ) и распродадените концерти во Крушево, Македонска Каменица, Битола, Охрид… проектот пред да се рашири надвор од Македонија во 2015, се враќа во Скопје каде финално ќе биде затворен на 13. декември со голем концерт во „Борис Трајковски“, велат од „Авалон“.
На овој концерт Каролина ќе ги изведе повеќето песни од двата албума „Македонско девојче 1“ и „Македонско девојче 2“ во еден различен концепт од концептот виден во МОБ во февруари оваа година.
„Борис Трајковски“ специјално за концертот ќе биде адаптирана во комплетно седечка формација во која и во партерот сите места ќе бидат за седење.
Влезниците со основна цена од 600 денари се пуштени во продажба преку продажната мрежа на КупиКартиЗаСе, Розе – Веро 2, Камарад, Скопје сити мол како и онлајн на www.kupikartizase.com.


https://www.facebook.com/events/708653462545441/?fref=ts
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.897
Поени од реакции
84.269
Шала на страна што Дијаманте е опседната со Каролина, ова би требало да биде кул концерт..ама и ја ко Анчо..да давам 600 денари за Каролина..па и не баш..
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Епа давајте пари по кафани и кафичи, за да се најадеш и начукаш, и ќе ви вредат тогаш парите. ;)
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Почнав со загревање.

Најомилената песна :love:

 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.887
Епа давајте пари по кафани и кафичи, за да се најадеш и начукаш, и ќе ви вредат тогаш парите. ;)
Не си ти никој и ништо да кажуваш на кој каде му вредат парите. Ако сакам 600 денари ќе дадам за ракија и многу повредно и поубаво ќе ми е тоа. Ако сакам ќе ги дадам за јадење или нешто друго. Јас како и сите останати што ги карактеризираш си знаат тие 600 денари за што му вредат. Тоа што ти вени сечеш по Каролина не значи дека сите го прават. Секоја чест за Каролина, ама секогаш има некој што остава негативен впечаток. Порано коа ќе се спомнеше Каролина ми текнуваше на Ружа Ружица, Во заборав, Први Март, Слатка горчина, Ова срце знае и сл. А, сега кога ќе се спомне Каролина ми текнува на тебе, што е лошо. (y) За Каролина, (n) за тебе.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Јас си кажувам мое мислење, а тоа што си се пронашол и навредил, е друго. И не зборувам за овој концерт, генерално 600 денари би дала попрво доколку има концерт некаков, дали Каролина, дали Калиопи, дали One republic, дали Пинк, дали Скопје Џез Ф или др., отколку да седам по кафани. Ама тоа е мое мислење, како што и ти имаш свое.

А дали ти текнувало на мене или на Ружа Ружица, ич не ми е гајле.
 
Последно уредено:

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јас ќе одам, јас ја слушам Каролина, последниот албум и го обожавам, а “Две лири“ ми ја одбележи годинава, така да, I am there. <3 И “Кој да ми запее“ исто така ми е врв песна.:pipi:
 
Член од
6 јануари 2008
Мислења
1.895
Поени од реакции
717
Продавам карти за во Сабота

4 карти за блок 4, Ред 12, седишта 5,6,7 и 8
2 карти за Блок 4, Ред 13, седиште 3 и 4

За цена ке се договориме ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom