Карл Јунг - Психолошки типови + MBTI + KTS

Член од
28 декември 2019
Мислења
214
Поени од реакции
466
Ме чуди ова Е зошто увек го поврзуваат со авторитарни позиции. Демек екстровертно е да си авторитет, ако јадеш гомна само, а ако не јадеш лајна не си авторитет.
Ваљда оти екстровертите се погласни. Инаку кон авторитарни позиции мислам дека најмногу тежнеат ЕXXJ типовите, пошто доминантната функција е Extraverted Judging type, која го организира надворешниот свет (сосе луѓе) на база на Feeling (Хармонија) или Thinking (Ефективност).

тл;др: ЕXFJ се комунисти, EXTJ се фашисти.
Автоматски споено мислење:

Also:

Последно уредено:

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Зумерскиот хороскоп пристигна и кај нас :(
 
Член од
15 април 2019
Мислења
234
Поени од реакции
810

А ме интересира зошто користите хороскоп како нешто за дерогативна споредба? Имаше нешто слично напишано и претходно на темава. Ве разбирам и го разбирам вашиот скептицизам, здраво е да се има доза претпазливост со информации и самата сум била длабоко инволвирана со скептицизам, особено за вакви работи. Сепак сакам малку да елаборирам на темата:

Сфаќам дека има лоша репутација како нешто скроз квази и паралелно ми е жал за тоа, особено ради несоодветните new age „шТо сИ вО хОрОсКоП“ и „дНеВеН хОрОсКоП“ симплифицирани интерпретации на old age концепти, меѓутоа морам да искоментирам дека Астрологијата е длабока и комплексна дисциплина за која се потребни години и години проучување - на многу нешта, од философија до психологија и сродни алхемиски и езотериски дисциплини.

Најчесто кога некој систем ни изгледа преедноставен или дека нема смисла, тоа се случува бидејќи не го разбираме доволно. Така е и за MBTI, а да не зборувам за Јунг, како и за Астрологија, пошто настрана од мемиња и забава, има бааги што да се проучува и има многу материјал за интроспекција, многу што да се научи за себе, односот кон себе, односот кон светот итн.

Работите не се црно бели, супер е да се размислува критички, го поддржувам и охрабрувам тоа, дополнително мислам дека би било мудро од нас младите прво да добиеме соодветно знаење за некој систем пред сосема да го отфрлиме - исто како што прво треба да ислушаме и подобро да запознаеме човек во неговото вистинско светло пред да процениме дали сме компатибилни за дружба или партнерска врска, на пример.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366

Епа ајде појасни ни што тоа има вредно во астрологијата.
 
Ама хајпристес, ти се тоа што го наведе во твојот пост како одговор на мојот пост е некоја проекција што ја имаш од други луѓе.
Јас МБТИ тестот како и тест за професионална ориентација правев уште пред 10 години и солидна работа ми завршија и двете. Ама не е коментарот за тоа, коментарот е за ликови што овие 'character traits' поделби ги сфаќаат како нешто што ги дефинира, што ги прави луѓето што се. Јас кринџам секој пат кога ќе видам некој у личен опис да пише дека е Скорпија, или ИНТЈ или Грифиндор. А во моментов МБТИ е сведено на 'lmao im such an ENFJ'. Не е проблемот во системот, туку во интерпретацијата, таа интерпретација се сведува на предрасуди. Ако си ИНТП значи си ваков, не, не значи, не значи ништо, значи дека поседуваш certain карактеристики што те сместиле во одредена група, не те дефинира како човек, не те дефинира како личност, не е алфа и омега на твојот карактер. МБТИ денес професионално се прави и се користи вообичаено за да се увидат потенцијалите и слабостите на одредена личност, не е намената за јас да ти кажам која група сум и ти магично да знаеш се за мене како личност, а за жал како што гледам никој не си работи на потенцијалите и слабостите, сите мафтаат 4 букви во лични описи по социјални мрежи и мислат дека нешто тоа треба некому да му значи.
 
Член од
15 април 2019
Мислења
234
Поени од реакции
810
Епа ајде појасни ни што тоа има вредно во астрологијата.
Ќе се обидам како кратка сумација.

Секоја личност има уникатна натална карта која се состои од уникатна комбинација на планети, други астролошки тела, знаци (архетипови), куќи и аспекти, на сличен начин на кој секоја личност, како што има сличности со другите луѓе, така има и посебен склоп од разни личносни особини. Астрологијата е, едноставно кажано, симболизирана форма на личносни особини и функционира како јазик на потсвеста (јазикот на потсвеста се состои од симболи).

Дополнително, претпоставката не е дека планетите имаат ефект врз нас, туку дека постои одреден ред во универзумот, иако не го познаваме целосно. Условно кажано, не ја гледаме само планетата Земја како екосистем туку гледаме дека целиот универзум функционира хармонично, како еден голем екосистем. Она што се случува на макро ниво е паралелно со она што се случува на микро ниво. Како споредба: ако околината во која живеат луѓето е здрава, чиста, без загадување, здрава храна итн. тогаш и самите индивидуални организми ќе бидат здрави, паралелно на тоа и органите и клетките во организмот ќе бидат здрави; обратното исто така важи, здравите клетки значат здрави организми, здрави организми (психофизички, нели) значат здрава околина. Од тука, не е луда претпоставката дека од циклусите кои се случуваат на макро ниво, во вселената, можеме да дознаеме и нешто за она што се случува на микро ниво (исто како што можеме да дознаеме повеќе за квалитетот на живот во едно општество базирано на мал и статистички репрезентативен примерок граѓани).

Самото проучување на сите тие шеми и односи може да ни даде подлабоко разбирање за интеракциите во рамки на еден систем. А дури и да донесеме одлука да не тргаме од перспектива дека навистина се поврзани микро и макро системите, дури и да се преправаме дека ништо од ова нема врска со личноста за која ја гледаме наталната карта, астрологијата нуди прекрасна систематизација на архетипови и микс од нивни комбинации што можеме многу да учиме за психологијата на личноста, добивањето различни склопови на карактерни особини итн. Наведени сме да размислиме подлабоко и да ги земеме во предвид сите аспекти пред да донесеме суд за тоа каква е некоја личност.

Еве практично како би изледало тоа, рандом пример: ако имаме конфликт со некоја личност и таа личност е многу избувлива, може да се сетиме дека при некое проучување астрологија сме читале натална карта во која личноста имала некои аспекти на кои Марс (поврзано со агресивност, војна) и Месечината (поврзано со емоции) кои укажувале на можност да постојат некакви трауматични искуства од детство во кои се истакнала агресивноста како одбранбен механизам од чувствата на беспомошност. Ова би не навело да разбереме подобро од каде доаѓа таа личност и да ни даде ефикасна подлога за сочувство наместо осуда. Истото важи и за нас лично. Не значи дека мора да прифатиме натална карта како сосем точна за нас - едноставно, може да ја разгледаме и да се запрашаме разни нешта: како ова би можело да биде вистина за мене? Кој дел од мене се пронаоѓа во оваа шема или поставеност? Доколку не се пронаоѓам ова, како можам да си го надоградам личниот развој со негување на овие карактеристики? Дали ова е карактеристика која (не) ми се допаѓа кај други личности? Ако да, зошто? Да не редам, списокот со прашања е долг.

Она што за мене ја прави навистина посебна е тоа што содржи архетипи - дел од нашиот потсвесен јазик, универзални структури и кореспонденции кои се наоѓаат во психата на секој човек, без разлика на култура, религија, простор и време. Лично ми има послужено како корисна алатка, како уште еден систем преку кој може да се интроспектира.

Мислам доволно напишав :D Секако има многу што да се дискутира на темата и можеби треба практично да искусиме за повеќе insight. Не сум експерт и се надевам дека од она што го знам за астрологијата соодветно ви доловив една перспектива :)
Автоматски споено мислење:

Ама хајпристес, ти се тоа што го наведе во твојот пост како одговор на мојот пост е некоја проекција што ја имаш од други луѓе.
Јас МБТИ тестот како и тест за професионална ориентација правев уште пред 10 години и солидна работа ми завршија и двете. Ама не е коментарот за тоа, коментарот е за ликови што овие 'character traits' поделби ги сфаќаат како нешто што ги дефинира, што ги прави луѓето што се. Јас кринџам секој пат кога ќе видам некој у личен опис да пише дека е Скорпија, или ИНТЈ или Грифиндор. А во моментов МБТИ е сведено на 'lmao im such an ENFJ'. Не е проблемот во системот, туку во интерпретацијата, таа интерпретација се сведува на предрасуди. Ако си ИНТП значи си ваков, не, не значи, не значи ништо, значи дека поседуваш certain карактеристики што те сместиле во одредена група, не те дефинира како човек, не те дефинира како личност, не е алфа и омега на твојот карактер. МБТИ денес професионално се прави и се користи вообичаено за да се увидат потенцијалите и слабостите на одредена личност, не е намената за јас да ти кажам која група сум и ти магично да знаеш се за мене како личност, а за жал како што гледам никој не си работи на потенцијалите и слабостите, сите мафтаат 4 букви во лични описи по социјални мрежи и мислат дека нешто тоа треба некому да му значи.
Да, помислив дека она што го напиша беше во насока на системот сам по себе, бидејќи баш претходно го дискутиравме ова што го пиша, во однос на увидување на потенцијалите наместо одредување на себе само според 4 букви и така натаму, функции, адаптации на личност и слично. Благодарам на елаборацијата, пожелно е да го знаеме контекстот на пишаното.
 
Последно уредено:

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Не велам дека е на одмет :D Само прав психолошки тест не би имал толку варијации, особено не у неколку дена или недели. Самите тестови имаат статистички ниска релијабилност и валидност. Не викам дека немаат никаква врска, далеку од тоа, и кај мене можеби е специфичен случајот, али баш тоа ми беше поентата - дека содржиме разни потенцијали во себе и простор за разни когнитивни функции. Во секој случај и самите тестови се корисни за интроспекција.

Еве други тестови, базирани на когнитивни функции.
1596932761743.png
Го решавав ова твојов тест....што е форава, прв пут го гледам ова, ова се ваљда резултатите?
 
Член од
15 април 2019
Мислења
234
Поени од реакции
810
Прегледај го приврзокот 261845
Го решавав ова твојов тест....што е форава, прв пут го гледам ова, ова се ваљда резултатите?
Да, ти ги покажува функциите, типовите кај што ги дава е колку тестот лоцира сличност со твоите резултати и типовите, отприлика да видиш некои тенденции. Појди на првата страна, првиот пост од ОП, има ставено слика со сумации на когнитивните функции или од други извори на интернет.

Еве плејлиста со функциите, written by Jung himself :D
 
Член од
28 декември 2019
Мислења
214
Поени од реакции
466
Ми замрела темата. Каде се INXX?
Introverted Intuitives, Assemble! (I mean get together here and post quality memes, not to assemble your shattered psyche or assemble machines, although I'm certainly not implying that you shouldn't do that either, also I'm not trying to be offensive, but as Jung has pointed out that it is actually very import... eh u get da point)

pnrgdjixne731.jpg

JWS4mic7ObTqo5y3SGWkC6-aVawfU8LtLO44g-CD7D4.jpg

b30c4f77e5aacb4380c5adf6afe0defc.jpg

А ова е мое свежо сработено дело, специјално за вас драги плуралисти:

PhPdn.png

Со користење на највалидните методи и веродостојни извори:

yea1hgqh7jl41.jpg
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.595
Поени од реакции
38.743
многу се замарате со глупости, инфт ејтп и остали срања, карактерот на човекот е склон кон промени низ годините како тој се развива. Така да овие типови не ми значат ништо.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom