Кари сосови и индиски јадења

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Разноразни кари сосој:

Корма

2 глаучки лук
Црвен ѓумбир, малкуцка
Полојна чајче кајен прашок,
гарам масала лајче (воа има у Рамстор или Керфур, јас си имам од Арабискине држај),
полојна лајче сол,
две лајци масло од сусам,
лајца пире од патлиџан
три лајци сецкан кокос (се експеримантира и со кокос мелен го има у Ќесе)
две лајци мелени бадеми
малкуцка кориандер
ким околу две лајчиња
лајче семки од кориандер
две зелени лути пиперки (од селата се полути)
Тика масала

Исти состојки, плус една лајца везена и сува пиперка од најлутите ако си по лутото, од нелутите ако не си, ама побоље е со лути и место зеленине пиперки, црвени. За боја де JJ:D

Винадлу

Разлиак има во четирите црвени лути пиперчиња, лајца куркума и црн пипер лајче и четири каранфилчиња и едно лајче тилчец.

Сфе исто другото, остале су само нијансе.

Припремление:
Олупи лукот и ѓумбирот, напржи на средно врел зејтин и додај се остало, тргни, олади, префрли во суо тавче. На тивко прај дур не стане како во песнана златно кафјаво (golden brown). Клај во блендер. Најеби му се мајке ако немаш блендер у лучница со то толчникот. Напрај го маскара и еднолична смеша.


Е сеа, се воа, се клава во разноразни јадења.

Виндалу пилешко/телеЌко
Чикен тика
Чикен корма
Зеленчукова корма
Навратан кари бирјани
Итн. А све су то инди(јанцки)ски јадАЊА.


ЌЕ СЛЕДАТ И СООДВЕТСВЕТНИТЕ РЕЦЕПТИ ЗА ЈАДЕЊАТА СО КАРИ СОСОЈНЕ...ПОЛЕКА МАЛКУ, ЕДЕН ЧОЕК, ЕДНА ДУША, АМАН!
--- надополнето: 9 октомври 2012 во 09:36 ---
Ја, ето едно:


Кари пилеќе

Олио за пржање
Кромит, сецкан
Две лајци кари сос
4 патлиџанки
Четири обезкожени пилеЌи бутој
100 грамој млад спанаќ (шпоинат по ‘рвацки)
Малку кориандер
Басмати ориз
Малку јогурт/полојна до една шоља

Загреј малку олио во тава со поклопаЦ
Пржај три минути дур се смекне и наклај карито и пржај околу една до две минути
Додај пилеќето и патлиџанките и малку војца од Рашче покриј и супрај околу двајстина минути да с енапрај комплет.
Наклај спанаќ и клај му јогурто и кориандеро. Мешај.

Сбари го оризо. Се јади со леп од оној тнкио, како за ѓиро :):)

Готово, послужи, јади, уживај.
--- надополнето: 9 октомври 2012 во 09:54 ---
Брз начин за корма од пилеќе


3 лајци олио од маслина
3 лајци путер
2 кромиТа сецкани
6 лајци јогурт
2 лајци манго, блендано
4 лукчиња, лупени, толчени, сотаквени
2 лајчиња тилчец
1 лајче чили
2 лајчиња гарам масала
2 лајци сољ
4 обезкоскени пилеќи гради на полојна насечени
Третина шоља сецкани бадеми

Налин на направление:

Загреј рернана на 175-180 степени по Нивес целзиус

Наклај мрс во тава. Загреј олиото и путерот во вок или длабока тава. Прај кромиТот да омекни. Клај кромитот, јогуртот, мангото, лукот, чилито, гарамот заедно во длсбок сад за блендање. Блендај дур не стане ко крем. Шлакни рашчанка или додај јоРгут акое претврд. Намести пилеќето во тавта наонака, партизански, едно додруго. Намачкај здраво и живо со кремастата направија. Печи во загреаната рерна околу полојна саат или дур е пилеќето испеќено.
Нароси со сецканио бадем.

Послужи. Викни гости (и ја би дошол). Јади, Уживај.


Ето.
Ај сеа некој друК. :)
да видам дал го знаЈам или не рецепот (на охридски се вика рецепТот, тие клаваат Т секаде)
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Се убаво објаснето, ама барем да беше на разбирлив Македонски напишано...
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
единствен зачин кој не го поднесувам е -карито
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Шо е то кориандер бре на пазар кај нас го има?

За гарам масала не прашувам.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Арно и не реков кардамом или кардамон ко шо го веља некои.
Кориандерот (цориандрум сативум) е билка. Лисјата, плодовите и семките од оваа билка се користат во куЊа.
Вкус: Остар, по изгледот многу наликува на магдонос, но со многу посилен


koriander.jpg


Гарам масала не знаеш или знаеш па не прашуеш?

Garam masala = garam ("hot") and masala ("mixture")) is a blend of ground spices common in North Indian and other South Asian cuisines. It is used alone or with other seasonings. The word garam refers to intensity of the spices rather than capsaicin content. Garam masala is pungent but not piquant.

Го има во Керфур, мислам.

Garam_Masala_new_2008-1.jpg
--- надополнето: 9 октомври 2012 во 18:30 ---
Најпобоље готов, оти јајца отпаѓаат да збериш сФе и да смелиш фино.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Неколку мислења избришани и опомена поделена. Е*ете у подфорум наменет за тоа, овде готвиме :pipi:
И молба до Divider - се фино со рецептиве на дијалекти (има бајаги дијалекти во нашава мила ем драга Македонија) ама пишувај рецепти да може да ги разберат сите.
Не за друго, ќе збрка поими некој па нема да му излезе рецептот и ќе те пцуе :icon_lol:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ам ок, де, ам кој не разбира некој збор, нека каже, лесно е тоа.

Оти барем така тврдат сите, дека се начитани.
Нема проблем од моја страна.

@Величествената

Пример толковник:

лајца = супена лажица
лајче = мала лажичка
олио = зејтин/масло
олио од маслина = логично малсиново масло
шоља -100-150 мл
пајнца за готвење = длабок сад
ваган = тањир
соткави = нправи
супраи = приготви/сперми/подготви
клајш = ставиш/туриш
истајш/истаиш = извадеш, тргнеш
дузине = дванаесет
пола дузина = 6
черек - четврт
сољ = сол
бибер = пипер (обично црн)
тестуљао = тесто/брашнеста смеша
црнограф(ски) = црн грав
вилица = вилушка
тро/троа/потро/потроа = малку, по малку
саставление = состојки
суправление/сотаквение = подготовка/припрема

итн.

Не ми текнува сега што уште, ама ако некој има мака, нека пише де.

:):)
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.792
Леб со коријандер

Потребни состојки
- 500 гр. брашно,
- 2 лажици мелени семки од коријандер
- 1 кафена лажица прашак за пециво,
- 350 мл, јогурт,
- 9 лажици путер
- 1 кафена лажица сол

Подготовка

Во брашното се додаваат мелените семки од коријандер, прашокот за пециво, се замесува со јогуртот додека смесата стане хомогена, потоа на набрашнета површина убаво се меси, додека тестото постане еластично, (малкууууу појако од меко тесто). Откако ќе се измеси убаво се остава тестото да се одмори едно 30-тина минутки. Тестото се дели на 8 дела, секој дел се развлекува по должина за да добие овален облик. Во тава на страна се ставаат 9 лажици путер, откако путерот ќе се растопи и убаво загрее, се става тестото да се пече околу 4 минутки (од едната страна) и од другата страна( околу 2 мин). Се пржат додека не почнат да се појавуваат златно кафеави точки по лебчето.
Откако ќе се испечат сите лебчиња, се ставаат во тава, на секое лепче се става по малку путер одозгора, се наросува крупна морска сол и свежо исецкан коријандер, се ставаат во рерна на 150 степени, околу 5 мин.
лебче.jpg
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Абе море, шеф Сале... дај бе нешо полесно, нешо бегинерс а не волку адванс'т.
Нешо егзотично ама не со 33 од 35 состојки кои 96% од лујџево ги немаат дома.

Црвен ѓумбир и масло од сусам от каде купуеш, жут ѓумбир има некогаш во Тинекс може таков или ѓумбир во прав?
Мора манго? Замена на тоа? (...недостаток од 2 лажици пасирано манго не би требало ни да се осетат)
Обезкоскени пилеќи гради = стекови (од аспект на количина)?
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Камо кари у ѓо-наноф?

На крај ќе речиш: и сето тоа се послужуе со на Дивчо кормата или чикен карито.
Па напрај, да пробаме.
--- надополнето: 9 октомври 2012 во 23:49 ---
Абе море, шеф Сале... дај бе нешо полесно, нешо бегинерс а не волку адванс'т.
Нешо егзотично ама не со 33 од 35 состојки кои 96% од лујџево ги немаат дома.

Црвен ѓумбир и масло од сусам от каде купуеш, жут ѓумбир има некогаш во Тинекс може таков или ѓумбир во прав?
Мора манго? Замена на тоа? (...недостаток од 2 лажици пасирано манго не би требало ни да се осетат)
Обезкоскени пилеќи гради = стекови (од аспект на количина)?
Стекојте по ќеиф. Црвен ѓумбир Рамстор Виталиа. манго ако немаш, авокадо, Рамстор.
Масло до сусам Рамстор, Виталиа, Тинекс, Керфур.
А мојт и ѓумбир у прав, али качествено нек е сразмерно малкуцка помалце, со одокативна метода?

Море шеф несале, се има да се најт да се прајт и јајт, ако се сака :)
--- надополнето: 9 октомври 2012 во 23:50 ---
И воа со каријава е за бегинерс баш.
Ај ако не ме мрзи, а ме мрзи сеа, однак утре, сабајле некаде, ќе пишам еден рецепт кој не е за бегинерс, па да вииш мака.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.792
Камо кари у ѓо-наноф?

На крај ќе речиш: и сето тоа се послужуе со на Дивчо кормата или чикен карито.
Па напрај, да пробаме.
Лебчево се послужува со Дивчо кормата или чикен карито (y) и некое црвено вино

(убо е вака)?
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Naan - Индиски леб



Состојки:

  • 1 лажичка шеќер
  • 30 грама сусам
  • 1 лажица сол
  • 4 лажици масло
  • 2 чешниња лук
  • 10 грама квасец
  • 150 милилитри вода
  • 300 грама брашно
Подготовка:


Во млака вода ставете го шеќерот и додадете го квасецот, па добро измешајте, поклопете и оставете да отстои 10-ина минути.

Брашното и солта помешајте ги со маслото.

Добро измешајте, за да нема грутчиња, кои се создаваат кога ќе се помешаат маслото и брашното.

Додадете ја претходната смеса од шеќер, квасец и вода, па замесете тесто, малку премачкајте го со малку масло и оставете го на топло место околу 1 час, прекријте го со памучна крпа и оставете го да нарасне.

Рерната загрејте ја 230 степени.

Малку премесете го нараснатото тесто и поделете го на 7-8 парчиња.

Секое парче кружно расукајте го, по желба посипете го со сусам или ситно сецкан лук, соберете го во топка, па повторно расукајте го.

Тестото наредете го во плех, па печете додека лебот не добие златна нијанса.

Кога лебот ќе биде печен, можете да го премачкате со малку путер.


Јас само по овој рецепт го имам правено и преубав ми е. :)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Нееееееее, јас квасец нејќам, со тие куршумииии неееее.

Шега настрана, може исто и без квасец.
Место квасец, бакин прашак (колку ми е смешно тоа: бакин прашак, кога мислат дека е на спрски прашок на бабата, а доаѓа од baking powder). Водата може да се намали на 100 мл, и 50 мл јоРгут да се клај.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Нееееееее, јас квасец нејќам, со тие куршумииии неееее.

Шега настрана, може исто и без квасец.
Место квасец, бакин прашак (колку ми е смешно тоа: бакин прашак, кога мислат дека е на спрски прашок на бабата, а доаѓа од baking powder). Водата може да се намали на 100 мл, и 50 мл јоРгут да се клај.
Мислиш на прашок за пециво?
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.792
Лебчињата што се пржат се поубави со прашок за пецива,
И да се сложувам со Divider, јогурт задолжително, иако наместо обична вода може да се стави и минерална вода(y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom